Среда, 19 Февруари 2020   
ОМД ги осудува антисемитските напади од владини и партиски претставници

23145

ОМД ги осудува антисемитските напади од владини и партиски претставници, и новинари кон Рашела Мизрахи 

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) остро ги осудува антисемитските напади врз првата еврејка министер во Македонија, Рашела Мизрахи. Нападите и навредите изречени кон Мизрахи беа дел од координирана кампања која кулминираше со нејзиното отстранување од позицијата министер за труд и социјална политика изминатиов викенд. 

Мизрахи неколкупати одржа прес конференции пред табла на која беше испишано правилното име на нашата држава, Република Македонија. Мизрахи, стоејќи пред таа табла тивко протестираше против неправдата која и беше нанесена на Македонија преку условувачкиот процес за промена на уставното име на земјата. 

Изреволтирани од нејзините акции, членови на владеачката гарнитура набрзина започнаа парламентарна процедура за нејзино отрстанување од позицијата министер.

Оливер Спасовски, кој ја предводеше процедурата, ја обвини Мизрахи за непочитување на уставот на земјата. Многу набљудувачи, вклучително и ОМД, го критукуваа самиот процес за промена на уставното име на Македонија како неуставен и противзаконски. Таргетираната кампања против Мизрахи само ја демонстрира тажната реалност и дволичноста која преовладува во македонската политика. 

Спроведувањето на овој политички напад беше проследено со злобни и предходно незабележани навреди и антисемитски изјави.

Како највпечатлив пример останува несреќната изјава на новинарот Бранко Тричковски, кој ја обвини Мизрахи дека ‘‘јадела хумус од мртви евреи‘‘.

Друг новинар јавно кажа дека тој бил изненаден од нивото на интелегенција на Мизрахи, со оглед на тоа што таа е еврејка.

Партиски активисти на СДСМ повикаа Мизрахи да си ја закчи давидовата звезда во својата канцеларија.

Овие недолични изјави беа одекнати од други луѓе, кои исто така беа незадоволни од тивкиот протест и од патриотскиот став на Мизрахи. Нападите врз Мизрахи се случуваат во време кога евреите во Европа и на запад ја одбележуваат 75-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор во Аушвиц. 

Скандалот поврзан со отсртанувањето на Мизрахи предизвика лавина реакции и осуди на меѓународната сцена, со весници како престижниот Њујорк Тајмс кој објави реакции по повод антисемитските напади врз Мизрахи. 

ОМД стравува дека третманот на кој Мизрахи беше неправедно изложена од страна на СДС и нивните поддржувачи несомнено ќе ја влоши ситуацијата со евреите во Македонија, и ќе оддалечи идни македонски евреи од превземање на значајни јавни позиции.

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: На денешен ден, пред точно 22 години згасна животот на Драган Богдановски

Христијан Мицкоски: На денешен ден, пред точно 22 години згасна животот на Драган Богдановски, но ...

Историја

News image

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941: Што си дошол, ти си се борел за М...

Иселеници

News image

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Метод...

Култура и туризам

News image

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ.

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (22)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.