Понеделник, 13 Јануари 2020   
Седум стотини и педесет

jason-miko2Седум стотини и педесет

Оваа колумна ја пишувам во Скопје, главниот град на Република Македонија, како што е и ред. Првпат ја посетив Македонија во мај 1996 година, а се преселив тука во јули 1996 година, што се претвори во седумгодишен престој.  Почнав да пишувам колумни за македонските весници во 2001 година. Досега имам напишано 750 колумни наменети за македонската публика. Покрај колумните, имам напишано и многу други текстови, една монографија, како и две книги кои се надевам дека наскоро ќе бидат објавени.

Во сите овие многу години кои ги минав во и со Македонија, моите пријатели повеќе пати ми кажале дека, едноставно, си го губам времето со тоа што си посветувам дел од животот на Македонија.  Признавам дека повеќе пати и јас самиот сум го помислил тоа – што правам тука? – си велев. Но, секогаш кога ќе го помислев тоа, ќе се случеше нешто, некој настан, нешто што некој пријател ќе ми го кажеше, ќе прочитав нешто – што ќе ме потсетеше зошто сум во Македонија. Нема да навлегувам во детали, но доволно е да се каже дека слушав „тивок, благ глас“, каков што слушнал и старозаветниот пророк Илија – а знаеме од кого доаѓа тој глас.

Зошто ми велеа дека си го арчам времето? Зошто и самиот го помислував тоа од време на време? Мислам дека тоа произлегува од многуте фрустрации со кои Македонците беа соочени и се уште се соочуваат; вашите борби, тешкотии, предизвици, а честопати и глупостите кои ги предизвикуваат странците или пак некои од Македонците, а кои навидум никогаш не можат да се надминат или решат. Точно е дека сите народи, сите нации, сите култури се соочувале со проблеми низ историјата. Честопати западните елитисти ги обвинуваат Македонците и вашата култура за овие проблеми. Би се согласил дека некои од вашите страдања произлегуваат од културата; да беше Македонија колонизирана од Англичаните 500 години, наместо од Турците, секако дека работите ќе испаднеа поинаку. Но, верувам дека најголем дел од пречките со кои се соочувате не произлегуваат од македонската култура, туку од фактот дека Македонија страдаше под комунизмот (и се уште страда од него, на одреден начин). А бидејќи желбата да го видам злото на комунизмот поразено беше тоа што првпат ме поттикна да навлезам во политиката, разберете ме дека добро ги познавам последиците од комунизмот, како тој ги расипува општествата (иако мислам дека е потребно поинакво име за комунизмот) и колку маки и предизвика на Македонија.

Такво е времето во кое живееме – штетните последици од комунизмот, социјализмот, воинствениот атеизам, секуларизмот, (левицата има многу имиња) – се гледаат во учењето дека човекот е Господ и дека утопијата може да се оствари со општествено инжењерство и дека овој свет е се што имаме. Способноста на човештвото да го завладува и уништува човештвото е опасна и зла филозофија која има длабоко навлезено во Македонија, и во многу други држави во изминатиот век. Ако се вратиме назад во македонската историја во изминатите декади ќе препознаеме од каде произлегува ова извитоперување на начинот на размислување, на навиките и обичаите, кои придонесуваат кон многубројните проблеми на Македонија и на Македонците.

Со ова не сакам да кажам дека либералната демократија во комбинација со капитализмот е совршен модел и ги нуди сите одговори. Но, кога е правилно разбрана или применета, таа е далеку најсупериорниот модел на владеење и управување со економијата кој досега е измислен од човекот. Ако на тоа го додадеме правилното разбирање на односот на човекот со Господ и работиме на тоа тој однос да функционира на индивидуално ниво, имаме рецепт за успех. Мажите и жените треба првин да бидат во правилен однос со Господ за да можат да работат на политики и услови за создавање на добро и исправно општество.

Читајќи ги моите утрински поуки на Божиќ, 7 јануари, во Македонија, ги прочитав следните зборови на христијанскиот автор Освалд Чемберс ( 1874-1917): „Пријателството е ретко на Земјата. Тоа означува идентитет во мислата и во срцето и во духот“. Минувајќи многу време со Македонци кои ги сметам не само за мои пријатели туку и за дел од моето семејство, мислам дека можам да се наречам себеси пријател на Македонија и на Македонците, каде и да се. Дефинитивно можам да кажам дека сум живеел со Македонци веќе четвртина век, и сочуствувам со Македонците, со вашите борби, успеси, радости и болки.

Штотуку за првпат го прославив православниот Божиќ во Македонија и како македонски православен верник мислам дека е помалку иронично што на Бадник, паричката се најде токму во моето парче од погачата. Не верувам во среќа но верувам во божјата промисла, и затоа ова го сметам како знак од Него, од кого доаѓаат сите добри нешта. Ќе продолжам да пишувам и зборувам во поддршка на Македонија и да ја сакам Македонија и Македонците, бидејќи имам примено толку многу благослови од вас и бидејќи имам обврска и должност да продолжам да го правам тоа. И затоа што Македонците сакаа да бидат мои пријатели. Ви благодарам, од се срце.

 

На прво место

News image

МАКЕДОНИЈО, ТЕ САКАМЕ (во сите твои бои)

Марија-Емилија КУКУБАЈСКА и Емилија Кукубајска

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (61)

Милче Милошевски денес е пензионер кој од детство другарува со Маноил Мане Јаковлевски. Нивното др...

Култура и туризам

News image

Настанување на селото Лазорополе и потеклото на неговите жители

Лазорополе за прв пат се споменува во Кодиката (книгата на дарители) на манастирот Слепче, во вторат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (28)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ I Кога Јасон и Медеја дошле на брод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.