Среда, 02 Октомври 2019   
Сотир Гроздановски-Македонски: ОБРАЗОВАНИЕТО - ТЕМЕЛ НА ПОСТОЕЊЕТО!

sotirСотир Гроздановски-Македонски

ОБРАЗОВАНИЕТО - ТЕМЕЛ НА ПОСТОЕЊЕТО!

Умирањето на Р. Македонија беше планирано заедно со растурањето на заедничката држава СФРЈ. Зошто? Затоа што нејзиното безбедно постоење беше гарантирано со моќта на заедницата во која доброволно пристанавме да бидеме нејзина членка, рамноправна со сите, во правата и обврските. 

Затоа и се тргна, прво, во разнебитување на државата со 23 милиони, за да се добијат  повеќе мали и немоќни "независни" и "суверени" творби, наречени национални држави. Да се раздроби на парчиња, со кои ќе може полесно да се манипулира. 

Република Македонија беше една од шесте сојузни делови на СФРЈ, која за време на Втората светска војна им ги измеша лончињата на касапите кои со Букурешкиот договор од 1913 години ја распарчаа македоснката територија на четири дела: на Грција, Бугарија, Србија и помал дел на Албанија.

Верувајќи во генијалниот сон  на Гоце Делчев за  патот  кон светот како поле за културен и економски натпревар меѓу народите, тргнавме со ентузијазам во нови авантури, кои уште повеќе ја ослабија нејзината економска и политичка  моќ. Денешните властодршци и некои кои ги зел ѓаволот во неговиот "рај" од порано, ја опљачкаа својата сопствена земја, ги истераа  сограѓаните на улица,  немоќни да си ги хранат семејствата, и потоа "законски" ја подготвија  Македонија за продажба. Тоа беше увертирата во нејзиното распаѓање, и задоволување на странските зли намери за конечното решавање на таканареченото "македонско прашање" на Балканот.

Па така, пак се најдовме на брисан простор не заштитени и ранливи од сите страни и од надвор и од внатре. Опасноста од паѓање во ново ропство, со непредвидливо времетраење, одново не турна во минатото, а помош од никаде. 

Десетвековното  ропство под Римјаните и Турците, последица од неслогата и алчноста за власт на македонските генерали и владари, после смртта на  Филип Втори и неговиот син Александар Трети Македонски, како да не ни беше доста.

Официјалното разнебитување на македонската држава започна  на 17 јуни 2018 година во Нивици, Преспа, во егејскиот дел на Македонија, окупиран од Грција.  Изроди и велепредавници, колку да сакаш. Сите засилени и без страв од било кои со намера  да им се спротивстави. Со договори на зелена маса, неколку аматери и   нелегални "државници"  во отсуство на Претседателот на државата ја запечатија (за некое време) судбината на Република Македонија и на Македонците. Се погреба Република Македонија, се роди Република Северна Македонија, изигрувајќи ја, притоа, волјата и желбите на македонскиот  мнозински народ. Министрите за надворешни работи на Грција Никос Коцијас и на Република Македонија Никола Димитров,  потпишаа криминално-предавнички договор без присуство на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ама затоа со дел од најзагрижените странци за распадот на Република Македонија и нејзиниот народ: НАТО, ЕУ, Алексис Ципрас, Зоран Заев и уште некои среќници што конечно дојде времето да си ја исправат грешката од минатото и Македонците да се самоубијат. 

На зелена маса, како јадници во некоја изгубена војна и капитулација на македонската војска. И тоа со кои? Па со Грците, кои во провоцираната и изгубена  битка кај Херонеја на 02 август 338 година пред Христа, молеа на колена, да не бидат тотално ликвидирани. И не беа! Филип и Александар им дозволија да си ги соберат мртвите и ранетите со предупотребување никогаш повеќе да не се обидуваат  со своето оружје да и' се спротивстават на македонската фаланга и коњицата на Александар Трети Македонски. И како доказ на македонската великодушност и цивилизираност, ги обединија  закараните грчки полиси (градови држави)  и подоцна, после убиството на Филип Македонски,  под  команда  на Александар Трети Македонски, тргнаа против Персиската империја и тиранијата на Дарије Трети. 

