Среда, 19 Август 2020   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 81
1martin1
 
ЗАЕВ - ЦРПКО ПОБАРАЛ И ДОБИЛ МАНДАТ ПО ТЕЛЕФОН
  
1. Лицето Стево Пендаровски повторно е во центарот на вниманието на македонската јавност! Тој во четвртокот (13ти август) онака, ноншалантно, му го врачи на пратеникот Зоран Заев - Црпко (З.З.) мандатот за состав на влада бидејки, внимавајте на образложението на Стевота: Заев претходниот ден му се јавил на телефон и го информирал дека работи на случајот да обезбеди 61 пратеник (демек мнозинство во Парламентот) и со тоа да стекне право да формира нова влада во Р.М.!?
 
    Токму така, според новата пракса што ја воведува Стево (Пендаровски, се разбира), пратеник може да му телефонира на претседателот и да му соопшти дека намерава да прави влада, а Стевовите асистенти: хооп, веднаш ја подготвија кадифената папка со мандатот во неа!? И со тоа, во конкретниов случај, му обезбедија дополнителни 20 дена за лицето З.З. комотно да работи на уценување на пратеници, да нуди секакви бенефиции на пратеници од туѓи листи за да се уновчат/продадат (како за време на промените на Уставот), а тој (З.З.), и во следните четири години комотно да ја крчми Македонија со брат му и да дораспродаде на комшиите (Бугарија во прв план, но и Грција, се разбира!) што остана од неа.
 
     А опозицијата? Таа најави дека ги замрзнува контактите (да замрзнува значи дека еден ден може се одмрзнат!? Не опозицијо! Треба трајно да се прекинат!!!) со канцеларијата на претседателот на државата и ќе ја разгледала можноста (!?) да го оспори мандатот на лицето З.З. пред Уставниот суд!? Кој уставен суд црна опозицијо??? Па зарем не видовте и не свативте што позиција држи таа институција и чии ставови подржува од однесувањето кога вонпроцедурално се избираше спикер на Парламентот (Талат Џафери), кога се менуваше Уставот на државата, кога неуставно се носеше Законот за јазици, кога, кога, кога.... Впрочем, прашувам: што воопшто е донесено според Уставот на РМ во македонското Собрание за изминатите три и пол години па сега да се повикуваат или надеваат на Уставниот суд???
 
     И наместо "витешки" (како што би рекол лидерот на опозицијата) опозицијата да бара правда преку Уставниот суд, би им препорачал: дами и господо од опозицијата, треба да сватите дека за витештво треба да имате противници-витези и од спротивната страна, но за жал ги немате! Напротив, политичкиот противник на опозицијата што ја узурпира власта во изминатите три и пол години, а со големи шанси тоа да го прави сосема комотно и во наредните четири години (не дај Боже, далеку било), е една криминогена и тендерашка збирштина обилно подржана со сите средства и подземни методи од длабоката држава се со цел да се доврши сценариото за редефинирање на Македонија.
 
    На опозицијата би и порачал: со кабинетски политики и методи и со бели ракавици не се бранат државните интереси, идентитетот и суверенитетот на една држава! Одважи се конечно  ОПОЗИЦИЈО  и поведи го народот на улица (угледајте се на случувањата во соседна Бугарија, па и белорусија!!!) тој да крене глас против фалсификуваните предвремени парламентарни избори, наместените претседателски избори, неуспешниот референдум..... Угледај те се ОПОЗИЦИЈО (по втор пат укажувам) на народот во Белорусија којшто излезе на улица против тридеценискиот диктатор и узурпатор на власта и кренете го гласот за своите права, за вистинска демократија, а против узурпираната и инсталирана власт според сценариото на туѓинци, од надвор! Часот е не пет до 12, туку половина минута до 12 за нешто да се стори и да се спаси она малку што ни преостана за спасување. Во спротивно - ме фаќа страв и да помислам што не чека не само нас, туку и нашите идни генерации!
 
     Како своевидно аларм-ѕвоно нека послужи најавата на македонската дијаспора за масовни демонстрации во престолнината на Европа, Брисел, против изборниот фалсификат и антиуставната промена на името на државата закажани за 19ти септември пред седиштето на ЕУ.
 
     Лично сметам дека посоодвтено ќе беше такви масовни демонстрации да се одржат пред Стејт Департментот во Вашингтон бидејки рекомпонирањето на Македонија и нејзиниот политички систем е клучен сегмент што се однесува на нашата земја во нивното сценарио за решавање (!) на проблемите во регионот на западниот Балкан!!!
 
