Среда, 30 Октомври 2019   
ГРУЕВСКИ - мојата вистина

nikola 4

ГРУЕВСКИ - мојата вистина

ГРУЕВСКИ, ГРУЕВСКИ, ГРУЕВСКИ ... Ова презиме го слушаме, го читаме, за добро или за помалку добро, последните петнаесетина години. Има лица (не употребувам тежок збор “луѓе“) кај кои ова презиме од дното на душата им предизвикува одбивност, омраза, непријатни чувства. Има лица кои кон ова презиме веројатно се рамнодушни. НО, има лица, меѓу кои се чини сум и јас, кај кои во најмала рака предизвикува почит или дури и воодушевување. Ако веќе однапред се ставив себеси во оваа трета група, треба за тоа да дадам одредено образложение, објаснување.

           

Господинот Никола Груевски може да се следи од почетоците на неговото појавување во јавноста преку заедничката серија написи од областа на економијата во весникот “Нова Македонија“ со д-р Самуел Вакнин, кај нас попознат под името Сем Вакнин.

Во тоа далечно време, за жал, како и сега, малкумина се осмелуваа да го направат тоа-серија написи од областа на економијата. Г-дин Сем Вакнин и’ беше веќе познат на Македонската јавност токму врз основа на објавувањето на написи со економски теми и тие негови текстови беа почитувани и читани. Тој сигурно уште тогаш ги открил, ги увидел, ги почувствувал квалитетите што на полето на економијата ги имал скоро дипломираниот економист Груевски, за што доказ се токму заедничките написи. Написите на беа на банални, и за тоа време секојдневни теми, туку на повисоко ниво обработуваа теми и од домашната, но и од меѓународната економија, особено финансиската. Тоа веројатно го исфрли Груевски за, иако доста млад, да му се понуди место Министер за трговија. Следно министерско место беше Министер за финансии.

Тоа време, особено на економско поле, за Македонија беше доста матно. Во органите на државата - министерства, заводи, управи (користам називи од тоа време) вработените беа со релативно скромни, ако не и никакви познавања од современата пазарна економија од Западен тип. Тој Запад, за да ни’ помогне, доста често испраќаше специјалисти за одредени области, од различни Западни земји. Се случуваше следното: во едно Министерство ќе дојде специјалист од една земја, ќе даде одредени објаснувања за одредена област, вработените во нашите органи ќе ги прифатат и ќе се обидат нешто од тоа да спроведат. Во истото Министерство подоцна ќе дојде специјалист за истата област, но од друга земја и ќе даде објаснувања за дадената област, но кои во целост не се согласуваат со објаснувањата од претходниот специјалист од претходната земја или, пак, се и во целосна спротивност. Вработените во Министерството се наоѓаа збунети и не знаеја кое објаснување да прифатат. Но, се случуваше и ова: ќе дојде специјалист од трета земја, ќе ги проучи објаснувањата од двата претходни специјалисти, ќе ја проучи и ќе ја осознае постојната состојба и решенија во Македонија (како дел од системот граден во поранешна Југославија) и на вработените ќе им укаже дека постојното решение е подобро од решенијата што им ги нуделе претходните специјалисти. Се случувало овој третиот да им укаже на вработените во Министерствата дека некој од овие два специјалисти е дојден со не баш добри намери и дека неговите предлози треба да се гледаат со значителна резерва.

           

Е, во такво време Груевски презеде министерски функции, подоцна и Премиерска функција. Неговата огромна предност беше што тој слушаше. Ги ислушуваше вработените во своето ресорно Министерство, луѓето во јавноста кои нешто знаеле и значеле во областа, специјалистите од странство, и врз основа на сето тоа донесуваше одлуки. Негова огромна предност беше што тој работеше. Работеше пред донесувањето на одлуките, работеше заради спроведување на одлуките. Негова огромна предност беше претходната поткованост. Специјалистите или таканаречените специјалисти од странство не можеа туку така да пласираат свои идеи и квазирешенија. Негова огромна предност беше што во вработените во Министерствата, за кои ќе оценеше дека имаат одредени квалитети, инвестираше преку нивно доусовршување во земјата и особено во странство, а потоа со нив ги спроведе реформите заради приближување на економскиот систем на земјата до моделите на Западните земји. Велам “модели на Западните земји“ заради тоа што, особено во тоа време различните земји имаа различни, значи меѓусебно неусогласени економски, па и економско-правни системи.

