Среда, 14 Август 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XXII
Martin Trenevski
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XXII
  
1. Конечно, во еден од снимените разговори што ни се достапни via Italia го чувме она што одамна го претпоставувавме: беше споменато и името на Зоран Заев. Не дека тоа беше некакво изненадување! Напротив! Прашање на денот беше и останува кога местото и улогата на Зоран Заев како врв на пирамидата наречена "мега афера "Рекет'' ќе исплива во јавноста.
 
Но, наместо прво осомничениот, второ осомничениот, Катица Јанева, Рускоска и сл, јас ќе му пријдам на проблемов од еден сосема друг агол кој, според мое длабоко уверување, неминовно наметнува заклучпок дека врв на пирамидата позната како: "Рекет" сепак, може да се претпостави (за да не се влечкам по судови за клевета или навреда на честа и сл)  дека е лицето ЗЗ.
 
Трагот го гледам токму во телевизијата 1ТВ на Боки тредичи. Имено, добро се сеќаваме како пред година и нешто 1ТВ влезе триумфално, на голема врата во македонскиот етер со раскошни и перфектно опремени студија, 100% екипирана со персонал, а прибра околу себе врни новинарски пера што ги плаќаше главно во кеш, најчесто во цврста валута, евра!
 
Телевизијата е многу скапа работа: изискува пред се скапа и софистицирана студиска и друга опрема, систем/мрежа на предаватели ширум Македонија, вработени, дописници и неопходна папирологија како дозвола за работа, концесија, фреквенција и низ други детали кои чинат скапи пари, но и комплицирани процедури. Боки тредичи сето тоа го имаше на тацна што некој неминовно на највисоки позиции во владата му го овозможил.
 
Кога на 1ви април годинава Боки тредичи приреди невиден гламур по повод првата годишнина од 1ТВ поставив прашање во порталот mn.mk: од каде му се парите (станува збор за милиони евра) за да стартува буквално преку ноќ со тв мрежа на национално ниво и тоа од самиот старт со полн капацитет? Дали со 5те милиони долари што јавно ги најави Стејт департментот преку ЈуЕсЕјд пред претседателските избори за "демократизација на медиумите во Македонија", дали од Сорос со кого ЗЗ се гушкаше во Давос во јануари годинава, или пак од некои црни фондови во Владата? Боки тредичи се правдаше дека пари му дале француските масони на кои им пристапил, но тоа се приказни за мали деца.
 
Во неколкуте циклуси избори Боки тредичи ја повика ЛЏБТ заедницата да го подржи Зоран Заев, а дотичниов очигледно му се одолжи, претпоставувам, со телевизија на национално ниво, плус обезбедено финансирање преку рекет на домашни бизнисмени!?
 
Како и да е: останува да ги слушниме и останатите снимени разговори како што најави новинарот Ларис Гајзер за работите да станат уште појасни.
 
 
2.  Аферата "Рекет" зема такви размери што ниту еден Стивен Спилберг не ќе можеше да ја осмисли и режира! Сега сосема оправдано се поставува прашањето што ќе подготват ЦИА и Стејт департментот бидејки работите полека но сигурно водат кон, како што некои медиуми го нарекуваат  "врвот на пирамидата" Зоран Заев!? Впрочем, Зоран Заев е нивен продукт за да го реализира она што и го реализираше, а што е зацртано во "Тиранската платформа" (Читај: Платформата на ЦИА).
 
Дали Стејт Департментот ќе одлучи да го вади од калта ЗЗ во која е заглавен, не до гуша, туку до темето, за да им го комплетира сценариото за разнебитување на Македонија!? Остануваат уште неколку "ситници", како на пример да се наштима пописот на населението што предвидува процентот на албанците во МКД да се набилда по секоја цена на 30%, а не 15% или дури и помалку колку што најверојатно е!?.
 
Би им препорачал на оние типови во ЦИА и Стејт Департментот да престанат да не малтретираат со нивните сценарија за разнебитување на Македонија ако сакаат воопшто да се поврати традиционалното проамериканско расположение кај македонците кои биле и остануваат лојални пријатели и сојузници на САД, а од скоро и како полноправни членови во НАТО. За останатото сами ќе се погрижиме.
 
Во меѓувреме сепак уследи реакција од Американската амбасадорка Н.Е. Кејт Мери Брнс која констатира на фејсбук дека во аферата "Рекет" се работи за сериозни обвиненија за кои е потребен, според неа, "темелен, транспарентен, сериозен и навремен одговор"!
 
Впрочем и на американците не им служи на чест да имаат такви партнери како Заев, Рашковски, Катица Јанева и многу други од актуелната власт длабоко закопани во криминали и корупција!
 
Патем, колку за информирање, Иван Стоилковиќ неодамна соопшти дека во една странска амбасада веќе се правеле планови - доколку загусти и аферата "Рекет" добие неконтролирани димензии, да го дислоцираат Зоран Заев во нивната земја!? Работата испадна: бродот тоне, глувците фаќаат магла!!!
 
