|
|
Најголемиот непријател на Македонците лежи во нашата неслога |
Според преданијата и ретките историски записи, Александар Велики Македонски пред да умре прорекол дека: пеесет и пет генерации Македонци нема да се сложат и братски да се соберат, и поради тоа нашата Мајка Македонија ќе пати од раздорот на своите сопствени чеда, разделена и поробена. Колку и да веруваме или не на вакви легенди, факт е дека најголем непријател на Македонците низ минатите милениуми биле и останале – самите Македонци. И ден денес едни квази-политичари вршат предавства врз сопствената татковина, само и само да бидат на позиција да седат на фотеља. Клетва или не, но вистина е дека најголемиот непријател на Македонците лежи во нашата неслога, а не во Атина, Тирана, Софија, Белград, ЕУ или НАТО! Многу пати сме читале во историјата колку Македонскиот народ бил предаден и продаден заради лични интереси, од внатрешни и надворешни предавници. Тие биле и секогаш ќе си бидат само уште една во низата променливи и природни непогоди што поминуваат над оваа напатена земја Македонска. Социјалдемократите на чело со Заев се здружија со ѓаволот само за да дојдат на власт, а сега ја уништуваат унитарноста на македонската мултиетничка држава. Со влегувањето на мала врата на власт во 1992, 1994, 2001 и 2017 година, СДС остави пустош во македонската економија, што му донесе беда и сиромаштија на македонскиот народ, а што е најтрагично и со носење противуставни закони, се поиграа со Уставот и законите кои го трасираа патот за декомпонирање на македонската држава. Многу пати сме читале во историјта колку Македонскиот народ бил предаден и продаден заради лични интереси, од внатрешни и надворешни предавници и колку пати нашата татковина била фрлена на колена, но сепак секогаш станувала цврсто на нозе! Затоа ние Македонците мора да кренеме глава гордо високо, да бидеме будни и да работиме за да ги дочекаме спремни нашите пет миниту, а ќе дојдат со Господ напред на 12 април следбата година! АМИН ГОСПОДЕ! |