Среда, 30 Септември 2020   
Манојил Мане Јаковлески: Бугарија прави голема грешка кон македонскиот народ

 1Mane11

Манојил Мане Јаковлески: Бугарија прави голема грешка кон македонскиот народ

Под превезот на борбата со Коронавирусот со која  народот се држи во страв од т.н. невидлив непријател, продолжуваат задкулисните игри на социјалдемократите во власта. Тие со претходните и сегашните постапки (Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија за добрососедство, Законот за употреба на јазиците, прекумерното задолжување и т.н.) ја водат земјата во амбис од кој нема враќање.  Ако не се најде решение да се тргне оваа ненародна власт што е можно поскоро, во прашање ќе биде доведено опстанокот на македонската држава.

Многу одамна предупредуваме дека Македонија е изложена на специјална војна со цел нејзино исчезнување. Исто така, опоменувавме дека дел од меѓународната заедница која стои зад овој проект ги поддржува социјалдемократите како егзекутор, бидејќи на чело со својот лидер немаат ниту грам патриотско во себе. Имено, социјалдемократите гледајќи само низ призмата на глобализацијата, го ставија пред се сопствениот интерес, а не на државата.

По доаѓањето на власт Заев и неговата СДС го потпишаа Преспанскиот договор со Грција, Договорот за добрососедство со Бугарија и Законот за употреба на јазиците, со што покрај промената на името се доведе во прашање на македонскиот идентитет, јазикот и унитарноста на земјата.

По насилната промена на уставното име, спротивно на изразената воља на македонскиот народ на референдум, сега освен Грција не условува и Бугарија која бара да се откажеме од Гоце Делчев, македонскиот јазик и македонското малцинство во Бугарија ако сакаме да станеме членка на ЕУ, Исто така, бара од Албанија да го признае македонското за бугарско малцинство ако сака да стане членка на ЕУ.

За жал ваквото уценување го прави народ кој не нарекува браќа.

За какви браќа се работи ако некој го условува својот брат? Ако сме навистина браќа, наместо условување, Бугарија како брат требаше да му го остапи на Македонија Пиринскиот дел на Македонија, да го признае македонскиот народ и неговиот јазик и историја а не да ја преставува македонската историја како своја, а македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот. Само така можеше Бугарија да се стекне со почита на македонскиот народ и само така можат заедно како блиски браќа да преставуваат вистинска сила на Балканот околу која би можеле во иднина да се обединат и другите балкански земји.

Бугарија прави голема грешка ако смета дека сега може слободно да ја уценува Македонија и дека еден ден би можела да ќари дел од македонската територија. Дури и да успеат во тоа, благодарение на несреќните договори што ги потпишаа Заевистите, тоа ќе доведе до зголемување на тензиите со соседите, особено со северниот сосед.

Бугарија никако не сака да научи од грешките во минатото, иако даде огромни жртви за време на Балканските, Првата и Втората светска војна. Таа сеуште живее со сонот за Санстефанскиот договор.

Оттука, барајќи Македонија да се откаже од македонскиот јазик, од македонското малцинство во Бугарија, Софија прави огромна грешка и создава одбивност кај Македонците против бугарскиот народ. Земените бугарски пасоши од страна на Македонците за да патуваат и работат во ЕУ не се релевантен одраз за некакви големи симпатии кон источниот сосед. 

За жал за ваквата состојба меѓу двата народи допринесуваат многу Бугари со македонско потекло, кои се таму второ или трето колено, а се на високи позиции. Тие се на момент поголеми Бугари од самите Бугари и наместо да ја истакнат посебноста на македонскиот јазик и култура, наместо да се борат за македонската кауза, тие или молчат или упорно ја подржуваат бугарската ненаучна мисла  седнати во сигурноста на државните фотељи.

Бугарија прави голема грешка кон македонскиот братски народ и брзо треба да си го преиспита својот однос кон својот сосед. Дури треба да се праша дали не треба тие да го сменат својот јазик нарекуваќи го североисточен дијалект на македонскиот јазик, па можеби и да го сменат името на земјата. Но тоа е преголем залак за нашите соседи кои можат повторно да се задават.

Затоа ако сме вистински блиски „браќа“ потребно е меѓу двата народа заемно признавање и заемно создавање на подобра иднина на двете држави. 

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот нема да дозволи Заев да ја распродава Македонија

Коцкарската игра на премиерот во заминување Заев му носи пораз и на преговарачка маса со Бугарија ...

Историја

News image

Извештај за бомбашките напади на Солун во американскиот весник „The St. Louis Republic“ од 9 август 1903 година

„Сцена на улица во Солун веднаш по поставувањето динамит на Отоманската банка. Овој криминал, како п...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА „СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ“ ОД ТОРОНТО

Во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Ско...

Култура и туризам

News image

ОД ИЗРАЗОТ МЕСИЈА – ПОМАЗАНИК – ДО ИЗРАЗОТ МУЗИКА (25)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, з...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (48)

„ЕВГЕНИКА“ ВО СПАРТА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.