Понеделник, 02 Март 2020   
ЌЕ ЗГАСНАТ ЛИ БОМБИТЕ НА ЗАЕВ ОД 2015 ВО СКОПЈЕ ИЛИ СТРАЗБУРГ?

tomic-800x445

Ксантика е празник во кој Македонците пред нашата ера верувале дека се случува “измивање на душите“, простување на гревовите, доминација на разбудената пролетна светлина врз зимската темнина, што ги притиска нивните души.

Но, имаат ли души тие кои заради своите темни намери или скриени сценарија ден денес ги држат в темнина Македонците кои со душа и срце си ја сакаат татковината? Или заради цврстиот став против промена на името и идентитетот на својот народ се наоѓаат во прогон, одалечени од сопственото семејство и народот Македонски?
Денес е прочка! Почеток на месецот на прочката или денот кога и сторителите на злоделата ќе побарат прошка за олеснување на тежината што ја носат врз сопствените плеќи и си имаат бессони ноќи. Правдата е тивка, но таа доаѓа кога и да е.
Се’ што не знаеш прашувај, но не кажувај се’ што знаеш, е филозофијата на поединци, кои секогаш профитираат на болките и несреќите на другите. Јас сум со спротивна филозофија на сите кои се радуваат на туѓите болки и маки.
Ќе побара ли Заев и неговата тајфа прошка ода народот и генерациите кои ги осакати со промената на името на државата и народот?
Ќе побара ли Заев и неговата тајфа прошка за бомбите од 2015 и сценаријата за 27 април 2017, насилно формираното парламентрано мнозинство и прогонот на Груевски? И се’ заради промената на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ?
Историјата не памети вакви монтирани процеси, вакви местенки, вакви прогонства и апсења… Мукоски кој беше причината за 27 април 2017 година, стана херој за Заев, затоа што го амнестира и награди со тендери, овој да гласа за промена на Уставот со цел реалзиација на договорот со Владата во Атина.
И СЈО е дел од сценариото на Преспанскиот договор. Тој тројански коњ на странците остави длабоки траги врз Македонците. И затоа тешко или воопшто невозможно е да се избрише предавството на Заев и СДСМ.
Но, едно е јасно: За секој договор мора да постои интерсес. Кој го доби морковот, а кој стапот? Се разбира, ова не квиз, но одговорот е очигледен: Морковот го изеде Заев, а стапот народот. Како и да е, Заев и СЈО си ја извршија задачата и покрај флагрантното кршење на законите.
Свесткиот макдонски конгрес како меѓународна невладина организација која во контунуитет со децении се грижи за правдата и вистината на Македонија и Македонскиот народ минатата 2019 година поднесе кривични пријави против сите тринаесет јавни обвинители од Специјалното јавно обвинителство и против државниот јавен обвинител поради злоупотреба на службената положба и овластување, самовластие и злосторничко здружување! Имено, СЈО од основањето незаконски и недопуштено водел истраги и гонење, бидејќи не ги превзел незаконските докази по кои можел да постапува во законски утврдениот рок од 10 до 30 ноември 2015 година, кои во согласност со членот 12 од Законот за кривичната постапка не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука!
Заради остварување на законските овластувања на Специјалното јавно обвинителство, определено како единствено стварно и месно надлежно за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското и неовластено следење на сите комуникации извршено во периодот меѓу 2008 и 2015 година, Собранието на седницата одржана на 9 ноември 2015 година донесе Закон за заштита на приватноста, со којшто се ЗАБРАНУВА поседување, обработка, јавно објавување, располагање и користење на материјалите кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година во изборен процес, политички и други цели и постапки!
Во членот 2 од Законот за заштита на приватноста е утврдено дека “Секој кој поседува материјали од незаконско следење на комуникациите е должен во рок од 20 дена од денот на влегувањето во сила на овој Закон да ги предаде материјалите на надлежниот јавен обвинител, согласно со Закон.“
Имајќи предвид дека Законот за заштита на приватноста, во “Службен весник на Република Македонија“ е објавен на 10 ноември 2015 година, а влезен во сила истиот ден, Специјалното јавно обвинителство можело да оствари надлежност и овластување врз основа на Законот за Специјалното јавно обвинителство, САМО доколку материјалите од незаконското следење на комуникациите, врз основа на Законот за заштита на приватноста, ги превземеше во периодот од 10 до 30 ноември 2015 година!
После 30 ноември 2015 година, материјалите од незаконското следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година СЕ ЗАБРАНЕТИ и за самото Специјално јавно обвинителство, бидејќи подлежат на режимот од членот 12 од Законот за кривичната постапка: “Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука!“
За жал, Зоран Заев и СДСМ, материјалите од незаконското следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година, СПРОТИВНО НА ЗАКОН, ги “предадоа“ во Специјалното јавно обвинителство дури на 30 декември 2015 година, 30 дена подоцна од со закон утврдениот рок од 10 до 30 ноември 2015 година! Записник за примопредавањето на материјалите од незаконското следење на комуникациите, од Зоран Заев и СДСМ на Специјалното јавно обвинителство, досега не е презентиран во ниту една постапка пред судовите, прашање е дали постои и што воопшто Специјалното јавно обвинителство презеде од Зоран Заев и СДСМ на 30 декември 2015 година?!
Специјалното јавно обвинителство, иако морал да знае, не презел никакви дејствија за пронаоѓање и обезбедување на лицата (Зоран Заев како одговорно лице на СДСМ) и предметите (материјалите од незаконското следење на комуникациите) во рокот од 10 до 30 ноември 2015 година, што е основен услов за неговата работа!