           

Груевски и во својата земја се соочуваше со силни отпори. Со воведувањето на новите решенија се загрозуваа интересите на, со приватизацијата веќе воспоставените лоби и други групи. Еве еден пример: за Македонија врвен императив беше воведувањето на данокот на додадената вредност, речиси како услов за приближување на земјата кон Европската Унија (или како веќе тогаш се нарекуваше). Во времето пред Груевски имаше обиди за воведување на овој данок како замена за данокот на производи и услуги. Обидите заеднички ги правеше група определена од тогашните Министерства. До доаѓањето на Груевски обидите останува на тоа - само обиди, бидејќи се знаеше дека со постојниот систем на данок на производи и услуги многу и многумина од стопанството и особено од лоби групите плаќаа значително понизок износ на данок на промет во споредба со данокот што би го платиле преку системот на данок на додадената вредност - ДДВ. Заради тоа постоеше тихо саботирање на спроведувањето на ДДВ. Но, Груевски го спроведе и тоа многу ефикасно. Како доказ, ако пред воведувањето на ДДВ Буџетот на државата изнесуваше околу 1,4 милијарди Германски марки, односно 700 милиони Евра, по воведувањето на ДДВ, но и на други мерки, како пресоналниот данок, корпоративниот данок, ефикасното средување на работите во Катастарот и имотно-правните работи, воведувањето на финансиска дисциплина, усовршувањето на работата на Управата за јавни приходи и нејзиното опремување итн., понатаму усогласувањето на правниот систем на земјата со правниот систем (или системи) на земјите од Европската Унија ..., износот на средствата што се слеваа во Државниот Буџет растеше, но и понатаму расте. После тоа, но и сега се зборува за Буџет од две, три, па и повеќе милијарди Евра годишно. Да не се заборават и приходите на единиците на локалната самоуправа-општините кои исто така растеа и растат (барем за побогатите општини, и покрај катастрофалното решение за територијалната поделба на земјата; сега има погледи дека некој на општините, особено побогатите, им ги зема, им ги “цица“ приходите и заради тоа и на локално ниво нема инвестиции, тековно одржување на инфраструктурата, вложување во животната средина ...). Да не се заборават и девизните резерви кои од нула достигнаа над две милијарди Евра (или Долари, макар што одамна во јавноста нема информација за тековниот износ на овие резерви, што е многу чудно!!!).

Во вакви услови неодминлива е споредбата на развиеноста на тогашното и сегашното стопанство како основен извор за “полнење“ на Буџетот на државата, но и на буџетите на општините. Во тоа време во функција беа бројни стопански капацитети кои во меѓувреме се затворија (некои на многу чуден начин!!!) и сега не работат. Значи, приходите од кои се црпеле средствата за полнење на буџетите тогаш биле пообилни, пообемни, па и посигурни, во споредба со приходите по намалувањето на стопанската активност. Значи, средствата тогаш останувале кај даночните и други обврзници. Значи, Груевски им ги скина. Значи, Груевски си навлече бес кон себе од ваквите даночни и други обврзници. Тој бес очигледно не престана да го следи и до денденес. Тоа може да биде и објаснување за се’ што на Груевски му се случувало и му се случува. Логично се поставува прашањето - во што во тоа време ги вложувале средствата од помалку платениот данок членовите на лоби-групите? Па, веројатно во натамошна приватизација на капацитетите на земјата, во натамошно откупување и приватизација на општествениот, но и приватниот имот.