     Задача на опозицијата е да изнуди со демократски сретства, се разбира, заминување на оваа ненародна и од страна наметната слугантска власт и да се организираат идната пролет истовремено локални, парламентарни, но и претседателски избори и тоа по избор на народот/гласачите, а не наметнати и со дирекно инволвирање во нашите внатрешни работи од страна, како што беше случај досега!
 
1diaspora
 
Повикот на македонските организации од Женева, Лондон, Хелсинки и Брисел на масовен протест пред седиштето на Европската Унија  во Брисел, во сабота 19 септември 2020 година.
 
2.  Ненародната власт во Македонија продолжува "успешно" да го менаџира дефокусирањето на јавното мислење во нашата земја! Деновиве најактуелна тема во домашната јавност е аферата со затворањето на Еуростандард банката на познатиот бизнисмен и нејзин основач Трифун Костовски. Очекувано, одземањето на дозволата за работа на банката од страна на Народната банка на Македонија е тема бр. 1 во земјата (ја надмина дури и лакрдијата на Стево Пендаровски со давање мандат на лицето З.З.), бидејки со тоа се засегнати над 130 илјади индивидуални штедачи, пензионери, примачи на социјална помош и бројни деловни субјекти кои имаат хипотеки во банката што сега, како стечајна маса, ќе бидат разделени по принципот тебе-мене, од некој си стечаен управник!
 
     Затворањето на Еуростандард банката отвора многу дилеми и сериозни прашања во стилот: Зошто баш сега ја затворија и не можеше ли нешто да се стори да не дојде до тоа? Имено, кога пандемијата со корона вирусот во Македонија го доживува својот врв, а економските последици се катастрофални (бројот на загубени работни места надлежните институции повеќе не го ни објавувуваат), не можеше ли Народната банка и државата генерално со стимулативни мерки да го спречи пропаѓањето на банката која зад себе остави 170 луѓе без работа и илјадници штедачи во неизвесност?
 
     Многумина вината ја префрлаат на основачот на банката и нејзин главен акционер Трифун Костовски, а тој пак најави дека ќе ја тужи НБМ и ќе бара правда вон Македонија!
 
     Да се разбереме, дали само Трифун е одговорен за судбината на банката оставам официјалната истрага тоа да го каже. Но, во моите очи, Трифун Костовски сепак е добротвор кој изминативе дваесетина и повеќе години инвестираше огромни средства во добротвотни цели, во медиумите; од свој џеб ја обнови црквата Св. Богородица што 1944 година ја опљачкаа и запалија бугарските фашистички окупатори, но и ја издигна Македонија на европскиот пиедестал со ракометниот клуб Кометал којшто постана европски шампион во женскиот ракомет! Како држава сепак мораме да ги имаме во предвид сите овие елементи пред да се превземаат вакви драконски мерки како што е затворањето на Еуростандард банката и по можност тоа да се спречи, како што впрочем би постапила секоја нормална и стабилна држава!
 
     Патем, банката на Трифуна располага со многу атрактивен имот - прекрасна зграда во срцето на Скопје, и многу други недвижности како хипотеки и не исклучувам дека некој од доверителите (или повеќемина од нив) има фрлено око на тој имот со амбиции да си го присвои од стечајната маса, туку - така, преку ноќ, за себе!?
 
     Кога веќе пишуваме на темата "Затворање на банки", вреди да се запрашаме: како тоа вакви работи (затворање на банки) се случуваат исклучиво кога СДСМ е на власт!? Да потсетиме само на неколку:  Радо банка, Алмако банка, Ескпорт-импорт банка...и при тоа пропаѓаат во неповрат милионски суми народни пари??? Случајност, или однапред промислена стратегија??? И сето ова криминално однесување на фактори (!) во естаблишментот повторно се случува токму кога споменатиот СДСМ е на власт и сега, кога Македонија е рамноправна членка на НАТО со амбиции за почеток на преговорите за членство во ЕУ!?
 
     Епизодата со затворањето на Еуростандард банката во никој случај не е завршена! Напротив! Станува збор за странски капитал и допрва треба да очекуваме драматичен расплет на работите, а оние што фрлиле око на нејзиниот имот, нека не тријат раце прерано!?
 
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
 
 

На прво место

News image

Македонија да ја направиме повторно Горда

  Претседателот на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Мане Јаковлески на средба кај Мет...

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.