Среда, 30 Октомври 2019   
ВО СРЕДА СО ГОЦЕ: Силувана Македонија

ВО СРЕДА СО ГОЦЕ: Силувана Македонија

Пишува: Гоце Марков, Колумнист Македонец и Човек 

Во пет и пол века не ти била до толку избербатена мислата, совеста и разумот како во последниве триесетина години. Јас не сум видел досега Народ кој од готово си прави вересија и од држава создава Територија наместо обратно.

Како оваа власт која воопшто не е заинтересирана за иднината на Макединците, за македонскиот идентитет и македонскиот геном!

Многу поважна е поентата коруптивно работење на високи државни структури кои користејќи ги своите позиции, остварувале финансии огромни испрани без флеки и дамки по ивиците на банкнотите, а вие продолжете со вашите патриотски говори! Се трупаат како бродови, се полнат киристејќи ја и последната дакика на безвластието на Власта.

Странски компании замешани бегаат како ѓавол од темјан, девастирано и руинирано здравство заболено од најтешкиот канцер наместените тендери и лекови кои наместо да лечат пополнуваат позитивна дупка на белата листа, италијански Макединци или македонски Италијанци пржат вистина на масло, рекетари на секое ќоше некои по теркот на високата школа на Л. В. но и еден куп бајадери од политичкиот шлаг кои бегаат да не бидат изедени од странските апетити. И види колку било лесно , ако немаш пари да платиш ќе ти најдеме лихвар па ќе заглавиш двојно. Да му се одмили животот на човека кога знае дека на крај на месец треба да си плати за воздухот кој го дише, да биде заштитен од чавките и гавраните кои уринираат и какаат одозгора и на крај да има мирен сон.

Е, сонот пак затоа се плаќа најскапо!

Обичниот, оној мирниот сон наречен ноќен одмор. А оној другиот, сонот на младите тој веќе станува јаве и тие луѓе будно сонуваат за други подалечни места, подалеку од местото на силувањето. Нивните соништа не се поврзани со снискоста на лажните ликови од политичкото небо. Богата држава бре! На толку крадење, силување, џапање и пак на 10-ти плати!? Само се чудам до кога? 5 милијарди за три години и абер се нема од отчет! Каде се парите!? На мегдан гледаме само пупка судство, здравство на шкрги и земјоделие на марихуана, ама онака напафкано си мисли кутрото дека е земјоделие на пченка, ориз и пченица… Забегано доста!

Заглавена Матрица на недефинирани индивидуи, неизградени ниту по теркот на национализмот ниту според прозападниот дух. За некоја година ќе ги имате првите генерации кои не веруваат во ништо… атеисти а без познавања на прагмата, ирационални до бесвест, задоени од Шарената анархија а оставени како сирачиња на пола пат тежнееат кон нов Идеал, па малди се де! Има ли крај оваа агонија во која живее македонскиот граѓанин? Без записници се тераат процеси, се елиминираат опоненти по договор надвор од секаква рамка… Едноставно Законот на Посилниот!? Право?

Што беше тоа? Секој новинар кој ќе се окуражи да изнесе факти и голи вистини се распнува од власта и се држи на кратки узди преку уцени и под постојан политички прогон, јавно плукан и оценувам… А Народот не е ниту Судија, нити Инспектор, ниту пак има некакво право на глас. Во оваа наша небиднина(од нас) никогаш порано не постоела ваква правна несигурност.Капиталистичкиот замислен а измислен комунизам и,, Плавата крв” не излегоа од мода и после 30 години. Анахроната копија на совршената комунистичка девиза и ден – денес е во мода. Лозарите со природните нагони никако да ја заразат лозата на контрибуторите на македонската смрт со нови идеи и ентузијазам. Овие вториве, престолонаследниците на нивната извртена свест и лажен опинок сјај се вечно венчани за државни функции,за раководни места и позиции, презиме доктор, презиме пратеник, тие се советници, инспектори, професори… тие се движечка сила на Почетокот на Крајот на една златна држава. Всушност и која држава? Намалете тоа прашокот,, другари”, а вие,, браќа” бидете браќа или одете во три…

Првите ги поздравува Тито со еден стартен пропелер во гроб а вториве Гоце Делчев кој можеби кога станал се расплакал на Бугарски… а нели Гоце не плаче? Патриоти само во Вашите глави и комунисти само на Титовка да ви се плукнам во воздухот кој го дишете!

Џабе го дишете… Загадена вие Мислата, канцерогена ви е посоката… Маме и е…. на Македонија! Всушност неа ја… (сите самопронајдени гниди и самозамислени патрити се само единки во нивните организации, е тоа е жалното…)

https://bregalnicki.mk/vo-sreda-so-goce-siluvana-makedoni-a/

 

На прво место

News image

Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Катица Јанева од притвор ќе беше смешна

Нема подобар пример за функционирањето на Кацарска судството и Русковска обвинителството од начино...

Историја

News image

ВИКИЛИКС ОБЈАВИ ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНИ ИНФОРМАЦИИ ШТО НЕ СМЕ ГИ УЧЕЛЕ ВО НИЕДНА ИСТОРИЈА!

ВИКИЛИКС ОБЈАВИ ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНИ ИНФОРМАЦИИ ШТО НЕ СМЕ ГИ УЧЕЛЕ ВО НИЕДНА ИСТОРИЈА!

Иселеници

News image

ПОЧИНА ПАТРИОТОТ СЕРГИЈА СЕКУЛОСКИ

По подолго боледување на 15.11.2019 година прекрати да ч...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (17)

ЕВРЕИТЕ, ИЗРАЕЛ И ХОЛОКАУСТОТ

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (36)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – II ДЕЛ 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.