Среда, 02 Октомври 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XXIX

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XXIX

1. Државниот врв на Бугарија (буквално сите што претставуваат нешто релевантно во актуелната бугарска политика) не "почести" на 30-ти септември со дебата со единствена точка: бугарскиот став за почетокот на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ.

Генералниот заклучок од таа средба - бомбастично најавуванa, а исполнетa со јасна доза на гнев, нервоза и страст за уцена, е: дека нема безусловна подршка од бугарска страна за почетокот на преговорите со ЕУ! Со други зборови: Или ќе ги прифатите нашите (бугарските) услови, или нема бугарски благослов за почеток на преговорите! Најупорни заговарачи на таквиот став и понатаму остануваат генералот на авијација и Претседател на Бугарија Румен Радев и оној докажан и  непоправлив шовинист и мизантроп (експонент на поранешните бугарски подземни служби) Красимир Каракачанов. За разлика од нив, глас на разумот сепак делумно пројави Премиерот Бојко Борисов кој  практично и самиот е на линија на Радев и Каракачанов, но сепак е свесен за непријатната ситуација дека Бугарија може да испадне единствен кочничар на европерспективите на Македонија во ситуација кога 27 членки на ЕУ ќе дадат подршка за почеток на преговорите за членство во ЕУ за нашата земја!

Но збор-два за темите за кои Бугарија се занесува дека не примора (!) и упорно не уценува да ги прифатиме за да се задоволат нивните апетити. Од последната, седма сесија на мешовитата меѓувладина Комисија за историјата чувме дека тие не ни помислуваат да избришат од нивните учебници дека во средниот век под графата "бугарски земји" ја сместуваат и Македонија. Го побугарчуваат и нашиот Гоце Делчев, иако бугарските врховисти се најодговорни за неговата смрт!!! Имено, според тврдењето на нашите историчари, базирано на историски документи и сознанија, во селото Баница дента кога е убиен Гоце на 4ти мај 1903 година  н е м а л о  турски аскер. Следствено, Гоце не загинал од отомански куршум, туку убиен е од некој друг - бугарски, по налог на врховистите. Од каде тоа денес после еден век, толку посесивност од бугарска страна кон Гоце Делчев, ако не се во прашање некои други цели и намери???

2.Оваа недела ќе бидеме почестени со посета на многу висок претставник од САД, Државниот секретар Мајк Помпео кој ќе има средба со Стево Пендаровски, Зоран Заев, (засега не е најавена средба со лидерот на опозицијата), а според скромната најава ќе го посети и Охрид.

Посетата на Помпео е многу несекојдневна бидејки на ова ниво последна посета беше од државниот секретар Колин Пауел пред речиси дваесетина години во текот на косовскиот конфликт. А и самиот податок дека државен секретар на САД ќе го посети и Охрид (се работи за туризам или...?) при толку набиена регионална програма (посета на Ватикан и Црна Гора) е куриозитет сам по себе.

Неспорно е значењето на посетата на г. Помпео на нашата земја, но што се однесува за поводот и целта на посетата лично сметам дека сепак станува збор за отворена американска подршка на Зоран Заев кој се соочува со невиден криминал и корупциски афери! Токму затоа македонската јавност треба да се дефокусира од криминалните и корупциски афери на Заев бидејки тој треба допрва  д о п о л н и т е л н о  да им испорача на тие што го донесоа на власт (американците), наштиман и однапред проектиран попис на населението со кој треба да се запечати нереалниот податок дека одредено малцинство во земјата македонска изнесува 30 % од вкупното население, а не едвај 13% до  15% колку што навистина е!?

3.Претседателот на САД (кому од срце му посакувам втор мандат) во својот настап на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк упати многу важна порака дека иднината на народите (!!!) припаѓа на национални држави, а не на глобалистите!

Нациите се темел на слободата, земете си ги вашите држави од рацете на глобалистите, одекнаа зборовите на Трамп на Генералната асамблеја во на ООН во Њујорк. Бидете горди на вашата земја. Ако сакате демократија, вратете си го и задржете си го вашиот суверенитет, им порача Трамп на присутните во пленарната сала на ООН и ги повика да ја негуваат својата култура, да си ја почитуваат својата историја и да ја направат својата земја силна, просперитетна и праведна. Трамп апелираше до присутните и да го почитувааат достоинството на својот народ.

Силно одекна и пораката на Трамп дека, според него иднината не припаѓа на глобалистите туку на патриотите!

Претседателот Доналд Трамп претставувајки ја централната политичка филозофија на неговата администрација поентираше и со мислата што ја искажа во своето годишно обраќање пред ООН дека: националниот суверенитет е темел на слободата!!!

За Трамп слободниот свет мора да ги прифати своите национални темели кои не смее да   ги избрише или да ги замени. Гледајќи наоколу и низ целата оваа голема, прекрасна планета, вистината е јасна за да ја видите: Ако сакате слобода, гордејтесе на вашата земја. Ако сакате демократија, задржете го и вратете си го вашиот суверенитет. И ако сакате мир, сакајте ја својата нација. Би сакал  овие пораки на Трамп да дојдат до ушите на Заев и Стево. Белким ке извлечат некои поуки од истите.

Претседателот Трамп посвети дел од своето обраќање на прашањето за масовна илегална имиграција. Признавајќи дека ова не беше само американски проблем, туку и глобален, Трамп на собирот изјави дека секоја земја има право да си ги обезбеди своите граници. Тој, сепак, имаше директна порака за подржувачите за отворени граници, кои ги обвини дека се клеветници „во својата реторика на социјална правда“:

„Вашите политики не се само сурови и зли. Вие сте криминални организации кои пленуваат невини мажи, жени и деца. Вие го ставате своето лажно чувство за доблест пред животот, добросостојба во безбројните невини луѓе“, рече Трамп.

„Народите не можат да го достигнат својот потенцијал ако една генерација млади ги напуштат своите домови во потрага по живот на друго место“.

На крајот од своето обраќање, Претседателот Трамп им достави на собраните светски лидери и амбасадори порака за единство, мир и признание дека, како и САД, секоја земја во светот треба да дејствува во интерес на сопствениот народ. „Подигнете ги вашите нации“, им рече тој, „Негувајте ја својата култура, почитувајте ги вашите истории, богатство на вашите граѓани, направете ја вашата земја силна и просперитетна и праведна. Почитувајте го достоинството на вашиот народ и ништо нема да биде надвор од дофатот “.

Оваа визија на Претседателот Трамп иднината на народите да не ја гледа во глобалиузмот, туку во националните држави е директно спротивна на политиката што "длабоката држава" во неговата сопствена земја ја градеше и форсираше повеќе години (жртва на таа политика е и нашата земја Република Македонија), но неизвесно е дали Трамп ќе успее сосема да ја искорени таа политика од институциите во Вашингтон бидејки истата е градена и форсирана во текот на повеке претседателски мандати!?

Во секој случај му посакуваме успех на Доналд Трамп со желба да истрае во својата намера и определба!

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада

Муцунски после завршената посета на Брисел: ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада која ќе го за...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.