Ако зборуваме за бесот кон Груевски, не треба да се заборави и бесот на таканаречената “меѓународна заедница“. Неа во основа ја сочинуваат Западните земји со развиена економија. Ако пред Груевски за Македонија се зборувало како за земја без развиен економско-правен систем, сега, со Груевски (конкретно сега, за голема жал не), економско-правниот систем на Македонија од страна на независни институции и организации е оценуван како подобар од нивните системи, стапките на развој подобри од нивните ... Зарем тоа може да се заборави и да се голтне? НЕ. Дали овде се наоѓаат причините и поттикнувачите на “шарените револуции“ (додуша, се знае за каква жена кај нас се работи ако ја нарекуваат “шарена“)?

Со повеќе пари во буџетите на државата и на единиците на локалната самоуправа се отворија повеќе можности за вложување и тоа како во инфраструктурни објекти и инсталации, така и во останатите дејности, како социјалата, образованието, внатрешните работи, делумно во одбраната, градба на сопствени објекти на органите на државата наместо плаќање на огромни кирии, итн. И ова им пречеше на многумина, особено на тие што ги загубија приходите од кириите, па со дрва и камења фрлаа по проектот “Скопје 2014“.

Неодминливо е наведувањето на барем една институција која ја саботирала работата на Груевски (така всушност ја нарекуваат неговата Влада, бидејќи тој сам не можел да ги постигне ваквите феноменални резултати). Тоа е Народната бакна на Република Македонија (НБРМ) и тогашниот Гувернер Петар Гошев. Не треба да се биде особен експерт-монетарист за да се види дека Гошев преземаше мерки кои точно беа спротивни и временски темпирани на мерките на Владата (значи и на Груевски), со единствена цел саботирање на Владата (Груевски), евентуално паѓање на таа Влада, не водејќи сметка дека со таквите мерки се придонесува за намалување на стопанската активност и до намалување, па и до назадување на развојот на земјата. За усогласеноста на работата на Владата и на Централната банка постои стручен термин “хармонизација на монетарната и фискалната политика на земјата“. Овде таква хармонизација, за голема жал, немаше, иако на обете институции им беше понуден спроведлив економетриски модел за ваквата хармонизација. Ова впрочем, го велат и барем двајца врвни економисти-монетаристи. Едниот од нив вели дека во монетарната теорија и историја ќе се проучуваат мерките на НБРМ од времето на Гошев како еклатантни мерки спротивни на монетаризмот и на економската логика.

Би било неправедно во контекст на особината на Груевски да слуша да не се спомне Проф. д-р Трајко Славески од Економскиот факултет во Скопје. Тие двајцата спроведуваа економски и други мерки кои навистина даваа и до скоро даваа резултати (сега очигледно се спроведуваат некои други мерки или, пак, нема мерки???). За жал, очигледно е дека од еден момент натаму нивните погледи се разидоа и подолго време не настапуваа како тандем.

Дали сево што досега во куси црти е наведено овде претставува причина за мојата почит кон Груевски? ДА. Значи, нема потреба од натамошно дополнување. Овде нема наведено политика (или политиканство). Но, велат дека тројца економисти имаат четири стручни мислења. Оттука, и јас не можам да се сложам со некои чекори што ги презеде Груевски и неговата Влада, но тие се неспоредливо поневажни од се’ што Груевски има направено за оваа наша мила земја.

Мирко Трпески

 

На прво место

News image

Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Катица Јанева од притвор ќе беше смешна

Нема подобар пример за функционирањето на Кацарска судството и Русковска обвинителството од начино...

Историја

News image

ВИКИЛИКС ОБЈАВИ ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНИ ИНФОРМАЦИИ ШТО НЕ СМЕ ГИ УЧЕЛЕ ВО НИЕДНА ИСТОРИЈА!

ВИКИЛИКС ОБЈАВИ ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНИ ИНФОРМАЦИИ ШТО НЕ СМЕ ГИ УЧЕЛЕ ВО НИЕДНА ИСТОРИЈА!

Иселеници

News image

ПОЧИНА ПАТРИОТОТ СЕРГИЈА СЕКУЛОСКИ

По подолго боледување на 15.11.2019 година прекрати да ч...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (17)

ЕВРЕИТЕ, ИЗРАЕЛ И ХОЛОКАУСТОТ

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (36)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – II ДЕЛ 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.