Среда, 21 Октомври 2020   
СДС во иднина ќе им го препуштат и 23 октомври на Бугарија

1abСвекрва 

СДС во иднина ќе им го препуштат и 23 октомври на Бугарија

Македонската револуционерна борба не е завршена!

На 23 октомври се празнува Денот на македонската револуционерна борба. Тој е државен празник кој се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. На тој ден во 1893 година во Солун, во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов, во конспирација шестмина млади Македонците ги постават основите на борбата на македонскиот народ за слобода. Основоположници на Македонскиот револуционерен комитет биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев.      

1osnovacite-na-vmro

Формирањето на Македонската револуционерна организација бил почеток на организираната борба на македонскиот народ за формирање на македонска држава. Македонскиот народ без помош од надвор, преку Илинден 1903 кога е формирана Крушевската република и потоа преку АСНОМ  1944 година создаде современа македонска држава и повеќе од четири децении егзистирапе во југословенската федерација. На 8 септември 1991 година, македонскиот народ  го поврати својот суверенитет, продолжувајќи самостојно на патот на евроинтеграциите.  

Иако, 23 декември - Денот на македонската револуционерна борба, кој се слави од 2007 година, го симболизира континуитетот на македонската борба за независност, социјалдемократите беа против истиот да се слави како државен празник, бидејќи тој се поврзува со ВМРО-ДПМНЕ како наследничка на Македонската револуционерна организација. 

Но, не само што социјалдемократите имаат против славењето на овој датум како државен празник, тие по доаѓањето на власт по парламентарните избори кон крајот на 2016 година, буквално ги распродаваат националните интерси. Сите потребни атрибути кои ја сочинуваа македонската држава тие ги уништуваат наводно поради евроатланските интеграции.

Под притидок на Грција, СДС го смени името на државата во 2018 година, иако на референдумот одржан на 30 септември истата година не добија согласност од македонскиот народ. Сега на Бугарите им ја распродаваат историјата и македонските дејци како на пример Гоце Делчев, апостолот на македонската револуционерна борба. 

Како што тргнале, социјалдемократите во иднина ќе им го препуштат и 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба на Бугарите, со оглед дека по распродажбата на историјата нема да има што да се слави и поради тоа што многумина од нив сметаат дека тоа е празник во служба на големобугарската идеја. 

Поради се ова што се случува борбата на македонскиот народ за место под европското сонце  никогаш не престанала. Таа продолжува и денес во 21 век, кога се навршуваат 127 години од формирањето на Македонската револуционерна организација. Денес македонскиот народ се бори да го сочува своето име, својот идентитет и јазик, а со тоа и македонската држава.

Ако борбата за создавње на независна македонска држава во 19 век ја започна Македонската револуционерна организација, денес борбата за зачувување на македонста држава ја продолжува ВМРО-ДПМНЕ зад кој стојат најголемиот број на македонски интелектуалци,  мнозинството од македонскиот народ, како и останатите заедници во земјата.

Македонската револуционерна борба не е завршена. Но, оваа борба денес се води во тешки услови, кога заради пандемијата со Ковид-19 во земјата се воведени и ќе се воведуваат нови мерки и ограничувања.

Но ако Македонската револуционерна организација во 19 век почнала да ја шири својата организациска мрежа во време кога во делови од Македонија владеела чума, тогаш ни денешната чума на 21 век нема да ја спречи борбата за зачувување на идентитетот на македонскиот народ.

 

На прво место

News image

Добро чуваната тајна за производство на свила, во Европа ја пренесува Јустинијан I

Денес свиларството е изумрено во Македонија. Сепак, по повеќе децении постојат поединечни обиди да с...

Историја

News image

Одлука за кревање на востанието – прво и второ Софиско советување

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Го...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ПЕЧАЛБАРСТВОТО НА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ (11)

Co стапувањето во брак на Толе со Доста Јановска, семејств...

Култура и туризам

News image

Александар ДОНСКИ : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „КУРБАН“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј (со издавачот Душан Ристевски) излезе од печ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (49)

ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА СКИТИТЕ-ПРАСЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ - НОВО ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ПРАИСТ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.