Среда, 29 Јануари 2020   
Драги мои Македонци, не дозволувајте Македонскиот идеал да се сруши

mane 1Манојил (Мане) Јаковлеск

Македонија е прва во Европа по корупција според Транспаренси, со убедливо најлош резултат, а Економист ја стави државата во земји со хибриден режим. Тоа е така поради криминалот и корупцијата. Македонија е меѓу топ 10 земји според најголема невработеност на младите. Иселувањето е сериозен проблем.

Три години Зоран Заев и СДС владеат со лаги, измами и криминал. Три години граѓаните страдаат, а мафијата профитира.

Економијата е далеку од ветените 5% раст. Администрацијата е партизирана. Функционерите наместо да работат, со нозете во вис го поминуваат работното време.

Зоран Заев и СДС наместо на развој се насочија на раскрчмување на државата. Се делат тендери и бизниси на фирми формирани непосредно пред да се распише јавниот повик. 

Граѓаните се иселуваат масовно, што поради нискиот стандард, што поради нефункционалната држава. Апатијата, криминалот и безредието мора да завршат.

Социјалдемократите се здружија со ѓаволот за да дојдат на власт, а сега го уништуваат македонскиот народ и неговата држава.

Зарем Македонија го заслужува тоа?

Драги мои Македонци, лути сте знам, и јас сум многу лут за се‘ што се случуваше овие години во државава. Лут сум на сите оние кои заради лични интереси помогнаа циркузанти да ни ја водат државата. Морам да ги ословувам со циркузанти, ми се виде како најпогоден збор.

А како поинаку да ги нарекувате овие кои се на власт кои служат за потсмев во целото соседство, па и пошироко? Како поинаку можат да се наречат оние кои едно зборат наутро, а со сосема спротивен став си легнуваат? Муви без глава или циркузанти. Меѓутоа, како сите тие да заборавиле на елементот народ, навидум мирен, искусниот македонски народ кој ја препознава играта на оваа гарнитува на власт и не заборава, својот одговор ќе го даде на следните избори на 12 април.

Вистинскиот Македонец не трпи уцена, вистинскиот Македонец знае како да добива и како да губи, знае да падне, за да мора потоа да се исправи, погорд и посилен од порано. 

Ниту еден договор, ниту еден акт донесен од Заев не може да го поколеба чувството на секој еден Македонец дека ние сме Македонци од Македонија, дека нашиот идентитет е Македонски и дека името на нашата земја е Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христија Мицкоски е единствената сериозна политичка партија која нелицемерно и отворено кажува кој е патот со кој може да се смени оваа реалност. Драги мои Македонци, на 12 април да го направиме последниот напор и да застанеме заедно, зад АМАНЕТОТ, зад ИДЕАЛОТ, за Македонија!!! 

Одговорност после 12 април мора да има. Заев и СДС се виновни за се што и се случува на државата.

МАКЕДОНИЈА НАД СЕ‘!

 

На прво место

News image

БУГАРСКИТЕ ВЕСНИЦИ ОД 1905 ГОДИНА ЈА НАПАЃАЛЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ДЕЈНОСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во нашата јавност е малку познато дека, за разлика од денес, бугарските весници од околу илинденск...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (72)

Македонскиот народ се соочува со огромни притисоци и со оваа марионетска власт предводена од лидер...

Иселеници

News image

БОГАТО МИНАТО И СЕГАШНОСТ НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА (3)

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на ...

Култура и туризам

News image

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЈУГОСЛАВИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ“ ВО РИМ ВО 1979 ГОДИНА - ДЕЛ I (23)

ЕДИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ 

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.