Среда, 30 Октомври 2019   
Македонскиот народ треба да има резерви кон разните ветувања кои доаѓаат од разните „пријатели“

1 1Свекрва

Македонскиот народ треба да има резерви кон разните ветувања кои доаѓаат од разните „пријатели“

Спротивно на постојаните препораки од Европската комисија и волјата на мнозинството земји-членки на ЕУ, како и пораката на Макрон при потпишувањето на Преспанскиот договор дека смета на нашата земја, Франција во минатата недела не даде зелено светло на отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Македонија.

Ваквиот пристап на Франција, посебно кон Македонија, која за интеграцијата во ЕУ и НАТО, го смени и името, ги закопа надежите не само на Македонија, туку и на другите балкански земји за нивно влегување во ЕУ и безбедносно релаксирање на регионот.

За да се надминат фрустрациите на Балканот предизвикани од ставот на францускиот претседател Емануел Макрон, наместо полноправно членство, сега се турка идеја од Брисел за создавање Европска Економска Зона во која ќе влезат шест балкански земји: Албанија, Косово, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Не е првпат да се турка идејата за обнова на скратена Југославија, во која наместо Словенија и Хрватска би била Албанија. Иако овој предлог може да ги отвори вратите за во иднина и ги прави идните дебати за членство во ЕУ поконкретни, досегашното однесување на ЕУ кон Македонија како држава не дава надеж.

На референдумот одржан на 8 септември 1991 година македонскиот народ изгласа самостојност бидејќи не сакаше да остане во редуцирана Југославија. Сосема логично би било да се постави прашањето дали ваков предлог се враќаме повторно во деведесетите години, кога се предлагаше скратена верзија на Југославија.

Македонија тогаш одлучно беше против останување во редуцирана Југославија и по осамостојувањето, единствено за Македонија и Словенија комисијата на францускиот правик Роберт Бадинтер даде позитивни оценки дека ги задоволуваат условите за независност. Меѓутоа, иако Македонија ги задоволуваше сите критериуми, тогашната ЕЗ, ги призна само Словенија и Хрватска.

Македонија и Франција воспоставиле дипломатски односи на 27 декември 1993 година, со континуирано продлабочување на соработката во разни сфери. Динамичната соработка беше крунисана со две посети на македонскиот претседател Киро Глигоров на Париз, како и со посета на францускиот претседател Жак Ширак на Македонија во февруари 1999 година. Кон крајот на февруари и почетокот на март во 2001 година Париз го посети и претседателот Борис Трајковски. Во меѓувреме Париз беше посетен и од македонските премиери.

Во текот на воениот конфликт во 2001 година, во август беше потпишан Рамковниот договор. На 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје Рамковниот договор го потпишаа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДПА Арбен Џафери. Свои потписи на договорот тогаш ставија и специјалните претставници на ЕУ французинот Франсоа Леотар и на САД Џејмс Пердју.

Францускиот амбасадор Ален Ле Роа, беше специјален претставник на ЕУ во Македонија постконфликтно во 2001 и 2002 година. Во рамките на својата тогашна мисија, тој ѝ помогна на земјата повторно да ја воспостави меѓуетничката доверба и да го врати својот углед во Европа.

Како пријател на земјата, Ле Роа дојде во Македонија на почетокот на годината по повод петнаесет години од смртта на претседателот Борис Трајковски. Инаку, македонскиот претседател загина во авионска несреќа кај Мостар на 26 февруари 2004 година. Во 08:01 ч. воздушната контрола на СФОР го изгуби авионот од радарската контрола на подрачјето околу Столац, 30 километри јужно од Мостар. Во тој момент контролата на летот ја извршувале француски припадници на СФОР. Останаа многу неразјаснатаи работи и шпекулации за оваа авионска несреќа.

Инаку, во септември 2018 година, Ален Ле Роа му даде силна поддршка на референдумот за промена на името, како предуслов за интегрирање во НАТО и ЕУ. Тогаш тој ќе нагласи дека официјален Париз цврсто стои позади евроатлантските аспирации на Република Македонија.

Потикнати од ваквите изјави од европските преставници,  спротивно од изјаснувањето на народот, марионетската власт го смени уставното име на Република Македонија и го доведе во прашање идентитетот на македонскиот народ. Со тоа е доведено во прашање и опстанокот на земјата.

Отука треба да се извлече поука дека македонскиот народ треба да има резерви кон разните ветувања кои доаѓаат од разните „пријатели“.

 

На прво место

News image

Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Катица Јанева од притвор ќе беше смешна

Нема подобар пример за функционирањето на Кацарска судството и Русковска обвинителството од начино...

Историја

News image

ВИКИЛИКС ОБЈАВИ ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНИ ИНФОРМАЦИИ ШТО НЕ СМЕ ГИ УЧЕЛЕ ВО НИЕДНА ИСТОРИЈА!

ВИКИЛИКС ОБЈАВИ ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНИ ИНФОРМАЦИИ ШТО НЕ СМЕ ГИ УЧЕЛЕ ВО НИЕДНА ИСТОРИЈА!

Иселеници

News image

ПОЧИНА ПАТРИОТОТ СЕРГИЈА СЕКУЛОСКИ

По подолго боледување на 15.11.2019 година прекрати да ч...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (17)

ЕВРЕИТЕ, ИЗРАЕЛ И ХОЛОКАУСТОТ

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (36)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – II ДЕЛ 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.