Среда, 11 Септември 2019   
Потребна е промена на власта час поскоро!

mane 1Манојил – Мане Јаковлески

Потребна е промена на власта час поскоро!

На 8-ми септември се славеше денот на независноста на државата. Но по 28 години од прогласување на независноста, таа не истата држава, ниту е независна ниту суверена. Без разлика на резултатот на референдумот од 8. 09.1991 година кога е прогласена независноста и одредено името на државата со огромно мнозинство, како и референдумот за името од 30.09.2018 година кога народот со бојкот се спротивстави на промена на името, марионетската влада поставена со огромна помош на меѓународната заедница го смени името. Сега некој друг ни диктира за државните симболи и ни ја пишува историјата.

Во изминатите неполни три децении Македонија мина низ низа искушенија. Покрај неправеднта транзиција на општествениот во приватен капитал на почетокот на 90-тите години, кога многумина останаа без работа, Косовската и бегалската криза во 1999 година, потоа вооружениот конфликт во 2001 година, Законот за територијална поделба од 2004 година, како и други штетни договори на последната власт оставија трајни  последици со кои Македонија не е истата држава. не е земја за која се бореа нашите прадедовци, дедовци, нашите татковци.

Нашата генерација е најголем виновник што не само што не го исполнивме аманетот на Илинденци и Асномци, туку дозволивме да се уништат и нивните достигнувања. По Преспанскиот договор со кој се смени името на државата, се избришаа одлуките на АСНОМ од Уставот, а како што тргнало утре и од химната ќе бидат исбришани работи кои им сметаат на нашите соседи или заедницата која вештачки е зголемена. Исто така по Договорот со Бугарија и Грција за ревизија на историјата нашите претци денес се првртуваат во своите гробови. Се прашуваат со што заслужиле да се распродаваат нивните достигнувања.

Очигледно е дека корупцијата, инфилтрирање на мафијата и блокадата на институциите, како и мешање на странците довеле до една ваква состојба во земјата. Замислете каква е таа држава во која висок функционер од власта однапред вели дека не е крив некој кој е во истражен затвор за сличајот „Рекет“ и истиот  му дава наредби на СЈО да ги префрли предметите во ЈО.

Во 1991 година кога се гласаше за независност на земјата никој не очекуваше во „оазата на мирот“ да дојде до малигнен пораст на тешкиот криминал и корупцијата и тоа во граници кој ги опфати сите дури и највисоките пори на општеството.

Порано би се шокирале ако би прочитале информација дека некој од власта е корумпиран. Но со тек на времето се навикнавме на такви вести па последниот случај „Рекат“ ама како никој да не го загрижува. Наместо власта веднаш да си даде оставка, таа си продолжува со своите активности.

Се поставува само прашањето дали ова е Пржинско сценарио, во кое инволвираните политичари ќе ги задржат своите привилегии, ќе бидат заштитени од прогон или можеби со блага казна и плус за тоа ќе добиат бонус, а само Македонија ќе остане обезличена, банана држава, со која управуваат одредени центри на моќ.

Едноставно Македонија станува африканска држава во која патриотите лежат по затвори, заедно со ситните и болни  криминалци кои крадат за да можат да преживеат, додека судството им простува на вистинските криминалци.

Тажно е кога гледаш како убијци се ослободуваат од затвор, а некои кои се изживувале врз луѓето за време на конфликтот во 2001 година се поставуваат на високи позиции во власта! Тажно е за оние кои немаат пари, нема правда нема мир.

Додека тие скапуваат по затворите, оние кои украдоа тешки пари или ги изнудија се возат со скапи коли, јахти и лумпуваат по моденските летовалишта.

Тоа е лицето и опачината на нашата земја за овие 28 години. Мајка за привилегирани политичари и малкуте транзициони богаташи и маќеа за мноштвото сиромашни испокрадени во транзицијата. Раслојувањето и раздорот се зголемува, а паметните млади луѓе си заминуваат од земјата.

Во земјата навистина има многу несреќни луѓе и лица кои го немаат решено егзистенцијалното прашање. Меѓу нив нема задоволство и смеа, па се обидуваат среќата да ја најдат на друго место. Меѓутоа постојат и лица кои без разлика на средствата кои ги заработувале цело време се бореле Македонија да опстане како држава и сега кога гледаат како Социјалдемократите му ја распродаваат државата, како што во минатото им ги распродаваа фабриките, осиромашени без пари, без земја и без саканата држава Македонија ја напуштаат земјата.

Незадоволството од состојбата во судството, образованието, здраството, пензиските примања и др. е огромно. После 28 години упропастување на сите сфери на општеството многу тешко е да се најде лек. Мора да се вратиме на почетокот, пред 28 години и од тогаш па се до денес да се острануваат причините кои довеле до оваа состојба во земјата.

За да се опорави државата е потребно исто толку време, можеби и повеќе. Сегашната власт не способна да се справи со проблемите, туку таа ги создава нив. И затоа треба да се почне со промена на власта час поскоро.

ВМРО ДПМНЕ која во изминатиот период се покажа како единствена државотворна партија, како Организација која со своето членство може да се справи со проблемите, треба да бара веднаш предвремени парламентарни избори.

Народот е со неа и нема чекање.

Македонија мора да го врати своето име, својата сувереност и своето достоинство.

Никогаш северна, само Македонија!

Вечна Македонија!

 

Историја

News image

Само седум борци ја преживеале битката на Мечкин камен

СВЕДОШТВО ОД 1918-ТА ЗА КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА: Само седум борци ја преживеале битката на Мечкин каме...

Иселеници

News image

КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (11)

МАНАСТИРОТ „СВЕТИ ХРИСТОФОР“ И ДУХОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ ВО КРСТ...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (7)

ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА ИЗРАЕЛ  ДЕНЕС

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (26)

ИЛИРИТЕ НА БАЛКАНОТ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.