Среда, 07 Октомври 2020   
Патриотско (само)понижување

Како народ што со векови бил поробуван и понижуван, последните години го доживуваме најголемото самопонижување откако постоиме на векот. Иако во нашата историја многупати сме биле поробувани, но не сме биле покорени, сепак, сметам дека никогаш не сме биле покорени и понижени како последните декади.

И сега ни нема спас, зашто покрај тоа што сме покорени, ние сме (само)понижени, а од тоа ни нема спас. Оти тогаш не ти е телото покорено туку душата ти е покорена, умот ти е поробен. А од тој затвор и ропство нема спас. Најстрашен затвор е оној што човекот сам ќе си го наметне, во кој самиот ќе се затвори, на кој самиот ќе се осуди.
Човек и в затвор може да биде слободен. И осуден на доживотна робија, човекот може да биде слободен ако духот му е слободен, ако умот му е слободен, ако душата не се дава и се надева, ако душата му живее надвор од решетките на занданите, тоа е неговиот спас, надежта, непокорот, пркосот. Но нема спас за оној човек или народ што сам се ставил во внатрешен затвор, кој сам си ги заробил мислата, душата, надежта, тој е мртов човек, мртов народ, кој нема надеж повеќе, кој сам си го згазил достоинството, си ја продал честа… Него не треба никој да го понижува и осудува, бидејќи тој веќе е осуден на доживотна робија и пропаст.

 

Е, токму тоа ни се случува нам како народ. Првпат во историјата Македонецот сам се отпиша, сам се откажа од себеси, од своето достоинство, од своето име, од својата историја, се откажа и од минатото, за кое гинеле генерации, а со тоа се откажа и од сегашноста и од сопствената иднина. Првпат тој самиот се одроди од себеси, се самоукина, се самоизбриша… Многупати сме биле поробувани, прекрстувани низ вековите, но не сме го изгубиле сопствениот идентитет, зашто не сме се помириле со тоа, не сме се покориле, но сега првпат ние самите се прекрстивме, се самоукинавме и сега е готово со нас. Каков ли генетски инженеринг му е направен на овој народ за самобришење од сопствената колективна и лична меморија, тоа е невидено злосторство во светската историја и е рамно на геноцид.
Многу народи доживеале геноцид во својата историја, вклучувајќи нѐ и нас, но ваков геноцид не доживеал ниеден друг народ, зашто ова е самогеноцид, самобришење, самопоништување од личната и колективната меморија. Ние самите веќе не смееме да се наречеме Македонци, вековното име на државата не смееме да го спомнеме ни надвор, а сега ни дома. Првпат ние самите се прекрстивме, се самоизбришавме и сега е грев ако некој и дома се нарече Македонец и ја спомене Македонија. Па, ова не ни се случило ни во најцрните денови од нашите многубројни поробувања низ историјата.
И да биде парадоксот поголем, сето тоа под плаштот на патриотизмот и грижата за иднината на државата и идните генерации.

Па, ние им ја избришавме историјата на нашите предци и им ја украдовме иднината на нашите потомци, а уште пострашно ние им ги украдовме и душата и надежта и вербата. Нема поголемо предавство и поголемо злосторство од тоа. Дури хипокризијата и налудничавоста одат дотаму што во сопствената држава веќе не смееме да го споменуваме вековното име, зашто веднаш те прогласуваат за предавник што работи против интересите на државата и иднината на прекрстената земја. Ова е врв на лудилото. Дочекавме и да си правиме самопрогон во сопствената држава. Веќе никој не ни е виновен за тоа, зашто овој пат самите си ги направивме сопствениот геноцид и генетски инженеринг.
Затоа крајно лицемерно е да го чествуваме Денот на независноста на (не)постојната и безимена држава. Да бидам докрај цинична, почесно е да почнеме да чествуваме од почеток, од првата годишнина на новата (не)зависност, на новата северна држава, зашто и онака избришавме сѐ што постоело претходно и можеме сосема да се ресетираме од нула и да се рестартираме… Ние ги предадовме идеалите и на Илинден и на АСНОМ и на генерацијата што ја прогласи независноста на државата. Ние ги предадовме идеалите на сите претходни и на сите идни генерации. Во овие три децении систематски разнебитивме сѐ што беше вредно, сѐ што беше свето за овој народ. Го поткопавме националното ткиво и го поделивме, разединивме и пониживме народот по сите основи. И во тоа разнебитување одговорност имаме сите, и тие што директно учествуваат во распродажбата на државните интереси и сите полтрони и опортунисти што од лични лукративни побуди аминуваат сѐ, но и сите останати што се неми набљудувачи на она што се случува во овие три децении.

Нека го поштедат барем народот од лажниот патриотизам, од лицемерството, од поделбите, од понижувањето. Никој не го понижил овој народ како нашите современици квазипатриоти, кои коленичејќи пред своите ментори и странски спонзори нѐ фрлија сите на колена и ни ги погазија и националното достоинство и човечкото достоинство. Но за тоа ќе им судат историјата и сопствените деца. Боли душата до каде ја дотуркавме работата.

М-р Марија Младеновска Димитровска, психолог

Превземено од:  https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/pisma/

 

На прво место

News image

БУГАРСКАТА ЦЕНЗУРА НА ДЕЛО

  СОФИЈА ГО ЗАБРАНИЛА ВЕСНИКОТ ОД 1938 ГОДИНА ЦЕЛОСНО ПОСВЕТЕН НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ! &n...

Историја

News image

Македонија со векови била делена, но Македонците опстанале

„Со потпишувањето на Букурешкиот договор, Македонија беше прв пат поделена и оттогаш судбината и е о...

Иселеници

News image

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ВЕЛУШКА ТУМБА“ (5)

Поврзаноста на браќата Јановски со родното село е голема. ...

Култура и туризам

News image

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир, во храмот на архистратег Миха...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (43)

МОСИНИКИЈА, МИЗИЈА, ДАРДАНИЈА И ТРОЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.