Среда, 01 Јули 2020   
Македонија со Заевистите стана резил држава

1abСвекрва

 

Заевистите од Македонија направија Заевистан и направија да ти е срам да кажеш дека си Македонец и од Македонија, едноставно Македонците се чуствуваат како граѓани од втор ред во својата сопствена држава.

За време на нивното владеење во земјата процвета корупцијата, рекетот, криминалот. Се продадоа или продаваат: име, идентитет, слобода. Секој сегмент од општеството, Законодавната, извршната и судската власт ја ставија во служба на нивниот некрунисан феудалец.

Во последно време на македонскиот народ меѓу другото сакаат да му ја одземат и слободата.

Имено, на многумина им е познато дека Зоран Заев, лидерот на СДС, прави многу гафови. Најновиот гаф се случил деновиве на трибина во Куманово каде изјавил дека:

Гоце Делчев е нашата историја, нашиот најголем јунак за борба против слободата...“ Всушност, изгледа дека Заев несакајќи несвесно го кажа тоа што би сакал да му го направи на својот народ. Да му ја  одземе слободата, последното нешто што му остана, откако му го зедоа името и идентитетот. 

Во борбата за гласови за предвремените парламентарни избори 15 јули 2020 и осигурувањето на тронот, лидерот на СДС Зоран Заев е спремен на се. Тој дури е спремен и да го прифати барањето на ДУИ, Албанец да биде премиер. 

Отстапките кои лидерот на социлјалдемократите ги прави, не е само да ја задржи власта, туку и да ја избегне правдата.

По случувањата во Специјалното Јавно Обвинителство и пресудата на поранешната јавна обвинителка Катица Јанева, за случајот „Рекет“, во последно време во јавноста се појавуваат и други случаи на рекет во кои се замешани луѓе од власта. Дел од нив имаат индиции дека пипците на криминалот одат до одредени челници на актуелната власт 

Секојдневно сме сведоци на нови т.н. „бомби“ кои го рушат не само угледот на актуелната власт, туку и на земјата. Во овие снимени разговори се зборува за црни пари кои се или изнесени од земјата или пак пари со кои се финансираат кампањи, референдумот или се врши поткуп. 

Развиената корупција овозможена од постапките на оние кои треба да ја водат државата, ја закопаа земјата на европското дно.  

Денес да ти е срам да кажеш дека си Македонец.

Но, македонскиот народ мора да го поврати достоинството. Време е Македонците судбината да ја земат во свои раце и да им кажат на Заевистите дека доста е. Време е социјалдемократите да си одат во опозиција, а нивните одговорни за предавствата и криминалот да одговараат.

На сите им е јасно дека сега на македонскиот народ му е најтешко. Покрај справувањето со корана вирусот, сега треба да се справи и со најголемото зло што му се случило на Македонија во последните три децении од осамостојувањето на земјата.

Сепак Македонецот е насилен кога му е најтешко.

Сега треба да се обедини и масовно да излезе на 15-ти јули на парламентарните избори и со заоружување на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и Бројот 14 да ги изгони социјалдемократите од власта.      

На 15 јули НИЕ ќе одлучуваме што сакаме:

• Повеќе за Заев или повеќе за тебе

• Повеќе за Вице или повеќе за земјоделците

• Демагогија или Резултати

• Неработници или Работници

• Рекет или Чесност

• Неправда или Правда

• Измами или обнова

• Распукан бетон или сочуван идентитет

• Концесии или принципи

• Измами или обнова

• Заев или Македонија

ИЗЛЕЗИ ГЛАСАЈ ЗА ТЕБЕ, И ЗА ПРОМЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА!

Време е на Македонецот да му се врати достоинството, гордоста и честа, кои некој претходно бесрамно им ги одзеде.

Време е Македонија да престане да биде резил држава, каква што ја направи СДСМ.

104939698 1331258497079014 7263073830662535336 n

 

На прво место

News image

МОЖЕВТЕ ПОВЕЌЕ, ПОЧЕСНО И ПОМАКЕДОНСКИ

 Слободан Томиќ Во политиката и во животот, храброста и глупавоста не се добродојдени... Полит...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (62)

Маноил Мане Јаковлевски својот живот го посветил на македонската кауза. На тој пат него го следат ...

Култура и туризам

News image

СЕДУМ ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ

Митрополитот полошко-кумановски г. Кирил почина на 10 јуни 2013 годинаа, а бешероден како Никола П...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (29)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.