Нашите вистински великани и творци на силното македонско кралство Филип Втори и Александар Трети Македонски ги споменувам затоа, зошто многу не ги познаваат како македонски великани, државници и војсководци без преседан за тогашните времиња, туку како личности од старогрчкото античко општество. Особено кадровите и нивните наследници од заедничката држава СФРЈ, во која важеше унифициран југословенски образовен систем за  хомогонизирање на здружените балкански народи во една, југословенска нација, при тоа без прчкање  во минатото. Особено, во македонското минато оспорувано од Грција. И се' само затоа, да не им се замериме на соседите.

Второ, да им служат за пример на денешните и утрешните македонски генерации како треба да се љуби татковината и дека без татковина, нема ниту народ. И трето, познавањето на сопствената историја како најефикасно  оружје во борбата со негаторите и нивното присвојување на македонското наследство. Историското и културното наследство  оставено  од нашите предци како аманет  да го надградуваме и преносуваме на генерациите кои доаѓаат.

Денес, предавството доаѓа од водачите на македонската војска, неспособни да ги поведат Македонците во битка против надворешните и внатрешни непријатели, како што пишува во Уставот на Република Македонија и за не виден и не чуен срам, од Владата на Македонија, предводена од докажан криминалец и самопрокламиран "човекојадец", Зоран Заев со неговата тајфа. 

Се прашуваме: која е улогата на денешната македонска војска? Пред нивните очи Зоран Заев и неговите следбеници ја продадоа државата и идентитетот на Македонците, спротивно на Уставот на Република македонија, тие мртви ладни. Ако соработуваат со изродите и предавниците на македонските национали интереси, во тој случај се соучесници во разнебитувањето и предавањето на македонската држава на странски сили и интереси. Во тој случај  чии интереси македонската армија ги брани: на македонскиот народ  или некои туѓи кои немаат врска со безбедноста на македонскта држава и националните интереси на мнозинскиот народ во земјата.

Кршењето на Уставот и газењето на свечената заклетва дека ќе ја бранат македонската држава од надворешни и внатрешни непријатели е   велепредавство.

А тоа е тешко кривично дело казниво не само спрема  македонското, туку спрема сите законодавства во светот. Со смрт или доживотен затвор без помилување!

Тие, генералите и највисоките таканаречени војсководци  и властодршци, први ја дезертираа својата Армија  и без испукан куршум, им се предадоа на вековните непријатели: Грците, Бугарите и Албанците. Но и на оние кои за време на Граѓанската војна во Грција на најбрутален начин, заедно со грчкиот монархофашистички режим извршија етничко чистење на окупираниот дел од Македонија. Ги истераа Македонците од нивните вековни огништа за никогаш повеќе да немаат право да се вратат назад во своите домови, а земјата им ја населија  со  православни странци од Мала Азија. 

Честото споменување на Филип и Александар Македонски, драги мои во моите текстови  е  намерно. Тоа го правам со цел, патриотизмот на нашите великани од македонското минато да им служи за пример на македонските сегашни и утрешни генерации. Пример, како се љуби, негува и чува татковината. Дека животот е еден, ама без татковина, безвреден.

Зошто нашите славни и храбри предци ги победуваа своите непријатели? - затоа што веруваа во себе и својата моќ, си ја познаваа   својата историја, но и слабостите на своите предци. Тие својата моќ и љубов кон татковината  ја црпеа од македонското минато и грешките на владарите,  пред нив. 

Меѓутоа, со остварувањето на македонскиот сон, многу вековното мечтаење и подготвување за новото раѓање на македонската држава, заборавивме дека нашите вековни непријатели не исчезнаа заедно со нашето ропство.  Се подготвуваа да ја вратат историјата на Балканот назад, за  да си ги остварат своите соништа со македонското конечно погребување. Извлекоа поуки од своето минато, за разлика од нас, кои занесени од успехот во Втората светска војна, ги фрливме пушките и се фативме само за мотиките, уверени, дека со таканаречената западна демократија сите проблеми се веќе решени и можеме слободно да спиеме и да сонуваме рајски градини.

