Среда, 13 Ноември 2019   
Држава на безрбетници!

Goce MarkovГоце Марков-колумнист Македонец и Човек

Држава на безрбетници!

Дајте ни да дишеме!

Кога бродот тоне, не пропаѓа длабоко од мало дупче!? Така е и со бродот на Заев, издупчен, полн вода, ама со полни едра фејк есперанто и со сидро кое влече силно напред се клати длабоко на немирното море од изгубени граѓански надежи и верувања.

Економија-нула, земјоделие-што е тоа? Болно здравство на апарати за дишење, девастирано образование, обезвреднето до таа мера да ти е срам да кажеш дека си професор по историја?! Ако си лекар или мед. сестра ти си поим за боксерска вреќа! Сув цвет, марихуаничка, бизнис штрајкови против сиромаштијата??

Што се случува луѓе? Народ да ве наречам!? Кој кого тука….? Аерозагадување број еден во свет, дознаваме дека влегувал токсичен отпад и се горел за пари, за пари еј!Инфилтрирани субверзивни и индиректни помагачи на Власта диригирани и наведувани во лик на т. н. граѓански здруженија за амортизација на ненаправеното и доведување нова слика во која работат заедно со Власта… разоткриено пред да почне! Секој по Својот пат, само да не се заборава кажаното, изреченото… и ќе видиме на крај кој е искрен а кој Не! За воздух се боревте? Купен со здравјето на даночните обврзници и нашите неродени деца, за родените веќе учат германски, ич да не се секирате се е Окк?! Срам да Ви е!

Мене лично ми е срам од Вашиот срам! Доведовте нов концепт на молчење, на голтање кнедли и психолошка зависност од некојси Запад!?Наместо држава да градиме па да бараме Западен ветер вие распродавате и без срам барате! Создавовте ладен Север со разно разни флертови и недостојни додворувања. Држава на безрбетници! Држава без идеали, национална стратегија, држава без економија… и сега пропаѓал Бродот? Ќе потоне не да пропаѓа… Доста повеќе со вашите перверзни и малограѓански недокажани претпоставки, не си останавте верни на думата и ја излажавте устата со јазикот и сакате свет да ве верува?

Зар има толку и до толку такви?А овие профитериве од Влада, да да, овие привремените се укочени и изненадени нешто, здрвени од клечење на колена го бараат заедничкиот именител и ќе пуштаат корења нови сега, ама да се подзаборави. А да, и на локално е исто! Се се тоа отрови.Така е кога размислуваме со полното меше!?

Кондомите се јавија на првата кривина , желни за голем рејтинг а слаби по конзистенција сега се осудени на мала медиумска покриеност. Кажав сто пати тие се овие кои се тесто без квасец, тие останаа верни на старата Матрица на арамилук и кодошлук, абортирани единки на секогаш верната бизнис елита. Не се останува верен на Народот со перверзни договори, снимени разговори, манипулации и интриги и мајмунски додворувања!

Народ е ова бре! И пак ќе Ви повторам она што го кажав кога Ваквите,, формираа” Влада: Не ги интересираат Албанците, најмалку Македонците, само бизнис и ништо повеќе! А да, и говорев јасно тогаш, дека моментот кога К. А. ќе излезе од Влада, Влада ќе нема! Не е тешко за разбирање…

 

На прво место

News image

Никола Груевски: Секој министер треба да знае што зборува, доколку сака народот да го смета за сериозен

Никола Груевски: Секој министер треба да знае што зборува, доколку сака народот да го смета за с...

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.