Среда, 29 Јануари 2020   
Македонија наскоро 30 членка на НАТО

1 1Свекрва

Владата на Шпанија неодамна го усвои и го достави на усвојување во Парламентот протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, притоа барајќи протоколот да биде ратификуван по итна постапка.

Со оглед дека Шпанија е последнта членка на НАТО која се очекуваше ратификација на протоколот за прием на Македонија, македонската влада веќе го достави Предлог-законот за ратификација во Собранието, пред тоа да се распушти поради предвремените парламентарни избори. Што значи дека земјата наскоро се очекува да стане 30 членка на НАТО.

Македонија која од осамостојувањето ги истакнуваше своите евроатлански аспирации беше принудена да го смени своето уставно име само за да стане членка на НАТО, Имено, поради своето уставно име, Република Македонија беше постојано изложена на вето од јужниот сосед при нејзините обиди да стане член на ЕУ и НАТО.

И покрај категоричното залагање на неколку водечки земји во 2008 година, меѓу кои и САД, Грција ја блокира поканата за Македонија за членство во НАТО, со образложение дека постојат лоши односи меѓу двете земји поради нерешениот проблем со името.

Со истото образложение Грција го спречуваше и влезот на Македонија во ЕУ. Подоцна таа не ја испочитува ни одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг донесена во 2011 година во која се наведува дека Грција ја прекршила времената спогодба од 1995 година, со која јужниот сосед се согласува да не се противи на пристапување или полноправно зачленување на земјата под референцата БЈРМ во меѓународни, мултилатерални и регионални организации и институции каде Грција е член

Откако по Преспанскиот договор СДСМ го смени уставното име, земјата со забрзани чекори оди кон полноправно членство во НАТО, но сеуште е многуу далеку од ЕУ.  Сега кога Британија е пред излез од ЕУ, додека Македонија стане членка на унијата, ЕУ може дури и да се распадне.

Во овој период кога пред предвремените парламентарни избори пропагандните партиски машинерии засилено работат, СДС се почесто му го поставува прашањето на раководството на ВМРО ДПМНЕ дали доколку дојде на власт ќе го вратат уставното име. Со оглед дека челниците на ВМРО ДПМНЕ најавија ревизија на Преспанскиот договор, социјалдемократите тоа го користат  да ги набедат дека опозицијата се против влез на земјата во НАТО и ЕУ.

Инаку, промената на уставното име не беше легална и не помина на референдум, па сосема е нормално да се очекува дека најголемиот дел од македонскиот народ ќе го поддржи ВМРО ДПМНЕ на парламентарните избори на 12 април.

Откако земјата ќе стане равноправна членка на НАТО, можни се во иднина Грција и Македонија да разговараат за корекции на негативните аспекти од Преспанскиот договор, а исто така доколку во Собранието во Македонија има и доволен број на пратеници да се разговара за враќање на уставното име.

Всушност една од најстарите членки на НАТО, Холандија на почетокот на 2020 година го врати старото име  Нидерланд, се со цел да се ослободи од имиџот за дрога и проституција и да ги врати туристите. За тоа што таа го смени името никој нема да ја избрка од членството во НАТО.

Македонија се очекува пред избори да стане 30 членка на НАТО. Но тоа не значи дека и криминогената власт на Социјалдемократите повторно ќе освојат власта. Народот знае што сака и кого да избере.

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: На денешен ден, пред точно 22 години згасна животот на Драган Богдановски

Христијан Мицкоски: На денешен ден, пред точно 22 години згасна животот на Драган Богдановски, но ...

Историја

News image

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941: Што си дошол, ти си се борел за М...

Иселеници

News image

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Метод...

Култура и туризам

News image

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ.

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (22)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.