Среда, 18 Март 2020   
Сите во борба со Ковид – 19 „Чумата на 21 век“

1 1Свекрва

Сите во борба со Ковид – 19 „Чумата на 21 век“

Во врска со справување со Ковид–19 (корона вирус), достапните податоци говорат дека постарите лица и лицата со претходно постоечки заболувања (дијабет, срцеви заболувања и др.) имаат поголем ризик за развој на потешки симптоми. И покрај ваквите сознанијата власта не донесе одлука постарите над 60 години кои имаат хронични заболувања (пулмонални и кардиоваскуларни) да бидат ослободени од работа, како што и вообичаено се прави кога нивото на загадување со ПМ10 частички е драстично зголемен неколку последователни дена. Тогаш истите и бремените жени се ослободуваат.

И покрај сознанијата за ризикот со кои се соочуваат оваа категорија на лица, на некој начин тие беа иземени и покрај препораките кои беа дадени. Имено, Владата на 15 седница донесе заклучоци и препораки меѓу кои во точка 8 „Да се препорача на возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз“. Исто така под број 16. „Да се упати заклучок и препорака од страна на Владата на Република Македонија до сите органи на државната управа и до едниците на локалната самоуправа за времен прекин од работни обврски (не одење на работно место и да останат во своите домови) за бремените жени и хроничните болни лица.“

Иако не беше прецизирано за кои лица се однесува, беше укажано дека наскоро Министерството за здраство ќе излезе со листа на дијагнози со кои вработените ќе бидат ослободени од работа. По појавата на оваа листа на која беа наведени дијагнозите и донесена на 17 седница, дојде во прашање ослободувањето од работа на возрасните лица над 60 години кои имаат хронични пулмонални или кардиоваскуларни заболувања, иако некои од нив можат да работат од дома.

Во сетот на мерки и активности кои се превземаат за справување со светската пандемија предизвикана од корона вирусот, нормално е техничката Влада и да направи одредени превиди. Но истите треба бргу да се решат, бидејќи овие лица одејќи на работа со градскиот превоз можат лесно да дојдат во контакт со неодговорни лица, кои „заборавиле“ на должноста за двонеделна самоизолација доколку се вратиле од подрачја каде процентот на заразени е значително голем.

Во моментот во Македонија има 19 потврдени случаеви, а северниот сосед Србија има 48 заразени лица. За разлика од кај нас каде има прогласено кризна состојба во општините Дебар и Центар Жипа, Белград воведе вонредна состјба за справување со корона вирусот. Србија донесе повеќе мерки, меѓудругото и препораки старите лица да не ги напуштаат домовите и дека во наредните денови ќе се вршат проверки колку граѓаните ги почитуваат овие мерки. Исто така, имајќи ги во предвид најновите сознанија дека децата и младите се најголеми дисиманатори на вирусот, српските власт ги повикаа помладите да не ги посетуваат постарите членови на нивните семејства и да не ги носат своите деца за да ги гледаат „нивните баби и дедовци“.

Србија очигледно сака да ги заштити своите млади и повозрасни граѓани.

Мора да се потенцира дека возрасните лица се ризична група и непревземените навремени мерки можат да доведат до зголемен број на смртни случаи кај оваа група на граѓани.

Поради тоа во светот се разви теорија на заговор дека овој вирус треба да изврши депопулација на наслението, односно да го смали бројот на возрасни и да се растовари пензискиот фонд. Сигурно тоа не важи за кај нас и дека нашите лекари се борат за секој живот.

Поточно, во справувањето со Ковид–19 се ангажирани сите служби кои се дел од системот за справување со епидемии и затоа секоја чест и огромна благодарност до полицијата, армијата, лекарите, медицинскиот персонал, шоферите кои доставуваат храна и други намирници на граѓаните и сите кои деноноќно работат за да го заштитат македонскиот граѓанин од „Чумата на 21 век“.

Меѓутоа, со оглед дека корона вирусот брзо и лесно се шири, прашање кое сега само по себе се наметнува е дали навремено се донесуваат сите мерки и активности и дали ќе имаме доволно ресурси (човечки и технички) за справување со оваа болест.

Оттука ВМРО-ДПМНЕ ја подаде раката и смета дека сите политички субјекти, треба да се вклучат во борбата против вирусот за кој Светската здравствена организација прогласи пандемија.

Членовите на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ се во постојано заседавање и сметаат дека е неопходно прогласување на кризна состојба на целата територија на Република Македонија.

Исто така Комисијата предлага и други чекори:

Затворање на сите граници за патници, освен за итните случаи и оние чиј карактер на движење тоа го налага. Мора да се затворат границите со цел ставање под контрола на состојбите.

ВМРО-ДПМНЕ бара да се спроведе „специјален режим за работа“ на продавници и пазари. Односно, шалтерски систем на продажба или  да се овозможи наизменично влегување само на неколкумина потрошувачи низ продавниците и тоа да биде низ соодветна процедура.

Трето, да се подготви „Бел план“ за болниците во земјата, што значи зголемување на капацитетите и целосен скенинг и разработено сценарио при влошување на состојбата. И доколку треба да се побара и меѓународна помош која ќе биде експертска и советодавна.

Комисијата бара и да се вреднува трудот на огромен број професионалци и колеги доктори и здравствен персонал кои даваат надчовечки напори во третман и превенција со корона вирусот со што го изложуваат своето и здравјето на најблиските под ризик. Ова важи и за полицајците, цариниците и сите служби кои се во првата линија на судир со епидемијата. И затоа бараат владата да донесе одлука за парична награда на докторите и медицинскиот персонал, полицајците, царниците и сите служби кои директно вклучени во справувањето со последиците од вирусот.

ВМРО-ДПМНЕ очекува сериозност од владата и министерството и прифаќање на понудените мерки. Секој живот е од непроценлива вредност. Сите сме граѓани на Република Македонија и сите сме засегнати за актуелната ситуација.

Партиите не треба да се борат за политички поени и треба да си помогнеме едни на други. Сега не е време за политичка борба, туку е време за хуманост, делување и подадена рака.

 

На прво место

News image

Александар Бициклиски: Ручекот на Тричко во Занзибар

Александар Бициклиски: Ручекот на Тричко во Занзибар

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Култура и туризам

News image

ОСТАНИ ДОМА - ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС

ОСТАНИ ДОМА -  ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС ЗА ТАТКОВИНАТА, ЗА ЧОВЕШТВОТО Мини-есеј: Марија Емилија Кукуба...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (14)

VI ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ (ДЕЛ IV)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.