Среда, 29 Јули 2020   
Мицковски со промените во статутот ги зби редовите во партијата

Mickoski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното издание на вестите на Сител телевизија беше дециден дека поради поддршката од Извршниот и Централниот комитет на партијата, како и од Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, останува на висина на задачата како Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и ќе се бори за состав на ново парламентарно мнозинство.

Неколку поранешни високи функционери-„печалбари“ на ВМРО ДПМНЕ, по изборите побараа од Христијан Мицковски да се повлече од лидерската позиција во партијата. Како причина тие ги наведуваат изборните резултати. Но тоа се луѓе кои имаат лични претензии кон лидерската фотеља во партијата и се спремни да му помогнат на лидерот на СДС Зоран Заев во неговата агенда која води кон уништувањето на македонската држава.

Некои овие луѓе ги нарекуваат „печалбари“ во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи освен личниот интерес, тие се во спрега со странскии интереси и  ја отфрлаат партиската идологија и националната кауза.

Нема ден а да некој од поранешните високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, кои особено за време на Никола Груевски заземаа високи позиции, а да не се јават во јавноста и да побараат смена на раководството на партијата.

Никола Поповски поранешен висок функционер на партијата, Никола Тодоров екс министер, Ивица Коневски поранешен градоначалник на Аеродром и др., по предвремените парламентарни избори на кои партијата освои 44 пратеници, побараа смена на лидерот Христијан Мицковски и целото раководство на партијата, обвинувајќи ги за лошо раководење и за поразот на изборите.

И покрај сите проблеми (внатрешни и надворешни опструкции), Мицковски во последните скоро три години професорски раководеше со ВМРО ДПМНЕ. Тој ја консолидира партијата и во услови на криза предизвикана од корона вирусот, на предвремените парламентарни избори одржани на 15-ти јули, на кои речиси половина од гласачкото тело не излезе,  успеа да се избори за 44 пратеници.

За горенаведните тоа е малку и пораз на партијата, но за оние кои знаат барем малку за изборниот инжинеринг на партијата на власт СДС (поткуп, уцени, фалсификат), тоа е голем успех и преставува огромна доверба дадена од страна на македонскиот народ.

Мицковски се бореше да ја крене партијата на нозе. Се бранеше од нивните удари, го враќаше нарушениот имиџ, се плаќаа сметките и се создаваше план и програма за иднина.

Членството, симпатизерите и обичниот народ почнаа да му веруваат на Мицковски, што се виде и на изборите. Покрај сите изборни манипулации на актуелната власт и стравот од состојбата со корона вирусот, да добиеш повеќе македонски пратеници од партијата на власт СДС која во коалиција со БЕСА доби 46 пратеници, е победа, а не пораз како што го сметаат т.н. „печалбари“. 

Овие неколкумина „печалбари“ можат да кажат за Мицковски што сакаат. Тоа е нивно демократско право, Но, резултатите покажуваат дека Мицковски ја заслужи лидерската позиција на ВМРО ДПМНЕ. Тој ја доби довербата на мнозинството од Македонците. Да не беше состојбата со корона вирусот, тоа многу подобро ќе го видеа сите оние кои во последните три години со прст не мрднаа, туку директно или индиректно му помагаа на Заев за разнебитување на државата.

Меѓутоа ако поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ се надеваат дека со јавен притисок ќе предизвикаат раскол во партијата и дека ќе си замине Мицкоски од лидерската позиција, што пак ќе му овозможи на Зоран Заев полесно да формира влада и што побрзо да ја доуништи земјата, се лажат.

Сплотеноста во ВМРО ДПМНЕ е голема.

Таа дополнително се зголеми со промена на статутот ВМРО ДПМНЕ, што овозможи истата да стане најдемократска партија во Македонија.

Мицковски со промените во статутот ги зби редовите во партијата.

Тој ја стави Унијата на Ветерани во новиот СТАТУТ на ВМРО ДПМНЕ со што им овозможува тие да делуваат и творат, а истовремено, партијата ја покажа и почитта кон основачите и ветераните.

Христијан Мицкоски направи голем исчекор не само за Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, туку за сите. Со тоа овозможи ВМРО-ДПМНЕ да биде чекор пред другите, на линија со новото време и на браникот на татковината.

Македонија денес се наоѓа пред тешки предизвици и бара наше сплотување. Дојде време да си подадеме рака и со заеднички напори да зачекориме смело по патот што ни го трасираа нашите предходни генерации.

1 Lambe

Ламбе Арнаудов

1Malkovski Djordji

Проф. Др. Ѓорѓи Малковски

1Mane

Манојил Мане Јаковлески

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: Честит Илинден!

ВМРО-ДПМНЕ е кауза која е повеќе од појаничарените јуришници на власта, за чии грешки во минат...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (64)

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, о...

Иселеници

News image

ГОВОР НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ НА ОСНОВАЧКОТО СОБРАНИЕ НА ВМРО-ДПМНЕ (22)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

ОД РОДНОТО МЕСТО НА ИСУС ХРИСТОС - ВИТЛЕЕМ ДО РИМСКИТЕ УРНАТИНИ (8)

Во ова продолжение за читателите на  порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (31)

ПЕЛАШКО - ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.