Среда, 16 Октомври 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XXXI

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XXXI

1. Помина уште еден : "Ден на востанието..... ", нов назив што го наметна новосоздадената актуелна антимакедонска владеачка номенклатура, наместо традиционалниот назив: "Ден кога пукна првата пушка против бугарскиот фашистички окупатор". Промената на термините за овој историски ден -длабоко всаден во душите на Македонците, не е некое помодарство, туку одраз на политиката на актуелнава власат која во континуитет го игнорира македонското историско наследство и крајно неодговорно ги прифаќа туѓите (во случајов со 11. октомври), бугарските позиции, како што изјави воедна прикика самиот Заев: "Едно е ако се каже "бугарски фашистички окупатор", а сосема друго ако се каже само "окупатор". Демек многу болно било за Бугарите да се тврди дека биле "фашистички" окупатори, а само терминот "окупатори" не толку!?

     Па дури и овој "поблагиот" термин бугарската страна во последно време настојува да го ревидира преку изјавите на некои нивни квази-историчари кои подмукло лансираат тези дека Бугарија не била окупатор на Македонија во Втората светска војна туку - замислите: била "ослободител", иако постоечките документи во македонските архиви недвосмислено јасно го потврдуваат спротивното!

    А што да кажиме за самото одбележување на Денот на востанието: класика и веќе видено: неброени делегации на стари и млади со цвеќиња или венци во рацете, но за разлика од порано во обраќањате јасно се почуствува своевидна "самоконтрола" (сепак по директива на власта) на говорниците да се избегнува споменување ПРОТИВ КОГО е дигнато Востанието, ниту пак да се спомене терминот "фашистички окупатор", туку само "окупаторот".

    Буарски историчари, академици (на пример Воденичарски пред неколку години) тврдат дека во нивните учебници по историја  н е  п и ш у в а л о (!?) дека Бугарија била сојузничка на фашизмот. Па господо историчари, не е тешко самите да се уверите во тоа! Доволно е да кликните на интернет и ќе најдете мноштво фотографии на вашиот цар Борис III како се гушка со водачот на Рајхот Адолф Хитлер. Или дојдите во Скопје каде се чува комплетната архива за бугарското фашистичко антиеврејско законодавство (за погромот на македонските Евреи најодговорна е царската фашистичка влада на Борис III) и се ќе ви биде кристално јасно!

2.  Носител на активностите по повод Денот на востанието по традиција и овој пат беше Сојузот на борците, организација што по вокација би требало да биде непартиска и неполитичка! Но се поставува прашањето: Кој денес ги претставува борците од НОБ? Такви според биолошките закони речиси и нема многу живи, осем можеби малкумина кои биле мобилизирани 1945 година  за на Сремскиот фронт!? А за да не угасне самата организација, истата се пополнува со синови и керки на борци, пензионирани офицера на ЈНА или на АРМ, пензионирани припадници на МВР и слични, само не со вистински борци!!!.

     Колку за илустрација на кадровските состојби во Сојузот на борците: актуелниот потпретседател на Сојузот на борците од НОБ е лице кое понављало клас во гимназија, а не служел ниту војска бидејки бил прогласен за  н е с п о с о б е н, no бил син на учесник во НОБ од 1943. година!? И што би рекле на ова учесниците во Фебруарскиот поход, борците во битките кај Лопушник, или ослободителите на Скопје и останатите градови во Македонија? Претпоставувам дека би биле лути бидејки се девалвира сиот нивен труд и жртви за ослободувањето на Македонија од бугарскиот и италијанскиот фашизам.

     Посебно иритира неспорната и сосема очигледна политизација на Сојузот на борците од актуелната врхушка на таа организација, особено од актуелниот им потпретседател кој е активен член, активист и некогашен функционер на СДС. Тоа дотичниот и самиот го потврди со неколку посети кај Зоран Заев за да изрази подршка за неговите политики, вклучувајки капитуланстскиот договор од Преспа. Што би рекле на сето ова вистинските борци кои ги дадоа животите за слободата и независноста на Македонија и ги оставија коските по македонските планини, можам само да претпоставам!

