Среда, 01 Јануари 2020   
СО БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ НЕКА Е СРЕЌНА И БЕРИЌЕТНА НОВАТА 2020 ГОДИНА

1 1Свекрва

СО  БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ  НЕКА Е СРЕЌНА И  БЕРИЌЕТНА НОВАТА 2020 ГОДИНА И НЕКА СЕ ВЕСЕЛИ БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ КОИ НИ ПРЕТСТОЈАТ.

Еве и Новата Година ни дојде, избега уште една, и успешна и плачлива и добра и лоша година, и тоа од оние поголемите години, кога се случуваат милиони нешта, година од оние што се забележуваат.

Македонската  историја е преполна со примери за предавства и за крвави братоубиствени пресметки – време е сето тоа да престане.

На 12 април 2020 година треба да се оддржат предвремените парламентарни избори. Со оглед на расположението на народот, Социјалдемократите кои освен во 2002 година, кога регуларно и добија изборите, повторно се обидуваат со интриги да добијат нов мандат. Доколку пак адутите не им одговараат ќе се  се обидат истите да ги одложат.

Така на челниците на СДС кои досега повеќе пати го прекршија уставот сега им смета поставување на професиналец на чело на МВР, кој како дел од техничката влада треба да спречи секакви изборни манипулации.

Од осамостојувањето до денес раководството на СДС не покажа никакви државнички квалитети, напротив зад себе имаа лош бекграунд и на нивна сметка се препишуваат 150.000 државјанства дадени на косоварите, референцата БЈРМ, промена на знамето од Кутлеш, лошата територијална поделба, потоа промена на уставното име и идентитетот, како и распродажбата на македонската историја, јазикот, признавање на албанскиот јазик за службен на цела територија на Македонија, со што ја доведе во прашање унитарноста и стабилноста на државата на македонскиот народ.

На предвремените парламентарни избори во декември 2016 година, победи ВМРО ДПМНЕ но неуспеа да формира влада, откако не ги прифати барањата на дотогашниот коалиционен партнер ДУИ. Но барањето за прифаќање на Тиранската платформа не му сметаше на СДС кој коалицираше со ДУИ и успеа повторно со манипулација да ја превземе власта во земјата.

Имено, тогашниот претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, пред да го додели мандатот на Зоран Заев и СДС да се обидат да формираат парламентарно мнозинство а со тоа и Влада на Македонија со ДУИ побара и доби на 16 мај 2017 година писмени гаранции дека Зоран Заев како иден мандатар гарантира дека СДС и новото парламентарно мнозинство нема да пристапи кон уставни измени по ниту една цена.

За жал, Зоран Заев откако го доби мандатот и формира влада ниту се држеше до писмените гаранции, ниту пак беше отповикан од претседателот, иако изврши Уставни измени спротивно на вољата на граѓаните. Со Преспанскиот договор од 17 јуни 2017 година дојде до промена на името, а со Законот за употреба на јазиците, албанскиот стана втор службен јазик на целата територија на државата, ставајќи го над јазиците на другите малцински заедници.   

Не помалку е штетен и договортот за добрососедство со Бугарите, кои не признаваат постоење ни на македонски народ, ниту на македонски јазик. Едноставно Македонците треба да се откажат од својата историја и јазик до 1944 година. Како што се гледа во целата понова македонска историја, Социјалдемократите имаа направено огромни штети по македонскиот народ и држава.

Едноставно својата власт ја користат не во интерес на македонскиот народ и останатите малцинства кои живеат во земјата, туку за сопствено и богатење на црвената елита, воспоставена со неправедната транзиција на општествениот капитал во приватен на почетокот на деведесетите години.   

Дека немаат исав, покажа и аферата „Рекет“ каде се рекетираат бизнисмени, а пипците на октоподот потекнуваат некаде од врхушката на власт. Тоа покажува дека октоподот од аферата „Тат“ никогаш не бил уништен и дека сега е сеуште посилен, поддржан од криминалното подземје кое ровари на сите страни.

Македонецот никогаш не се чуствувал понебезбеден со секојдневните пукања, запалени коли, а чантите во кои се пренесуваат милионите кои се споменуваат во аферата „Рекет“ се само сон на мнозинскиот народ кој е заложник на банките и извршителите и тоне во сиромаштија.

Иако сиромаштијата е видлива со голо око и секој кој живее во Македонија ја чуствува и излез бара да замине во странство, власта предводена од Зоран Заев не убедува во спротивното, дека „мед и млеко тече во земјата“.  Меѓутоа, токму човекот кој го постави за претседател го демантира со изјавата дека со вакви плати „ако не бил претседател и тој би се иселил од земјата“.

Синдромот на Пинокио, во медицината познато е како патолошкото лажење како митоманија. Одредени луѓе имаат потреба од извртување на вистината со цел себеси да се прикажат во убаво светло.

Кај возрасните најчесто се јавува кај суетните луѓе, емоционално незрели луѓе и луѓе со мала вредност. Тие ветуваат сешто и ја прикажуваат состојбата розова.   

Но искуството не учи да не им веруваме на патолошките лажговци, туку на оние кои многу неветуваат туку многу остваруваат. Тоа се луѓето кои се дел од тимот на Христијан Мицкоски во ВМРО ДПМНЕ.

Народот тоа го знае и своето ќе го каже на предвремените парламентарни избори на 12 април 2020. Но доколку некој се обиде тоа да го спречи, како што велат од опозицијата тогаш сигурно ќе се соочат со гневот на народот.

 

На прво место

Историја

News image

Илинденските топчиња изработени од монасите на Бигорскиот Манастир

За „Македонска нација“ ги изнесе своите сеќавања 93 годишниот Блаже Јанкуловски-24 Јуни 2009 г.

Иселеници

News image

Сеќавање: 30 години од смртта на Јован Кокаловски

ПОЕТ, НОВИНАР И ОПШТЕСТВЕНИК На 30 мај 2020 година се н...

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ РИМСКИ ИМПЕРАТОР ШТО ГО ПРИЗНАЛ ХРИСТИЈАНСТВОТО

3 јуни е празникот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена. 4 јуни е празникот на св...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (23)

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА ТЕБА ОД ФЕНИКИЈЦИТЕ - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.