Среда, 14 Октомври 2020   
МАКЕДОНИЈА, НЕПРИКОСНОВЕН ФАКТ ВО СВЕТСКАТА ИСТОРИЈА

thumbnail

Сите луѓе и култури се живи истории. Се она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на овие врски ни дава основно разбирање за состојбата да се биде човек.

Низ минатото многу од историските обележја се како во сенка, а денес веќе и се кријат, премачкуваат со бои, или им лепат нови плочки со натписи дека припаѓале на хеленската историја. Каде сме тогаш ние? Кираџии на свое тло. Или Македонија постои само да раздава на светот, на соседните земји чии апетити се поголеми од самите земји и ја користат секоја прилика да го негираат постоењето на македонската нација, јазик, историја. Промена на името, двојазичност, добрососедски и други договори кои ги потпиша Заев се без преседан најголемо зло, велепредавство, “убивање” на мајката на милиони Македонци како дома така и во светот. 

Но ние постоиме и сме живи сведоци на македонската историја која колку некој ја извртоперува или негира, таа наѕира од богатите светски архиви, од оние кои во време на војни, делби и страдања престојувале во Македонија да ги следат и запишуваат настаните.  

thumbnail2Со восхит за Македонија, за Солунските атентатори, за Илинденското востание, пишуваше големиот фанцуски хуманист Пјер Беарн, цитирам: “Пред околу 650 години, п.н.е Пердика Први, беше првиот македонски крал. После него уште многу други дојдоја на тронот. Филип Втори беше најуспешниот крал. Неговиот дом е тука во Пелагонија, Македонија. Тој не е Грк. Во 336 п.н.е Грците се кренаа против Македонската доминација. Во 335 грците го положија оружјето а Александар влезе во Атина како победник. Кога ќе помислам дека тој беше тука, и јас чувствувам потреба да викам, да трчам, да се радувам, да постанам жител на светот на слободата, да мислам дека секој ме сака, и јас да ги сакам сите. Тоа не е нешто лесно.

Македонската историја и култура зазема посебно место во светската култура, принесувајќи светло од античка земја не заборавајќи и темните страни на својата историја, донира своја традиција, модерна уметност и цивилизација. Македонската културна креативност е најсилната инвестиција што може да се избере за својата иднина.

Во овој пилог издвојувам еден од многуте објавени вести за Македонија во минатото кој е доволен доказ за големиот интерес со кој се следеле настаните во сите времиња од нејзиното постоење.

Примерот е од американската архива, поточно во весникот the Seattle Star 1904 во кој се објавува вест под наслов Македонското востание може да предизвика поделба на Турција во Евопа и поднаслов – Австрија во игра на кроење на картата и судбината на Македонија.

thumbnailИзвадок од весникот: “Македонија е стара земја која некогаш и своевремено беше славно кралство. Потекнуваше од мал нејасен почеток но се оформи и стана позната во историјата, различна од Тракија на исток и Тесалија на југ. … Александар Велики ја направи Македонија најмоќна земја во времето, но по неговата смрт раскошот на земјата брзо опадна. Римјаните ја освоиле нацијата и во 146 година Македонија станала римска провинција. Во моментов Македонија нема место во административната поделба на Турција. Macedonia is an old and was at one time a famous kingdom. It originated from a small obscure beginning and comprised, when it became known in history, the distinct of Thracia on the east and Thessaly on the south. …Alexander the great made Macedonia the most powerful country of the times, but upon his death the splendor of the land declined rapidly. The Romans conquered the nation and in 146 Macedonia became a Roman province. At present Macedonia has no place in the administrative division of Turkey.”

Христијанството започна токму во Македонија со доаѓањето на Апостол Павле. Кога тој беше погубен во Рим, Господ ги изрони своите солзи во виничката тврдина. Две илјади години по неговата смрт, тие солзи стигнаа и се стркалаа на теракотните икони кои денес припаѓаат во групата на најзначајните христијански икони во светот. Каде и да копнеш во македонската земја, ќе најдеш антиквитет. Секоја педа земја открива нови факти, нови богатства. Токму во Македонија се направени првите чекори на христијанството.

Во факти за Македонија јасно стои дека Македонија е позната по проповедувањето на Свети Апостол Павле токму на нејзино тло.

Жива е Македонија, жива е вистината за неа, ние сме нејзината историја. Ниту еден политички врв не може тоа да го откине од милиони македонски срца.

Пишува: Гордана Димовска, Австралија

Email: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

На прво место

News image

БУГАРСКАТА ЦЕНЗУРА НА ДЕЛО

  СОФИЈА ГО ЗАБРАНИЛА ВЕСНИКОТ ОД 1938 ГОДИНА ЦЕЛОСНО ПОСВЕТЕН НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ! &n...

Историја

News image

Македонија со векови била делена, но Македонците опстанале

„Со потпишувањето на Букурешкиот договор, Македонија беше прв пат поделена и оттогаш судбината и е о...

Иселеници

News image

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ВЕЛУШКА ТУМБА“ (5)

Поврзаноста на браќата Јановски со родното село е голема. ...

Култура и туризам

News image

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир, во храмот на архистратег Миха...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (43)

МОСИНИКИЈА, МИЗИЈА, ДАРДАНИЈА И ТРОЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.