Четврток, 26 Декември 2019   
Во среда со Гоце: Банана држава без избор и право на живот!?

Goce MarkovВо среда со Гоце: Банана држава без избор и право на живот!?

Колку макови зрна Ум ни се потребни за да разбереме некои животни вистини? За вештини не разговарам!

Како интергалактички будали населија една мала група на млади неопитни, шарени по држење и ги држеа на краток ланец со бело брашно по ноздрви чекајќи право исправено на прав пат. Ве населија по порталите како мегафони на лажно гласноговорништво, оперирани од срам на срце и перде на очи….

Вие сте сноп од рефлектирачки судбини во очите на експлицитниот читател. Скрин Шот рефлексии од изверзирани подлизурковци и предавници на родот свој а сегашни подржувачи, па се до смешно-трагични ликови на осмодделнки Комитки а всушност чир на општеството со нивната ступидна и праволиниски средена мисла составена од 25 збора поврзани без сврзници решиле да водат земја!?

 Овие, заедно со костумираните Војводи, и со непријателот кој до вчера зјаеше на состаноци по Началството и горските намесништва, сега се најголеми Патриоти, ама во нивните глави само! Законот им е пиштол! Јаболко паднато од црв нагризано учи гравитација… Која мајка си заборавила чедо на вакви места?!

Вие сте како нелегални градби, дивоградби, вие сте како тесто без квасец, профитери и бивши директори т. н. функционерчиња а мои амигоси кои плачат за внимание и понекој тендер од милиони милијарди и желба пуста.

Исвирена шупелка сте! Се крстите на нов хаос за да ќарите во Матната во некоја нова идеја за кантонизација и федерализација ија на ова што остана од држава…Да се допродаде некупеното од свој џеб и народното. Џабе ви власт,, другари комити” и војводи капиталисти ако изгубиме Јазик и Образ! Јазк да ви е живеачката , овде првпат гледам како атеисти го слават Бога преку тој начин. Ставањето на прстот на челото на Умот во рамки на државни институции ќе донесе контрапункт на реалната состојба на терен, една нова сила и енергија која ќе лута низ лавиринтите на сивите вијуги и на системот. Вашата свест, тоа е запечатена судбина, тоа е моментум, тоа е оган во ѕвездите, пиштол во рацете на граѓанин во афект.

Среќа што сме питом Народ! Македонскиот, отсекогаш бил сличен на окованиот Прометеј, на туркачот Сизиф, на силниот Атлас, понекогаш и на брзоплетиот Епиметеј!! Вечно казнуван за Мисла, за Идеја, за имање Срце! Да ви се помочам во желбата за азна и власт, кога од Оган и Мисла направивте само разводенети лаги. Кауза, цел за вас е непозната, заедно со сончоглетките, сунѓер од впивачки соништа и мисли, ама однадвор сте лажни, временски штури, молци на ароганција, себевљубени идиоти, азнобарачи и интригантни осмоделенци на триесет и кусур,а тука се и непријателите на идеолошкатаа свест! Изградивте тврдина со лажни темели, општество без вокали и нација на вулгарен вокабулар! Ние, сме непокорлив народ, троскот и инает во опстанокот на прогресивната и револуционерна мисла. Без основа за живот без пари за леб до прикажан приход до антикорупциска?! Амбивалентната природа на Македонецот е чудовиштето во Нас, во Вас и ќе ги демне сите нови генерации на слабокрвни крводарители!Таа малодушна енергија ни сами сопирачки ефект кај обичните и за пари сниски. Дозволивме малоумници да бидат основачи на новиот поредок?! На новата Македонска нација! Не постои блага дума да ја опишам вашата проституција и духовна хибернација.Една мала психопатка е повредна од вашите џипови и полни џебови. Ја продадовте грутката за тендери, лажна левица, извикана идеологија нападната од жив паразит дел од живата храна на Плавата крв.

Немате идеали, немате смисла да се кажувате жители овде.Едно големдисување ваше остана и лажните величини на великодостојници стари ама недостојни за почит од специјалното одделение. Мојот ум е мојата ќелија! А вашата крв е со намалени еритроцити и со чудна претстава за индивидуалната ќелија која ќе ја барате во иднина. Јас ќе си пресудам и ќе бидам затворен во мојата иднина а вам Бог оти ја продадовте Онаа која ние ја поплочувавме со пот и со крв, со надеж, љубов, емпатија и самобит. Ги следам смешните потези на локалната богомолка од партија и се чудам! Дали таа е таа онаа која психопатично ви го контролира здивот?! Ги гледам надвор оџаците, возила и си мислам:Само јас ли да го загадувам воздихот кога Депонијата на ридот не води кон нови хоризонти и поглед кон болничкиот плафон. Канцерот е гостин во секоја трета куќа. А надвор ладно на тело, топло па ладно на душа, а пече црното сонце на последната есен на,, плава крв” се чека миризот на загорено на тристе степени жива вистина, човечко месо!?

Ќе има разработена шема на математика психологија на нашиве малку технократи, обучени од приватни учители. Овие се чеда на страв и со агентура со двапати поново предавство и едно од комитин кој сега чека амин од нашиве. Вие сте интелектуално осакатени единки, да вие сте озрачени од нуклеарката која радијално ја озрачи радиоактивната логика на расудување.

Со вакви политичари јас мислам дека немаме потреба од Иднина!

Пишува: Гоце Марков

Kолумнист, Човек и Македонец

https://bregalnicki.mk/vo-sreda-so-goce-banana-drzhava-bez-izbor-i-pravo-na-zhivot/

 

На прво место

News image

Заев противправно го узурпира мандатот, а соучесник во кршење на Уставот е и Пендаровски

Зоран Заев во негова корист продолжува со кршење на Уставот.

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Иселеници

News image

ПАРАКЛИСОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА И СПАСИТЕЛОТ ИСУС ХРИСТОС“ ВО ЗУБОВЦЕ (24)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

ЗБИРКА ПОЕЗИЈА ОД ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА

  Оливера Петрова-Јовановска Деновиве, во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, изле...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (33)

ПРАИСТОРИСКИОТ КРИТ И КИКЛАДСКИТЕ ОСТРОВИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.