Со непревземањето на дејствија во согласност со Законот за кривичната постапка за обезбедување на материјалите од незаконското следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година, во рокот од 10 до 30 ноември 2015 година, Специјалното јавно обвинителство самото си ги суспендирало овластувањата и надлежностите од Законот за Специјалното јавно обвинителство, со што Законот за Специјалното јавно обвинителство и овластувањата и надлежностите на Специјалното јавно обвинителство во старт станале беспредметни односно неважечки!
Де факто и де јуре, Специјалното јавно обвинителство за цело време од неговото основање, со злоупотреба на службената должност, самовласно, незаконско нестручно и несовесно работење и злосторничко здружување, вршело незаконски истраги и поднесувало незаконски обвинителни акти до судовите, со незаконски стекнати докази, чие поседување, обработка, јавно објавување, располагање и користење во било какви постапки после 30 ноември 2015 година за сите, па и за Специјалното јавно обвинителство Е ЗАБРАНЕТО! Наместо да се пресмета со организираниот криминал, Специјалното јавно обвинителство прерасна во злосторничко здружение за организиран криминал и висока корупција, кое преку владината инсталација Боки-13, со рекетирање, а со цел ослободување од притвор и обвинение, изнудуваше пари од лица против кои Специјалното јавно обвинителство води истрага. СЈО послужи за уцени и изнудување на глас од пратениците со цел ослободување од кривично гонење, за промена на името на државата и идентитетот на нацијата со уставни амандмани!
Во Законот за заштита на приватноста, овој преклузивен рок е предвиден во функција, токму на заштитата на приватноста на граѓаните на Република Македонија, и потребата од итно предавање на материјалите од незаконито прислушкување на разговорите од незаконското следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година, од тој што ги поседувал на надлежен обвинител, во рок од 20 дена од стапувањето во сила на овој Закон.
Впрочем, Собранието на 15 септември 2019 година поради незакоснко, нестручно и несовесно работење ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а не избра друг, иако Законот за Специјалното јавно обвинителство (СЈО) важи до 15 септември 2020 година со можност за негово продолжување по една година.
И Венецијанската Комисија во своето Мислење број 829/2016 од 15 март 2016 година, наведува дека “поседувањето” на материјалите од незаконско следење на комуникациите извршено во периодот од 2008 до 2015 година, по 30 ноември 2015 е незаконито, што значи, од 01 декември 2015 година незаконито е превземањето на било кое од наброените дејствијата од надлежноста на СЈО и што е многу важно, забрането е дејствие на “располагање на кој било начин на материјалите од незаконско следење на комуникациите извршено во периодот од 2008 до 2015 година, вклучувајќи и нивно користење за други цели и постапки.”
Оттука произлегува дека материјалите што Специјалното јавно обвинителство ги прибавило од СДСМ на ден 30 декември 2015 година како незаконити докази, не се докази кои се прибавени во согласност со Законот за заштита на приватноста, доказите произлезени од истражувањето и вршењето на прегледот на сите достапни документарни докази од било кој извор не се произлезени во согласност со членот 5 од Законот за Специјалното јавно обвинителство, па во согласност со членот 12 став 2 од Законот за кривичната постапка, аудио снимките, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судска одлука! Сите истраги и обвинителни акти на Специјалното јавно обвинителство од 15 септември 2015 година се незаконити и недопуштени!
Прашањето е, што ако во согласност со членот 1“ од Законот за кривичната постапка, лицата незаконито лишени од слобода, притворени или незаконито осудени, побараат надоместок на штета од буџетот, рехабилитација и други права утврдени со закон„
Впрочем, Врховниот суд на Македонија веќе донесе правно мислење дека СЈО не е надлежно да застапува обвиненија по 30 јуни 2017, а начелно, неговото правно мислење е задолжително за Врховниот суд! Имено, доколку Кривичниот суд донесе пресуда за предмет од Специјалното јавно обвинителство отворен после рокот и осудениот се жали до Апелациониот суд, а потоа жалбата стигне и до Врховниот суд, тогаш Врховниот суд, заради донесеното мислење, ќе мора да ја укине пресудата, а државата да плати за предизвиканите материјални и други штети на незаконски осудените!
И затоа не чуди членот 110 од новиот Закон за јавното обвинителство со кое Јавното обвинителство нема право да поднесува обвинителни акти по незаконски прислушкувани разговори, освен за тие за кои СЈО обвинителни акти до судовите веќе поднело!
Заев во дуелот со Мицкоски најави: Не прави му го тоа некому што не сакаш тебе некој да ти го стори! И за крај дилемата, ако Уставниот суд го поништи членот 110 по иницијатива на Светскиот македонски конгрес, а Јовески и Русковска заминат од јавното обвинителство како што веќе најавија, дали бомбите на Заев и СДСМ од 2015 конечно ќе згаснат во Скопје или во Стразбур на штета на буџетот поради домашната задача на Заев и СДСМ да го сменат името на државата и идентитетот на Македонскиот народ?
 
пишува: Слободан Томиќ
 
Превземено од Свест.мк
 

На прво место

Историја

News image

Илинденските топчиња изработени од монасите на Бигорскиот Манастир

За „Македонска нација“ ги изнесе своите сеќавања 93 годишниот Блаже Јанкуловски-24 Јуни 2009 г.

Иселеници

News image

Сеќавање: 30 години од смртта на Јован Кокаловски

ПОЕТ, НОВИНАР И ОПШТЕСТВЕНИК На 30 мај 2020 година се н...

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ РИМСКИ ИМПЕРАТОР ШТО ГО ПРИЗНАЛ ХРИСТИЈАНСТВОТО

3 јуни е празникот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена. 4 јуни е празникот на св...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (23)

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА ТЕБА ОД ФЕНИКИЈЦИТЕ - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.