Но, вистината испадна поинаква! Дури ние спиевме и уживавме во нашите постигнати успеси, другата страна го коваше својот пеколен план. План, кој се реализира со доаѓањето на новиот македонски "владар", Зоран Заев, од Муртино. Место, за кое  многу од нас никогаш не слушнале дека во Македонија постои. Место, во кое се раѓаат монструми, жедни по крвта од сопствениот народ.

Како што се' уште се сеќаваме на добрите искуства и спомени од животот во големата заедничка држава СФРЈ, така ќе мораме да ги споменеме и другите, не така угодни, поврзани со образованието, насочено кон произведување на кадрови, како никулци за Соросовото отворено општество, "еднакво" за сите. Општество опасно по интересите на човештвото и светската мултиетничка и мултикултурна цивилизација. 

Таквата сулуда идеја за насилно и  брзо уништување на традициите, културите и политичките системи во светот ги почувствувавме и ние во Република Македонија, но и на секаде во светот каде што живеат Македонци,  се' уште цврсто врзани со "стариот крај". 

Со шарените деструктивни револуции Сорос си ја покажа сета своја изопаченост и алчност за повеќе богатство од она што го има. Успеа да ни ја испогани земјата и со своите крвави пари да ни купи голем дел од македонскиот народ и од нив да создаде монструми кои си ја мразат својата татковина и бесрамно ја разнебитуваат. Од неа прават "ЌЕНЕФ" во кој се чувствуваат задоволни и среќни. Но, што е најбитно, не знаат колку е важно да се има свое огниште, да се биде безбеден и почитуван од светот.  Да се биде свој на своето парче земја.

Но како дојдовме до тоа, драги мои, баш образованието да постане алатка, која не доведе до ова тереџе. Како дојдовме во ќор сокак, кој ни се заканува со национален физички и ментален геноцид. Денешните одгоители на нашите нови и потребни кадрови од сите профили, кои би требало да бидат стожер  на нашата држава,  да се свртат против самите себеси? Едноставно: гнило дрво не пушта здрави гранки и вкусни плодови. А тој првобитно здрав  корен почна да гние уште од многу порано, во заедничката држава, во која, покрај добрите работи, се создаваа кадрови без национална свест и без изучување на своето вистинско минато, што денес ни се врати како бумеранг по нашите глави. Нашето славно и богато минато беше заменето со некоја посветла иднина, која набрзо се претвори во  мрак, со неизвесен излез на бел ден.

За жал, повеќето од луѓето во образованието се деца на оние кадрови кои размислуваа еднонасочно: создавање на една заедничка нација, југословенска, негирајќи го притоа својот национален идентитет. Таквото вештачко хомогенизирање на државата доведе и до внатрешни потреси и отпори, кои беа искористени од надворешни фактори, со претензии на националните богатства на балканските народи. За реализација на таквите накани, тие надворешни мрачни сили се служеа со разни примамливи понуди: ЕУ и НАТО како магични организации каде тече само мед и млеко. Негде, пак, со монтирање свои, платени, луѓе во органите на власта, негде пак со организирани вооружени побуни во кои на стотини илјади луѓе ја најдоја својата смрт, војувајќи  брат со брат, за туѓи интереси.

За среќа, Македонија остана надвор од тој хаос, мислејќи дека го избегна и геноцидниот ужас, организиран однадвор, а извршен одвнатре со изроди и предавници. Предавници и кодоши кои им се претставуваа на своите народи како ослободители од "теророт" во заедничката држава СФРЈ.

Но, луѓето набргу се освестија, ама откако постанаа плен на "демократијата" и  "супериорноста" на западната цивилизација, во однос на националните вредности на Балканските народи. А за нивните правди и владеењето на правото, да не зборуваме. Веќе го почуствувавме на својата кожа!

