Среда, 24 Јуни 2020   
Македонија денес се наоѓа пред тешки предизвици и бара наше сплотување

1doomМакедонска нација

Секогаш постојат луѓе кои за одредени бенефиции се спремни на големи отстапки.

Само за да дојде на власт, раководството на СДС ја прифати Тиранската платформа, договорот со Бугарија, договорот за промена на името со Грција, што е спротивно на интересите на македонскиот народ.

По доаѓањето на власт на СДС на чело со Зоран Заев, насилно и со поддршка на домашната петта колона и од надворешни центри на моќ, направи силни напори да се угуши пулсот на народот и да се спречи неговото масовно активирање против распродажбата на националните интереси.

Сегашната власт, само да ја задоволи Атина, презеде активности по кои македонски патриоти, денес скапуваат по затворите во Македонија.

Веднаш по доаѓањето на власт, наместо ветуваната правда и просперитет за својот народ и држава, новата марионетска влада својот прв ангажман го посвети со приведување и затварање на луѓе кои протестираа и се залагаа за зачувување на унитарниот карактер на Македонија.

Под обвинение за некаков си измислен тероризам, хунтата на власт ги притвори: Дурловски, Чавков, Дамовски, Илиевски, Јовановски, Горан,Тошта, Иле, Игор, Игор Луди, Вили, Сашо, Оливер, Николче, Андреј, Никола, Коста, Стојан Кобра, Шиљо, Кире, Јане, Андреј и останатите чија единствена вина е љубовта кон Македонија.

Притворените не се терористи! Тие се херои, патриоти, кои сакаа да го одбранат уставот на РМ. Патриотизмот значи лојалност на граѓаните кон државата. Патриотизмот кажува дека поединецот треба да ги стави интересите на нацијата пред личните интереси или интересите на одредена група или партија.

Македонија денес се наоѓа пред тешки предизвици и бара наше сплотување.

Дојде време да си подадеме рака и со заеднички напори да зачекориме смело по патот што ни го трасираа нашите претходни генерации.

Денес нашата генерација мора да го зачува идентитетот и унитарниот карактер на македонската држава. Да престане распродажбата на нашата држава и итно ослободување на сите притворени за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на РМ.

Владата на СДС е марионетска, донесена од надвор, а секоја марионетска власт има краток век на живот. Разбудете се Македонци, доста беше, уште не е доцна и не е се` загубено.

Неспособноста на оваа власт ги чини граѓаните здравје, живот, илјадници изгубени работни места. Кризата само се продлабочува заради мерките и политиките кои не само што не донесоа живот, туку ја зголемија сиромаштијата.

Не е важно колку и какви битки ќе се водат, важно е да продолжиме да се бориме, никогаш да не се откажаме и да оставиме следа за идните генерации за и тие да продолжат да се борат за да опстане родот македонски. Затоа што борбата за Македонија е вечна, исто како што е вечна борбата помеѓу доброто и злото.

Потребно ни е како леб насушен обединување на големиот македонски дух и она што секој народ го одржува во целост, единството на битието...

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДС. Со СДС и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.

На 15 јули, СДС ќе биде поразен заради неспособноста, коруптивноста и низата на понижувања кои ги претрпе Македонија во овие три години власт.

Нека Господ Бог ја благослови Македонија!

АМИН!

 

На прво место

News image

МОЖЕВТЕ ПОВЕЌЕ, ПОЧЕСНО И ПОМАКЕДОНСКИ

 Слободан Томиќ Во политиката и во животот, храброста и глупавоста не се добродојдени... Полит...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (62)

Маноил Мане Јаковлевски својот живот го посветил на македонската кауза. На тој пат него го следат ...

Култура и туризам

News image

СЕДУМ ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ

Митрополитот полошко-кумановски г. Кирил почина на 10 јуни 2013 годинаа, а бешероден како Никола П...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (29)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.