Понеделник, 13 Јануари 2020   
Ако во Македонија имаше правна држава Фијат Цановски веќе требаше да е во затвор

nikola 1

Никола Груевски 

Ако во Македонија имаше правна држава Фијат Цановски веќе требаше да е во затвор најмалку пред една година.

Овој олигарх својата моќ ја создаде со користење на многу слабости на системот уште пред моето доаѓање на премиерската функција.

Од скромен и непознат релативно мал бизнисмен со мала градежна фирма успеал на некој начин да издејствува дозвола од државните органи да отвори универзитет каде според повеќе сведоштва забележани се случаи каде некои се спремни добро да платат за да дојдат до диплома.

Според информациите, се чини незаконската градба му била нормална работа, па и објектот на универзитетот му бил дива градба која успеал и како таква да ја стави под хипотека во една банка за кредит.

Ова се работи кои обвинителството ако сака може да спроведе истрага, да ги провери и разоткрие.

Подоцна на сцена стапува и силната медиумска подршка преку убедливо најмоќниот медиум во тоа време сопственост на неговиот поранешен сват исто така инволвиран во повеќеслоен милионски криминал за кој подоцна беше во затвор.

На крајот моќта ја заокружува и преку формирање партија со која го употребува гласачкото тело за да дојде до пратеничка положба како инструмент за освојување на поголема финасиска моќ и влијание.

Во фазата кога јас станав Премиер тој веќе во најголема мера ја беше изградил својата бизнис империја, а јас секако споделувам вина што институциите во времето кога бев премиер недоволно се фокусираа да го истражат неговото минато и да го разоткријат и докажат овој концепт на правење бизнис.

Сепак со стопирањето на дивата градба на објектот Космос, општината Гази Баба покажа дека правото во Македонија во тоа време за актуелни случаи функционира дури и кога станува збор за високо политичко лице-пратеник и претседател на парламентарна партија во тоа време.

Законот предвидува 10 години осуда за кривична одговорност за градење ваква дивоградба како Космос и наместо овој човек да го добие заслуженото, со политичка подршка и разни нему својствени методи, одкако ги загуби сите судски спорови за дивоградбата Косомос, успеа да дојде во ситуација да се представува жртва наместо престапник на Законот кој треба да е изнесен пред суд. Успеа да дојде и во ситуација да бара оштета од државата во вредност од 40 милиони евра, наместо да биде осуден за нелегално градење. Успеа да биде газда на универзитет, наместо државниот систем да направи истрага за начинот како ги заработил парите преку универзитетот и да сноси одговорност за она за што заслужува.

Згора на тоа велат дека на тој начин има влијание и контрола на голем број универзитетски професори и интелектуалци ставајќи ги некои од нив во ситуација јавно, политички, правно, пред студенти, медиумски, своите познанстава и личен авторитет да ги ставаат во негова заштита, кој кога зборува се прашувате како ли завршил средно училиште, а за повеќе од тоа неможете ни да помислите.

Со доаѓањето на власт на СДСМ овој човек за кого велат дека е голем љубител и посетител на казината низ Европа и светот, најпрвин успеа преку СЈО да му биде повлечено обвинението за дивоградбата Косомос, која службениците на општината Гази Баба навреме ја открија и со почитување на Законот ја стопираа.

Дека е дивоградба, самиот Цановски потврдил и писмено, барајќи од истата општина одкако го открила неговиот криминал во овој проект, да му биде промената градежната дозвола и да му биде прилагодена на дивоградбата.

Човек кој е чесен, кој е во право, кој работел законски, кој знае дека правдата е на негова страна, кој градел исправно и по закон, никогаш не би потпишал вакво барање со кое признава дека градел незаконски и моли тоа да му се прифати и озакони. Но Фијат потпишал и го доставил до општината Гази Баба.

Да, практично одкако не му успеале сите обиди за решавање на проблемот кој свесно си го создал кршејќи го Законот и алчно обидувајќи се да заработи повеќе пари, се одлучил да проба да го реши преку барање од општината незаконската градба да ја озакони и веројатно верувајки дека пратеничката функција, медиумското влијание, влијанието на интелектуалците кои ги контролира и политиката ќе му помогнат во тоа.

Но одговорот на општината чии службеници наместо да бидат наградени денес се прогонувани, бил дека непостои законска можност да се смени градежната дозвола бидејќи таа произлегува од Законот, од усвоениот ДУП и од правилникот донесен заедно со него.

Затоа, по формирањето на СЈО, овој снаодлив олигарх брзо нашол заеднички јазик со Катица Јанева, кај која видовме како одат работите, па истата експресно го повлече обвинението на обвинителството во судот кој на чуден начин неколку години го чуваше овој предмет “во фиока”, претпоставувам со многу добра причина која само Фијат ја знае.

Истовремено, плод на таа “родена нова љубов” меѓу Фијат и Катица беше и отворањето на случајот ТНТ, од кој од она што веќе и јавноста го говори, планот е со незаконско судење, да се дојде до огромен милионски износ на незаконско обештетување кој потоа би се распределил на сите кои помогнале во овој грандиозен криминален проект за незаконско испумпување милиони евра од државниот буџет, за чија реализација потребно е најпрвин неправедно обвинетите во фабрикуваниот случај ТНТ да се прогласат за виновни и осудат.

Нервозен што неправдата наидува на пречки и на отпор, на очигледно несогласување на поединци да бидат дел од едно вакво злосторничко здружување, Фијат Цановски денес даде кратка изјава со многу лаги и навреди во неа: дека се сомневал дека јас сум поткупил поротничка, дека сум му ја срушил зградата, сум бил на чело на мафија, се сум диктирал од Будимпешта и други лаги и невистини кои не за прв пат ги искажува.

И за крај да кажам, да не биде дека не е кажано.
Од она што го имам дознаено олигархот охрабрен од тоа што е дел од власта и веројатно во дослух со истата, на истите темели на Косомос повторно гради зграда, а криминалот и дивоградбата е токму во тие темели и подземни гаражи.
Тој веројатно се надева дека додека е на власт ќе изгради и продаде, па потоа ќе се заборави.

Да потсетам дека повлекувањето на претходното обвинение за дивоградба не е ниту застарено, ниту конечно.

А за новата градба, секако државата одкако ќе се реформира и ќе добие власт која работи по закон може да отвори нов случај и конечно овој транзициски лик да заврши таму каде одамна требаше да биде.

 

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (39)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (39)

Иселеници

News image

Богојавление го одбележаа и Македонците во Албанија

Богојавление го одбележаа и Македонците во Албанија

Култура и туризам

News image

ЗА БОЖИЌ -СО ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ

Поетесата Марија Емилија Кукубајска ЗА БОЖИЌ  -СО ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (3)

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТАНА ПАНОНИЈА (ДЕЛ I)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.