Среда, 18 Ноември 2020   
Проф. д –р Ѓорѓи Малковски: Хероите умираат со отворени очи

1Malkovski Djordji 1

Проф. д –р Ѓорѓи Малковски: Хероите умираат со отворени очи–78 години од масакрот кај Сеченица, Велешко 

Бугарската војска, полиција и нивните соработници, за време на офанзивата за уништување на борците од велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“, извршиле и масовни убиства. Во еден студеникав октомвриски ден, на половина пат помеѓу селата Богомила и Бистрица - Велешко, во месноста "Сеченица", која се наоѓа распослана во плодното богомилско поле, се случил крвав масакр, извршен од бугарските војници врз група македонски патриоти за слободна Македонија. Единствено обвинение поради кое требало да им се одземат животите на овие мирни, трудољубиви и чесни луѓе, била нивната врска со партизанскиот одред "Димитар Влахов", кој материјално го помагале уште од неговото формирање во април 1942 година. Разбеснетиот бугарски окупатор, во неможноста да го спречи нараснатото националноослободително движење во овој крај и да му нанесе решавачки удари на партизанскиот одред "Димитар Влахов", кој со своите вооружени акции во текот на летото и есента на 1942 година значително ја ослабна и ја направи несигурна бугарската управа во Велешко, со сета жестина се нафрлил врз голоракото и незаштитено население. На удар на бугарската војска и полиција се нашло населението од поширокиот регион на Азот, кое на сите можни начини ги помагало материјално и морално борците на Одредот. Бугарскиот окупатор, во спрега со домашните предавници и најзакоравените ренегати на македонскиот народ - контрачетниците, извршиле такво злодело пред кое би се засрамиле и најголемите злосторници на нашето време.

199012Бугарските полицајци пред почетокот на крвавиот масакр во септември 1942 година 

Во пошироката акција, што ја извршил бугарскиот окупатор во текот на

октомври 1942 година, во селата на Азот биле затворени 128 лица, додека 64 биле интернирани, а 48 биле затворени и ставени под истрага во велешкиот и во скопскиот затвор. Тие биле упасени по блокадата што војниците на 56-тиот полк, под команда на полковникот Апостолов, ја спровеле во повеќе села на Велешко. Тогаш биле затворени половина од селаните од Ораовдол и Мокрени, од Габровник скоро сите, десет души од Теово, од Богомила 40-50 души, од Бистрица двајца, од Капиново 3-4 итн. Над сите нив биле извршени тешки физички тортури.         

Од Скопје пристигнале полициски агенти кои вршеле сослушување и тепање. Притоа, од затворените била издвоена група од 16 души, за кои окупаторот имал подетални информации од своите доушници, дека затворениците, како членови на воените комитети, активно соработувале и го помагале националноослободителното движење и биле во непосредна врска со Одредот. Биле затворени: Шефки Муратов, оџа од с.Согле, Ристо Поповски, