Среда, 18 Декември 2019   
По смената на владата на Никола Груевски, новата власт со прекумерно задолжување

1 1Свекрва

По смената на владата на Никола Груевски, новата власт со прекумерно задолжување

По смената на владата на Никола Груевски, новата власт со прекумерно задолжување стана заложник на светските финансиски институции

Во светот на новиот светски поредок има повеќе примери како исчезнуваат земјите кои сакаа да останат независни. Лидерите на земјите кои се залагаа за независност на своите земји беа сменети со воена сила, преку економски санкции, а некои и со т.н. шарени (обоени) револуции.

По смената на владата на Никола Груевски, новата власт со прекумерно задолжување стана заложник на светските финансиски институции, така да по завршувањето на процесот против македонскиот идентитет, кој е започнат со Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и Законот за јазиците Македонија може да биде растурена на ист принцип и може да исчезне од светската карта.

По доаќањето на Зоран Заев на чело на владата на Македонија, земјата стана резерват во кој при отсуство на правото со низа експерименти се уништува домицилниот македонски народ. Со Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и Законот за употребата на јазиците, спротивно на Уставот и законите, се поставуваат услови за фадерализација и поделба на земјата помеѓу источниот и западниот сосед.

Согледувајќи дека владата на Заев со договорите и Законот за јазиците, се откажа од името, идентитетот, како и создаде услови за албанизација на македонската држава, во Софија се разбудија духовите на минатото.

По преставниците на бугарската власт ни најмалку не е за изненадување изјавата на Бугарската академија на науките (БАН) дека „македонскиот јазик не постои, зашто е писмено-регионален стандард на бугарскиот.“

Од друга страна албанските политички преставници од ДУИ бараат спроведување на законот за употреба на јазиците, со кој албанскиот треба да стане втор официјален јазик на цела територија. Тоа значи дека доколку се примени ќе му се става крај на државата.

Единствен светол зрак доаѓа од Веницијанската комисија која препорачува да се преиспита законот за јазиците и напуштање на одредбите за двојазичност во судските постапки. Според комисијата, новиот закон значително ја проширува употребата на албанскиот јазик и во многу аспекти ги надминува европските стандарди утврдени со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици.

Оваа препорака го отвара прашањето дали СДСМ ќе ја прифати препораката на Комисијата за законот за јазиците, која може да го растури политичкиот брак на СДСМ и ДУИ и тоа во пресрет на парламентарните избори, со оглед на цврстиот став на ДУИ дека законот за јазици мора да остане во употреба.

За да ги задржат фотељите, кои им се нишаат по низата решенија кои се спротивни на вољата на народот, сегашната власт сигурно нема да се осврнат на препораките на Венецијанската комисија, без разлика што да вети. Тие дојдоа со помош на албанскиот електорат и сега ќе се обидат да го изманипулираат. Но сега мнозинството од албанската заедница се свесни за штетноста на политиката на заевистите.

Наоѓајќи се во многу неблагопријатна ситуација, кога се назира губење на изборите и судски процеси, сосема сигурно е дека сегашната власт ќе бара одложување на изборите. Доколку не го добијат тоа, можни се и несодветни реакции кои можат негативно да се одразат  врз општеството. Ако тоа не успее можни се веќе испробани решенија од арсеналот на СДСМ, кој вклучува и колапс на македонското стопанство и растурање на државата.

 

На прво место

Историја

News image

Илинденските топчиња изработени од монасите на Бигорскиот Манастир

За „Македонска нација“ ги изнесе своите сеќавања 93 годишниот Блаже Јанкуловски-24 Јуни 2009 г.

Иселеници

News image

Сеќавање: 30 години од смртта на Јован Кокаловски

ПОЕТ, НОВИНАР И ОПШТЕСТВЕНИК На 30 мај 2020 година се н...

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ РИМСКИ ИМПЕРАТОР ШТО ГО ПРИЗНАЛ ХРИСТИЈАНСТВОТО

3 јуни е празникот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена. 4 јуни е празникот на св...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (23)

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА ТЕБА ОД ФЕНИКИЈЦИТЕ - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.