Среда, 20 Ноември 2019   
Зоран Заев мора да си оди за да може Македонија да оди напред

1 1Свекрва

Зоран Заев мора да си оди за да може Македонија да оди напред

Освен промената  на името на државата оваа влада предводена од Зоран Заев не сработи ништо. Таа на власт дојде со манипулации и го излажа народот дека нема да го смени Уставот, името и идентитетот, а сега сака да го излаже договорениот датум за предвремени парламентарни избори закажани за 12 април идната година. Тоа го прави со цел да го избегне поразот за да се спаси од одговорноста за непочитување на Уставот и законите, за непочитување на референдумот, за рекетот кои го вршат одредени луѓе високо позиционирани во партиите на власт.

Од мај 2017 година, од кога е изгласана владата на Заев, ништо не е сменето во владеењето на коалицијата на СДС и ДУИ. Власта предводена од Зоран Заев, со лаги и манипулации, како цунами направи политички и економски пустош во земјата. Свртена само кон евроинтеграциите, го смени името на земјата и го збриша македонскиот народ, но не успеа да добие датум за преговори за влез во ЕУ.

При ситуација на потоната економија и недостаток на доволни средства, власта почна да се задолжува кај меѓународните финански институции, така да земјата е задолжена како никогаш досега.  Исто така, за да го спроведе сето се користеа уцени и притисоци. Блиски луѓе на власта ги искористија познаствата да рекетираат по една стара веќе видена шема: едно евто за мене, едно еврп за црквата.

Така со Заев Македонија има најголем јавен и државен долг. И наместо ветената европска иднина, коалицијата СДС и ДУИ, ја осиромашија земјата и ги натераа младите уште помасовно да ја напуштаат земјата.

Младите бараат работа, стабилност и сигурност, нешто што оваа власт неможе да им испорача. Отварањето на и онака малиот број нови работни места не го задоволува побарувањето на младите во земјата. Платите се ниски, а зголемувањата на платите и пензиите, како и довербата во оваа власт, инфлацијата одамна ги изела.

Свесни дека се прочитани и дека нема што да му понудат на народот за следните парламентари избори, властите прават напори да воведат контрола на медиумите, да ги ограничат протестите, односно да воспостават режим. Ова е сосема различно  од времето на Груевски, кој беше обвинет за воспоставување на режим и затворена држава.

Во тој контекст се служат и со Советот на амбасадори кои бараат од лидерите на политичките партии претставени во Собранието, и согласно тежината на нивната политичка одговорност час побргу да ги заменат нивните теснопартиски интереси со државните интереси и да ја поместат одлуката за оддржување на предвремени парламентарни избори до почетокот на летото или пак изборите да се одржат, во нивниот редовен термин на крајот на 2020 год.

Меѓутоа, Се покажа дека Зоран Заев и челниците на СДС и ДУИ се национална катастрофа за земјата.

Тие го сменија името на земјата, идентитетот на македонскиот народ, ја напривија земјата двојазична, му ја подарија историјата на Бугарија и Грција и го оставија македонскиот народ без иднина. 

Зоран Заев мора да си оди за да може Македонија да оди напред и Македонија да победи. А тоа може да биде само со најсилната опозициска партија ВМРО ДПМНЕ на чело со Кристијан Мицковски.

Мицковски е лидер кој со помош на органите на партијата знае и умее да ја води не само партијата, туку и земјата.

Тој може да го врати достоинството и гордоста на македонскиот народ.

 

На прво место

News image

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со огромна разлика

Ќе имаме огромна победа со огромна разлика. Буквално секој рејтинг, секоја анкета го кажува тоа. О...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.