Македонскиот пат кон "демократијата" беше нешто подруг и перфиден. Надворешните волци облечени во јагнешка кожа ја злоупотребија внатрешната мултинационална и мултикултурна состојба за разбивање на народната хомогеност: инсталирајќи, за почеток, повеќепартиски политички систем! Но и тоа не им беше доволно брзо: се сетија на албанската фикс идеја за национално обединување во една држава, Голема Албанија. Им ги поттикнаа нивните агресивни  чувства, страсти и амбиции за туѓи територии, за потоа да започне тркалото на настаните да се врти само по инерција. И така од добри соседи, Албанците во Македонија постанаа омразена категорија на македонското општество,  некадри за заеднички соживот со мнозинскиот народ во државата,  но, и со другите национални малцинства!

Поларизирањето на македонското општество во три политички табори, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и албанскиот политички блок, во кои се собраа сите терористи и отворени непријатели на земјата во која се родени и одгојуваат семејства, доведе до повеќе политички кризи и хаос во Република Македонија, па дури и до отворена војна.  Таа се случи во 2001 година, со учество на организирани банди од Косово и  исто такви од внатрешноста на земјата. 

Кумовите на хаосот го испланираа странските дипломати, секој во полза на своите национални интереси, а пак распаѓањето на македонската држава и раслојувањето на Македонците, како заедничка империјалистичка цел. 

Сите настани, ред по ред, беа насочени кон заземањето на власта во државата Македонија, а потоа започнување со нејзина федерализација, двојазичност и заострување на односите до граница на граѓански судир, крвопролевање и распад на државата по урнекот на Средниот Исток и  Азија. Но и како  предуслов   кон она што следеше деценија подоцна: разнебитување на државата како национален македонски политички субјект и сотирање на македонскиот идентитет на Република Македонија и на Македонците. 

Барањата на Грците, Бугарите и Албанците беа ставени на хартија и потписани во вид на договор со кои Република Македонија постана Република Северна Македонија без македонски идентитет, без македонска историја, без македонска нација и народ, без македонски јазик, без македонски историски личности, сите нивни споменици обележани со понижувачки посебни плочки на кои пишува дека им припаѓаат на грчкото, односно бугарското историско и културно минато. На тој начин, Македонците останаа голи, безимени во својата сопствена држава и меѓународно обезправен народ. И сето тоа, со активно учество на домашните квислинзи, изроди и велепредавници од СДСМ, албанскиот политички блок и соработката на највисоките водачи на ВМРО-ДПМНЕ. 

Цела таа трансакција е извршена како услов за влез во ЕУ и НАТО, но најважно од се', за бришење на сите злосторства направени врз Македонците од страна на Грците и големите европски сили за време на Граѓанската војна во Грција од 1946-1949 година и од страната на  Бугарите и Албанците  за време на Втората светска војна и пред неа.

 И замислете си, драги мои, колкава улога во сета оваа гнасна работа изигра македонскиот погрешен образовен систем. Колкава негативна и злосторничка улога  изиграа повеќето од кадровите произведени за време на анти македонскиот образовен систем во заедничката држава. Замислете си колкава негативна и злосторничка улога изиграа за време на шарената и извонредно деструктивна "револуција", кога на чело на студентската младина и излаганите и неинформирани граѓани застанаа нивните професори и идни високи раководители на државата: како на пример Гордан Калајџиев, Мирјана Најчевска, Љубомир Фрчковски, Зоран Заев како претседател на СДСМ и подоцнежен Претседател на македонската Влада, па  Радмила Шеќеринска, актуелна министерка за народна одбрана (народ!?) и редица други уметници, доктори, правници...?

Но сепак, здравите  македонски семејства беа и денес се' коренот кои одново пушта здрави гранки со здрави плодови. Луѓе, жени и мажи, кои ни ја враќаат надежта дека се' се можи, ако народот се сложи.

За секогаш Ваш, Сотир!

http://www.bukovo36.com/

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада

Муцунски после завршената посета на Брисел: ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада која ќе го за...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.