Среда, 27 Мај 2020   
ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ПРЕМИЕРОТ НА БУГАРИЈА Г. БОЈКО БОРИСОВ
1h2
Пред неколку лета на една хотелска тераса покрај Охридското езеро се случи ТВ интервју со бугарскиот академик Воденичарски кој на прашање на македонски новинар:"Дали Бугарија има намера да се извини за злосторствата што како фашистички окупоатор ги изврши во Македонија 1941-1944, академикот без око да му трепне едноставно одговори:"Нема таква работа!? Во нашите учебници не пишува дека во Бугарија имало фашизам"!?
 
Изјавата на академикот ме стави на мисла! Од една страна се прашував: "Како е можно такво нешто?" Но од друга страна пак си реков: "Па која земја би сакала нејзините нови генерации самата да ги подучува дека претците им биле на страната на најголемото зло во историјата - наци-фашизмот!?"
 
Слично реагираше Премиерот на Бугарија г. Бојко Борисов кој пред споменикот на македонските Евреи во скопскиот Монопол повторно на прашање на македонски новинар дали Бугарија намерава да се извини за злосторствата што ги сторија како фашистички окупатори на Македонија со депортацијата на македонските Евреи, Борисов коментираше дека тоа било "пропаганда"!? 
 
Званична Бугарија, нејзината државна политика и наука упорно негираат свое активно учество во геноцидот над македонските Евреи, а за да ги потсетиме на нивните недела како фашистички окупатори на две третини од Македонија, се одлучив на да му испратам Премиерот Борисов примерок од мојата книшка на таа тема:"Холокауст на македонските Eвреи" за малку да го просветлтлам за тие настани. 
 
Писмо и примерок од мојата книга го напишав на г. Борисов на Денот на победата над фашизмот 9ти мај, а го испратив неколку дподоцна.
 
Писмото го објавувам интегрално!  
 
 
До
 
Неговата Екселенција Г-дин Бојко БОРИСОВ,
 
Премиер  на Народна Република Бугарија
 
 
Ваша Екселенцио, почитуван Г-дин Премиер,
 
Ја користам приликата денес, на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа да Ви испратам примерок од мојата книга "Холокауст на  македонските Евреи" (НАМПРЕС, 2018, Скопје) печатена на македонски и англиски јазик, како мој скромен придонес во многу жестоката дебата на оваа тема во вашата земја и во мојата татковина Република Македонија!
 
Г-дин Премиер, Вие, Вашата министерка за надворешни работи Захариева и многу други поединци и институции во Бугарија постојано инсистирате на факти и документи во дебатите со нас Македонците и за Ваша информација мојата книга "Холокауст на македонските Евреи" е базирана токму на историски факти и докуемнти. Како извори ги користам: книгата на бугарскиот Евреин, новинар, Арон Аса (Aaron Assa), сега починат, "Македонија и Еврејскиот народ" (Mакедонија и еврејскиот народ, македионска ревија,Скопје 1992) и капиталното дело на академик Александар Матковски "Историја на Евреите во Македонија", но најмногу оригинални документи за односот на бугарската окупациона власт во Mакедонија (1941-1944) што ги поседуваме ние во Државниот Архив на Македонија во Скопје. а копии од оригиналите се во музејот Јад Вашем во Ерусалим!
 
 1h1
Колку за појаснување, наци-фашистите пред налетот на Црвената Армија од истокот и Сојузниците по инвазијата во Нормандија на западот уништувале се што можело да ги инкриминира за големите злостори против Евреите, Словените и други "неариевски" народи. Но во случајот на фашистичка Бугарија, налетот на црвената Армија бил толку силен што бугарската окупациона власт немала време да ги уништи сите трагови за злосторот што го починила во Македонија, особено над Евреите и така се случи нивната комплетна архива да ја поседуваме денес ние!
 
А како што велат:"Пред фактите и боговите молчат", зарем не, Г-дин Премиер!?
 
Почитуван Г-дин Борисов, лично бев присутен кога пред неколку години пред споменикот на депортираните Евреи во скопскиот Монопол, (каде бугарската окупаторска власт импровизира собирен концентрационен логор за Евреите од Скопје, Битола и Штип) на новинарско прашање:"Дали Бугарија намерава да се извини за злосторот што го стори над македонските Евреи", коментиравте во стилот:"немојте вие мене со такви пропаганди"!
Документите што Ви ги презентирам, а се објавени во многу книги, не се пропаганда Г-дин Борисов, туку неспорен факт за конитинуираното економско и политичко руинирање на Евреите во Македонија за на 22 март 1943 година да им ги предадете на нацистите кои ги спроведоа во логорот на смртта Треблинка каде 7.140 македонски Евреи беа егзекутирани во гасните комори и крематориуми!!!
 
И уште нешто Г-дин Премиер, а се однесува за прашањето на јазиците кои ги говорите Вие во Бугарија и нашиот - македонски јазик.
Конкретно, зошто сега, како Европјани (т.е. како членови на ЕУ) не се угледате барем малку на Скандинавците (Шведска, Норвешка и Данска) како тие го третираат проблемот на нивните јазици и да донесете барем малку скандинавски дух во нашиов со проблеми оптоварен Балкан?
А можете и треба да го сторите тоа Г-дин Премиере Борисов за да ве паметиме и почитуваме како втор Жељу Желев!
 
Со должна почит,
 
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ
 
Скопје, На Денот на победата над фажизмот, 9. мај, 2020
 
Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
 

На прво место

News image

МОЖЕВТЕ ПОВЕЌЕ, ПОЧЕСНО И ПОМАКЕДОНСКИ

 Слободан Томиќ Во политиката и во животот, храброста и глупавоста не се добродојдени... Полит...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (61)

Милче Милошевски денес е пензионер кој од детство другарува со Маноил Мане Јаковлевски. Нивното др...

Иселеници

News image

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГА

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГ...

Култура и туризам

News image

Настанување на селото Лазорополе и потеклото на неговите жители

Лазорополе за прв пат се споменува во Кодиката (книгата на дарители) на манастирот Слепче, во вторат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (28)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ I Кога Јасон и Медеја дошле на брод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.