Среда, 09 Октомври 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - ХХХ

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - ХХХ

1. Бугарската налудничавост по "македонското прашање" не стивнува! Бугарските политички елити, особено тројката Каракачанов-Радев-Захариева, како што наближува 15ти октомври кога Европскиот совет треба да се изјасни дали ќе даде или повторно ќе одложи да даде датум за почеток на преговори за членство на РМ, се погласно лансира вистински плотуни на гнев, па дури и бес со отворени уцени за прифаќање на некаква си заедничка историја (!?), постојано заканувајки се предупредувањето дека: "бугарската подршка на Република Македонија за почеток на преговори за членство во ЕУ не е безусловна".

Потпретседателот на бугарскиот дел од заедничката Комисија за историја Наум Кајчев порача дека Бугарија ќе не "европеизирала" доколку македонскиот дел од мешовитата Комисија за историски прашања ги прифатила бугарските гледишта и ставови од "заедничкото минато"!? Бог да чува и да брани! Што да рече човек на ова: Доживеавме да сме во ситуација една Бугарија да не европеизира!?

А да ги потсети човек каде беа Бугарите до пред деценија-две, кога доаѓаа кај нас на печалба за неколку "червени"... Неспорно е дека  Европската Унија во голема мерка економски и не само економски ги преобрати Бугарите, но ментално (барем по таканареченото македонско прашање) според нивното однесување, сеуште се на ниво од периодот на Тодор Живков, па дури и полоши!

Ороводец на антимакедонизмот во Бугарија без сомнение е оној мрачен тип Красимир Каракачанов, непоправлив шовинист и иредентист, кој во континуитет не бомбардира со негови бесмислени пораки, како на пример:"Зошто се срамите да бидете Бугари?" (забелешка: Именката "Бугарин" доаѓа од грчкиот збор"вулгарос" што значи прост/ак, примитивен, раја на турски, или плебс на латински). Па Красимире, ако те прави среќен да се чуствуваш прост, раја или плебс, нека ти е со среќа, но немој нас - Македонците да не трпаш во ист кош!

Каракачанов смета дека Бугарите во мешовитата Комисија за историја "преговарале со земја во која живееле нивни (демек бугарски!?) сонародници, иако политичките елити (во Мк.) не сакале да ја признаат вистината". Која вистина бе Красимире? Зарем дојде ти да ни пласираш вистини и да не побугарчуваш? Ако дојдовме на тоа дереџе што да речам, освен: Зини земјо проголтај не!  Завалијата Каракачанов дури предупреди: "Моето трпение одамна заврши! Скопје не може да измислува нова историја!"? Како треба Скопје да постапи според тебе Красимире Каракачанов? Да ви аминува на се што испокрадовте, особено во 19от век, па наваму? Во право беше историчарот пок. Драган Ташковски кој вашето однесување  го нарече: "културен паразитизам", бидејки присвоивте се што можеше да се присвои и сега уценувате да ви ја официјализираме кражбата!? Тоа нема да помине Красимире, без разлика кога ќе почнат и колку ќе траат преговорите за членство во ЕУ!

Во дебатите на историските теми и дилеми Македонија - Бугарија се вклучи и поранешниот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев кој го предупреди својот колега претседателот Радев да "не покажува мускули кон Македонија!" За разлика од него, министерката за надворешни Захариева повторно се огласи по којзнае кој пат со отворена најава дека ќе на уценува во преговорите за членство во ЕУ, а таа изјава ја гарнираше со констацијата дека:"Makeдонија била национална кауза за Бугаријаа, а историските теми (за коишто преговараат комисиите од двете земји) биле најблиску до нивните (бугарските) срца!?

Едно е сосема јасно: во текот преговорите за членство во ЕУ најмногу проблеми без сомнеж, ќе создава Бугарија, дури повеќе и од самата Грција.

Некој спомна договор за пријателство со Бугарија!?

Патем, кога говориме за спорот со Бугарија, една од централните теми секако е ликот и делото на нашиот најголем јунак Гоце Делчев. Еве што за него неодамна напиша почесниот конзул на Македонија во Хрватска и еден од основачите на катедрата за македонски јазик на универзитетот во Риека, Горан Калоѓера: "Гоце (Делчев) со целото свое битие бил и сеуште е вткаен во македонската историја"!

2. Единствениот Македонец, член во албанскиот парламент Васил Стерјовски покрена неодамна иницијатива за враќање на правата на Македонците муслимани во областа Гора што им биле укинати во 1949та година.
 
И додека Стерјовски се бори за правата на своите сограѓани, Бугарија агресивно настојува да ги побугарчи давајки им бугарски пасоши само да се изјаснат како Бугари, им нуди стипендии и други активности!
 