3. Албанскиот премиер Еди Рама наместо да си ги среди работите во сопствениот двор, упати сериозна закана преку ЕУРОЊУЗ дека, според него:"Ќе биде штетно за регионот и неправедно доколку пред Албанија (!?) започнат преговори за членство со Македонија  во ЕУ" и додаде дека такво нешто "би можело да го дестабилизира регионот"!?
 
Не видов било каква реакција во домашниве медиуми на оваа изјава на Еди Рама која секако заслужува коментар. Дали изјавата е дадена за домашна или надворешна (у)потреба, или за двете (најверојатно за двете) не знам, но би го запрашал Еди Рама: човече, имаш ли огледало дома па да се погледаш и да се преиспиташ каде живееш? Твои медиуми те оптужуваат дека си на врвот на пирамидата за шверц на марихуана и други дроги, Холандија инсистира да се вратат влезните визи за твоите граѓани заради растот на организиран криминал од албанската дијаспора во таа земја, Интерпол соопштува дека најголем број на меѓународни потерници за тешки престапи се за твоите соплеменици... и да ненабројувам повеќе.
 
Впрочем, не ми е јасно со кој памет воопшто и според кои критериуми Македонија е ставена во ист кош како кандидат за членство во ЕУ со Албанија??? Под притисок на некои од соседите со цел тој процес да се оддолговлекува што е можно повеке, или...?
 
Наместо да се заканува со "дестабилизација" и слични нешта, Еди Рама треба да е среќен доколку и се случи Македонија добие заслужен термин за почеток на преговорите за членство во ЕУ бидејки тие искуства неминовно нашата земја ќе ги споделува и со својот западен сосед.
 
4. За расчистување со криминалите и корупцијата на актуелната власт предлагам прва мерка на следната влада да биде: замрзнување на сиот движен и недвижен имот на сегашниве властодршци стекнат по стапување на власт пред две и пол години и испитување на потеклото на истиот. Доколку не презентираат докази, за потеклото, имотот да се одземе и да се продаде, а средствата да се вратат во буџетот.
 
5. Деновиве поминав со кола по Западната магистрала и доживеав неколку шока. Првиот шок беше поради деловите од новата траса на автопатот од Кичево до Охрид. Не знам кој ја проектирал трасата што на моменти е буквално надвисната и чиниш само што не се струполи врз постоечката траса. Можеме само да гатаме колку ова архитектонско решение е рационално, но уште повеќе ќе гатаме кога ќе ми текне дека за таа траса треба да се платат, но и да се вратат од нашите џебови како даночни обврзници 600 (и со зборови:шест стотини) милиони евра!!!
 
Вториот шок го доживеав на преминот "Стража"! Живописно планинско место каде многумина патници застануваат да одморат, да се освежат и да се се надишат свеж воздух. Убавиот впечаток во моментот исчезнува кога ќе ги видите големите купишта ѓубре на сите страни. Се прашувам, зошто ја плаќаме таа фамозна "Македонија пат" што не си ја врши работата, но и зошто сопствениците на угостителски објекти на преминот не водат сметка за хигиената. Ах Европо, Европо, колку си далеку од нас! Скоро недостижна си!
 
6. Стево Пендаровски одржа конференција за новинарите на која искажа дека бил "разочаран" од Катица Јанева, но исто така, демек тој "искрено" се изјасни дека е против предвремени избори за да не се загрозеле евроатланските интеграции, а и пописот на населението.
 
Не знам дали овие заложби на Стево се сугестија од Калето чиј избраник е тој, за да се покрие другиот нивни избраник (ЗЗ), чие име почна да се врти во аферата "Рекет", но јасна е неговата прикриена порака која е дијаметрално спротивна на заложбите на опозицијата: да нема предвремени избори и власта да ја заокружи Тиранската, односно платформата на ЦИА.
 
7.Слушам дека по повод 8ми септември, Денот на независноста, македонската дијаспора планира масовни протести пред македонскире дипломатски претставништва ширум светот!
 
За протестите во Вашингтон на нашинците им сугерирам да излезат пред седиштето на ЦИА или Стејт Департментот. Токму тие ни го скроија и остварија ова што не снајде со помош на булумента домашни колаборационисти, не обесчестија и ни ја доведоа замјата во невиден хаос.
 
Драги сонародници, не демонстрирајте пред Белата Куќа, нејзиниот сегашен станар, Претседателот Трамп е О.К.
 
8. Во последно време од јавноста буквално исчезна потписникот на капитулацијата во Нивице Никола Димитров. Едноставно го нема.
 
Нешто јанѕа ме зајаде да не ќе да го спрема Калето токму него за алтернативен премиер, како замена за Зоран Заев кој најверојатно ќе оди курбан заради аферата "Рекет"
 
 

На прво место

News image

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен.

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.