Среда, 14 Август 2019   
Имате болест која ви умира во главата...
Goce MarkovПишува: Гоце Марков
Ако во Огнениот појас за шиење рани користат машина, преку Атлантикот ги лепат со лепило, на Северот од Неверланд ги прошируваат како кутија на надеж…како жена на Епиметеј, а дело на Големите Богови.Оние кои даваат подароци во човечки облик, ненаучени да примаат од Данајците.
 
Е, од тие првите да се пазите!
 
Вторите, тие само ја водат Играта!
 
Во историјата за Македонцките работи ќе остане запишано, за паралелниот универзум, за тој атипичен мутиран ген, предавнички, скенирана секвела, втор трет инволв, таргет интересџија патриот,чиниш балистичка ракета а тоа топка под кошула, извини ми на Френч!?
 
Во туѓа уста туѓ збор не ставај, за јазик не ме влечи оти фолуери имам, архива за (не)делата Ваши. Во време на невреме, во време на рекетирани, во време не поразлично од некое многу постаро, имаме паралела од јунаци, прогресивни случувања и тродимензионални пуши..ри.
 
Додека ни се размафтуваат со принципи и галактички сонди разно разни Медиа работници, навремено задоени со кеш а сеа резигнирани чекаме разврска на еден случај кој е контрапункт и негација на една влада која е фејк. На Вујко ти Фармата, ни отиде државата јабана на печалба. Здравје ала Болен Дојчин, кој да сфати, кој да клати!? Шалтерска разводенета на рати смрт и Шефот наместениот конкурс на таленти, небаре 1949-та на врата, а Нова Година?!
 
Така да, реално ние Народов немаме кучешки избор и Орвеловска збирштина, немаме желба за чип, ама не се ни бунтуваме кога ни го местат под кожа(читај;органски е) туку слободно може да си правите Скен!
 
А сите останати можете да ги менувате како се менуваат владите.И ако главата ти е ораница, стави прашалник на чело или показалец на чкрапало.Тоа е таа метафора која го убива генијот во секој млад и го тера на конфузија, пасивност и го брка од родното огниште.
 
Ми здодеа да говорам за Содржина а да не ја доловите.Ми здодеа да ја бркам Формата а таа да ми нуди комфор и стабилна почва.Начинот, мене ми пречи, за вас не знам! Таа, Формата е згодна девојка со облини која шара со очите по машкото либидо и како подарок на полноќ ти доаѓа во куфер со милион долари во кеш!? А ние, обичните смртници каде е Рекетот тука? Нашиот рекет е односот на државата, силувањето на нашите идеали, чудо од дете, млад човек избркан од својата земјата поради генијалност и остарен учен дедо на гости?! Ве нападна вирусот на комфорот, на малите камати и на богатите софри наспроти Фејкот кој ви е основа за Живот! Сиромашна економија?! Болно здравство?! Изорано земјоделие?! Исчурена индустрија?! Скенирана држава и јавен бар код, распуштена жена без фамилија, територија за политичка ејакулација…
 
Имате реално болни, имате лични шофери а колективни лекари(читај: немате), имате пас виза немате желба за континуирана работа…
 
Имате болест која ви умира во главата поради неспособни дијагнози и скржави аптеки…
 
Имате Закони без смисла и сива економија за плати… Имате повисоки пензии од плати а барате трет столб…
 
Имате ,,бесплатно” здравство, а се лекувате без здравствена книшка на рабуш…
 
Имате домаќинки низ куќи и Вегани на работа (читај: негде и полошо)…
 
Имате болест која ви умре во главата…
 
 

На прво место

News image

Зоран Заев наместо на државата своето владеење го посвети на семејството Заев

СДСМ со своето владеење ја загрози европската иднина на државата

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.