Неодамна во областа Шиштовец, општина Кукс, е одржана тродневна манифестација : "Ден на културата на Гора" на која настапиле ансамбли од Благоевград и на Македонците од областа Гора. И додека Бугарите агресивно работат на бугаризација на македонското малцинство во Албанија, нашата амбасада во Тирана упорно молчи, како и македонското МНР!?
 
Колку за потсетување: кога пред некоја година Албанија го носеше законот за малцинствата, беше вметнато и "бугарско малцинство" (иако такво нешто во Албанија не постои), но земјата (Албанија) беше  уценета од Бугарија дека ако не го стори тоа, негативно ќе се одрази на европските интеграции на земјата! 
 
goraНа сликата:Македонски деца од Гора во костими во боите на бугарското знаме!
 
3.   И сега што правиме: Во медиумите во Македонија објавен а извештајот на Венецијанската комисија која ја проверуваше законитоста и одржливоста на насила и нелегално донесениот Закон за јазици којшто поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов одби да го потпише, но по повторното усвојување од парламентарното мнозинство СДС-ДУИ беше објавен со потпис на нелегално избраниот спикер на Собранието Талат Џафери. Експертите од Венецијанската комисија констатираат дека контроверзниот закон за јазици оди премногу далеку и наметнува нереални обврски на институциите, а може да го загрози функционирањето на целиот судски систем во Македонија!!!

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски повика да се имплементираат одредбите и заклучоците од Венецијанската комисија и да се укине двојазичноста во судовите!

Првичната реакција од СДС е дека штом ќе пристигне официјалната верзија на заклучоците од Венецијанската комисија на 17ти овој месец истите, наводно, ќе биле имплементирани, но за претставникот на ДУИ Артан Груби Законот за јазици бил добар и го гарантирал мирот (!) за којшто "немало цена " (овие повторно повторно со закани по мирот, или?)!!!

3.  Mногу болната тема за петкратното убиство кај Смилковското езеро (12. април, 2012) пак исплива во јавноста, овој пат од снимен резговор на припадник на безбедносните служби со некои функционери во Скопје, и повторно не потсетија дека Косово упорно одбива да ги предаде на македонските власти дирекните извршители на злосторот Алил Демири и Африм Халиловиќ.

Според мене, и овој пат станува збор за замајување на јавноста!? Јавно им се обраќам на надлежните во државата: ги знаеме извршителите (македонските служби добро си ја завршија работата). Но што сстанува со  м о т и в о т  за злосторот и зошто до сега не чувме ни збор за тој клучен аспект? Ќе ви помогнам: мотивот барајте го на релација Бондстил-Брисел-Вашингтон.

4.  На парламентарните избори во Косово победи опозиционото движење Самоопределување на Албин Курти. Оваа победа дочекана е со олеснување во соседството и пошироката меѓународна јавност. Курти важи за силен борец против корупцијата и поборник за  воспоставување на добра соработка со соседите. Најави дека ќе ги укине таксите од 100% за увоз од Србија, ама ќе бара реципроцитет од Белград за признавање на регистарски таблички и документи со назив Република Косово, како и воени репарации (што е неопходно да го сториме и ние према Бугарија како окупатор во Втората светска војна), пензии и враќање на 1.200 артефакти од Косово.

Да се надеваме дека промената на власта во Косове ке биде добра вест и за нашата земја (иако Зоран Заев беше во невидена интима со Рамуш Харадинај, оптужен за воени злосторства, а според извори од Американската амбасадо во Скопје, со него (со Харадинај) СДС го договарал инцидентот во kумановско " Диво насеље" кога загниаа осум македонски полицајци).

5.  Државниот секретар на САД Мајкл Помпео не почести со неколкучасовна посета. Слета во Охрид каде подели силни комплименти на Стево Пендаровски и Зоран Заев за Преспанскиот договор и искажа голема подршка на неговата земја и влада за евроатланските интеграции на Македонија!

Истовремено, Белата Куќа го разреши од функцијата помошникот на заменикот државен секретар Метју Палмер кој во повеќе наврати јасно инсистираше аферата "Рекет" да се расчисти до крај без разлика кој се политичар е инволвиран во неа и сите подеднакво да одговараат пред законот!!!

Во меѓувреме порталот ПЛУСИНФО објави неофицијално дека Зоран Заев наводно бил поканет во втората недела од ноември да ја посети Белата Куќа и да има средба со претседателот на САД Доналд Трамп!?
 
Се прашувам: дали македонските политичари ја сваќаат пораката и сериозноста на овие три информации?
 

На прво место

News image

Имаме премиер кој стана фабрика за лажни вести

ФБ објава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Уште 4 месеци до крајот на оваа влада...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.