Среда, 12 Февруари 2020   
Укинување на Специлајното јавно обвинителство со посебен закон

908Специлајното јавно обвинителство мора да биде укинато со посебен закон заради тоа што со посебен закон е и создадено.

Се’ повеќе преовладува мислењето дека сево ова што се случуваше и се случува околу Специлајното Јавно обвинителство (СЈО) е само маска да се затскријат многу поголеми дела од кои некој можеби има особена корист. На пример, ако веќе се откриле неправилности во тоа Обвинителство и требало да се затвори, тоа морало да се направи со донесување на посебен закон за неговото престанување со работа, особено поради фактот што истото е формирано со посебен закон. Со тој закон морале да се определат доста работи, како: датум на престанување со работа, орган што ќе ги преземе предметите, судбина на предметите и на вработените, ревизија на финансиско-материјалното работење на СЈО и уште доста други работи.

Деновиве се гледа оправданоста на ваквиот пристап кон СЈО бидејќи може да се види дека неукинувањето на СЈО со закон било со цел да се држи напнатост и да се водат нечесни политички и правни игри. Вака, само се оставаат работите отворени за да може некој во некое време да манипулира и со неговите функции и со неговите вработени и предмети, односно да креира причини за замајување на јавноста, а во истовреме да се затскриваат други дела.

Една работа треба да се расчисти во корен. Никако не смеат да се спојуваат работите околу укинувањето на Специлајното јавно обвинителство и правното регулирање на јавнообвинитеската дејност и работи. Значи, донесувањето на закон за обвинителската дејност, под наслов како закон за јавно обвинителство, претставува начин на регулирање на сите аспекти на оваа дејност, со што треба да се опфатат сите подобласти за кои ова обвинителство е и ќе биде надлежно. Работите на укинувањето на Специлајното јавно обвинителство претставуваат еднократна дејност и тие како специфични треба да се одвојат од севкупните активности околу јавнообвинителската дејност. Ако овој текст биде објавен пред да заврши шарадата во Собранието околу Законот за обвинителската дејност, истиот треба да поттикне размислување за раздвојување на овие два аспекта, кои некој намерно сака да ги спои во еден закон - за да може да манипулира и под плаштот на СЈО да ги затскрива нечесните дејанија во делот на јавнообинителската дејност.

            Ако на следните избори падне оваа Влада, новата Влада ќе мора да испита многу работи од оваа Влада, особено во делот на располагањето со финансиите, кои можеби сакаат да ги скријат со ваквите евтини трикови како што е ова со СЈО. Еве неколку индикативни работи:

    - како е можно приходите на централниот Буџет да се приближни, ако не и поголеми во годините од 2016 до 2019 година во споредба со годините преттоа, а да не се гледа каде се потрошени тие средства, да нема значајни инвестиции (да не зборуваме за аспектот на задолжување дома и во странство). Логично се поставува прашањето дали средствата се насочени кон други дестинации;

    - како е можно приходите на побогатите општини и на Градот Скопје да се приближни во двата наведени периода - 2016 до 2019 година и преттоа, а тие општини да не преземаат активности на својата територија? Дали некој им ги земал и им ги зема парите и ги оставал без средства?

    - зошто Премиерот??? во времето го “избрка“Министерот за финансии и тој самиот ја извршуваше таа функција - неконтролиран од никого, макар и за кратко време? Дали тој во тоа време има направено некои нерегуларни дејствија со средствата од државата (односно од народот)?

    - се слуша дека при изгласувањето на уставните промени на одреден број пратеници им се плаќани доста примамливи суми. Ако е тоа точно, од која ставка на Буџетот тоа е правено, - ....

      И работите околу случајот “Рекет“ исто така можат да се подведат под катагоријата “Замајување на јавноста“. Во прашање се неколку милиони Евра со кои се маскираат нечесни дејанија вредни неколку стотини милиони Евра. Како режирани и на лента, на јавноста и’ се подметнуваат нови случаи, како “Рекет-2“, па кога јавноста ќе го “голтне“ тој случај, му се подметнува нов случај, по него трет и така по ред, само за да се држи тензија и да се оттргнува вниманието на јавноста од други, подлабоки и повредни случаи.

     Под иста категорија можат да се подведат и голем дел од случаите произлезени од настаните на 27 април. Во оваа смисла вреди да се цитира Стевче Јакимовски кој вели дека голем дел од отворените предмети се за банални работи, за кои нема основ, дури нема ни индиции и се измислуваат износи за кои исто така нема основ,

Мирко Трпески

 

На прво место

News image

Заев е исплашен од сопствениот народ

Заев е исплашен од сопствениот народ кој вечерва чекореше за право, правда и крај на криминално ре...

Историја

News image

Грчки фашисти

Грчките фашистички окупатори си даваат за право да присвојуваат Македонска територија историја и и...

Иселеници

News image

СРЕДБИ КОИ СЕ ПАМЕТАТ

Поранешниот претседтел на Репубика Македонија Ѓорѓе Иванов...

Култура и туризам

News image

Д-р Виолета Ачкоска - познавач на македонската историја (9)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ЛИЧНОСТИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (9)

IV РАЗВОЈ НА ПАЛЕОГРАФИЈАТА НА БАЛКАНОТ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.