Среда, 12 Февруари 2020   
Секој чесен Македонец треба да застане во одбрана на името Република Македонија

1 1Свекрва

Секој чесен Македонец треба да застане во одбрана на името Република Македонија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров му сугерираше на премиерот на техничката влада Оливер Спасовски да предложи до Собранието разрешување на техничката министерка за труд и социјална работа Рашела Мизрахи, откако таа се појави на прес конференција пред старото уставно име Република Македонија. Според министерот Димитров, таковото делување на министерката Мизрахи имало елементи што можат да повлечат кривична одговорност, бидејќи тоа преставувало грубо кршење на членови од Договорот од Преспа, кој бил стожер на односите меѓу Грција и Македонија. 

Ваквото обвинување доаѓа токму од луѓе кои први го прекршија Уставот и Законите на државата. Тие го потпишаа Преспанскиот договор спротивно на интересите на македонскиот народ и спротивно на јавно искажаната воља на референдумот одржан на 30 септември 2018 година, го сменија уставното име на Република Македонија. И сега оние кои извршија акт на предавство на националните интереси, обвинуваат други дека не го почитуваат уставното име кое патем е неприфатено од најголемиот дел од македонскиот народ. 

Димитров смета дека Рашела Мизрахи неможе да го сфати историското значење на Преспанскиот договор и што значи Устав.

Но изгледа дека тој или неможе да сфати каква историска грешка има направено со потпишувањето на Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија или пак добро знае за грешките и можноста во иднина тој и Заевистите да бидат повикани на одговорност, па затоа е овој циркус што настана со донесувањето на Законот за Јавното обвинителство и Законот за Советот на јавни обвинители во Собранието. 

Заевистите направија флагрантно кршење на Уставот и Законите на државата, а не министерката за труд и социјална работа Рашела Мизрахи, затоа што одржа прес пред табла со името Република Македонија. Обидите тие да го дисциплинираат народот и нивните трибуни како Рашела Мизрахи, нема да го уплаши македонскиот народ и тој ќе го каже своето на предвремените парламентарни избори на 12 април. 

За разлика од Заевистите и поедини македонски полтрони кои континуирано како папагали го повторуваат името Република „С“ Македонија, Мизрахи слободно и храбро стои пред вистинското уставно име.Таа како вистинска припадничка на еврејската заедница, знае да реагира на неправдите и да се бори да се сочува името и исконските корени на Македонците. 

Во тој контекст, по обвинувањата на министерот Димитров, Мизрахи која е на таа позиција како преставничка од ВМРО ДПМНЕ, ќе изјави дека не ја игнорира реалноста, но дека нема да дозволи создавање на нова реалност. Односно дека „демократско право, но и морална обврска на секој граѓанин е кога ќе види неправда и да реагира по истата. Во однос на таблата со името таа ќе истакне дека е наследена и дека не постои стара и нова табла, туку постои само една табла во Министерството за труд и социјална политика, притоа заблагодарувајќи се на вицепремиерката за економски прашања, заради тоа што не ја сменила таблата и со тоа длабоко во себе препознала дека ова е Република Македонија и ова е македонски народ.“

Македонскиот народ е препознат од странските преставници кои многу одамна ја посетиле Македонија. Во тој контекс би го посочиле примерот на британски офицер за врска Патрик Хачисон Еванс (Рединг, Беркшир, декември 1913), кој за време на Втората светска војна, на 16 септември 1943 г. е спуштен во Западна Македонија (Егејскиот дел на Македонија) и кој најголемиот дел од својот престој го поминал во областа на Вичо. Тој во својот извештај доставен до централата на СОЕ во Каиро  на 12. XII 1944 година ќе го констатира следното: „...Ако странец што не ја познава Грција ја посети областа Флорина (Лерин) и потоа формира сопствено мислење за земјата во целина, заклучокот би бил дека Грците се тие што се во малцинство. Тоа е предимно словенски регион, а не грчки. Јазикот по домовите и по правило на полињата, на селските улици, на пазарот е македонски... важно е да се нагласи дека населението, како што не се Грци, исто така не се Бугари или Срби или Хрвати. Тие се Македонци...“. 

Штета е што ова кое го препознал П. Х. Еванс во 1944 година, не можеше да го препознае и Никола Димитров во 21 век. Отука нема место за оправдување за Договорот во Преспа и за Договорот со Бугарија, со кој е сменето името, се менува историјата и со што се задира во идентитетот на македонскиот народ.

Исто така нема место на тврдењето дека со промена на името и историјата не само што ќе станеме членка на НАТО, туку и на ЕУ. Напротив со криминалното однесување на власта, која не ги почитува ни сопствените Закони, која прави циркус во Собранието, со непочитување и сечење на сопствените корени, Македонија е многу, многу далеку од ЕУ. 

Поради тоа, не само Рашела Мизрахи, туку секој чесен Македонец, без разлика на верска, етничка, полова и друга припадност, треба да застане во одбрана на името Република Македонија, во одбрана на идентитетот на македонскиот народ и суверенитетот на македонската држава. Сите заедно треба да станеме против Заевистите кои меѓудругото го воведоа криминалот на голема врата и со аферата Рекет ни го оцрнија образот пред светот.

 

На прво место

News image

Заев е исплашен од сопствениот народ

Заев е исплашен од сопствениот народ кој вечерва чекореше за право, правда и крај на криминално ре...

Историја

News image

Грчки фашисти

Грчките фашистички окупатори си даваат за право да присвојуваат Македонска територија историја и и...

Иселеници

News image

СРЕДБИ КОИ СЕ ПАМЕТАТ

Поранешниот претседтел на Репубика Македонија Ѓорѓе Иванов...

Култура и туризам

News image

Д-р Виолета Ачкоска - познавач на македонската историја (9)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ЛИЧНОСТИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (9)

IV РАЗВОЈ НА ПАЛЕОГРАФИЈАТА НА БАЛКАНОТ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.