     Току заради гореизнесеното а vo контекст на постоењето и иднината на организацијата Сојуз на борци предлагам, како идеја за размислување, оваа организација да се преименува како СОЈУЗ НА ВОЕНИ ВЕТЕРАНИ, како легитимен наследник на Сојузот на борците, а би ги обфаќала и македонските војнци и офицери кои под знамето на ООН служеле на Синај и во други кризни точки ширум светот, во Авганистан и вo меѓународни мисии, како и бранителите од војната во 2001 и воените ветерани од боиштата по распадот на Југославија

     Сметам дека на ваков начин ќе се поврати достоинството на организацијата Сојуз на борци/ Сојуз на воени ветерани, што ќе биде голем стимул на илјадниците нејзини припадници кои сеуште можат да даваат свој придонес за одбраната и враќањето на достоинството на организацијата кое на парчиња го разнебити актуелнава власт.

3.  Во моментов кога го пишувам овој текст (вторник, 15ти октомври, точно на пладне) во Луксембург министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ расправаат дали на Македонија и Албанија, или само на едната од нив, да им се определи датум за почеток на преговорите за членство во Унијата. Иако неизвесноста може да потрае уште некој ден (лидерите на членките на Унијата на највисоко ниво треба на 17ти и 18ти октомври да пресечат дали ќе се определи конкретен датум за почеток на преговори или ова прашање ке се одложи по којзнае кој пат, за напролет!?

      Шансите конечно да бидеме наградени за придонесот и жртвите што изминативе три десетлетија ги даде РМ за мирот и стабилноста на стариот континент се само теоретски пред се заради блокадите што на тој пат во континуитет ги поставува Франција. велам "во континуитет" бидејки ваквиот однос на званичен Париз е - што би рекле самите Фанцузи: "дежа ву" и силно потсетува на самитот на тогај Европската Заедница во Лисабон (1992) каде под притисок на Франсоа Митеран се донесе фамозната "Лисабонска декларација" со која се бараше од Република Македонија да го смени своето уставно име доколку има амбиции за членство во ЕЗ/ЕУ, што е акт без преседан во меѓународните односи!!! "Та нема ние (членките на тогај ЕЗ) да си ги расипуваме нашите односи (со Грција) заради таму некоја ......  ",  го образложи тогај францускиот став Жорж Помпиду!? (Мислам дека и овој пат Франција одработува за Грција, иако претпоставував дека тоа ќе го прави Кипар)

     Францускиот став го дефинира претседателот Макрон кој инсистира на реформа на преговарачкиот процес за земјите кандидати и бара дополнителни докази против корупцијата и за независно судство! Блумберг е уште подиректен: Париз е против било каков датум за преговори за Македонија и Албанија пред ЕУ да го заврши ремонтот на својата "методологија".

     Меѓу членките на ЕУ постои можеби до сега невидено разногласие во историјата на постоењето на оваа асоцијација - едни се за определување датум за почеток на преговорите на двете земји-кандидати, Македонија и Албанија, некои се за опоределување датум само за Македонија, на што се чуја гласини дека на таквата опција Италија може да стави вето бидејкисилно ја подржува Албанија! Изгледите да се стави точка на оваа какафонија се сепак скоро никакви заради оној ноторен консензус (според мене: е д н о у м и е) во донесувањето на одлуки и очигледно тоа нема да се случи.

     Таквиот епилог ќе значи дека актуелната влада во МК не успеа да ги убеди членките дека е достојна да не внесува во членство во Унијата и покрај фактот што распродаде се што ни значеше и ни значи како земја и народ, но очигледно старите сојузништва и интереси, лицемерието што е  главна одлика на развиениот и "демократски" запад и овој пат превагнуваат.

     Како и да е, животот си врви понатаму, Вардар и понатаму ќе тече спокојно, но Македонија тапка во место заради неспособната на актуелната коруптивна власт! Чаре? ИЗБОРИ СЕГА и ВЕДНАШ! Во спротивно, нема да се гледа амбисот во којшто во слободен пад тонеме се подлабоко и подлабоко.

 

На прво место

News image

Пропаѓањето на проектот „Северна“

  Пропаѓањето на проектот „Северна“

Историја

News image

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: АМБАСАДОРОТ РИСТО НИКОВСКИ ОД РЕСЕН – ГЛАСНОГОВОРНИК ЗА МАКЕДОНИЈА (10)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (35)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – I ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.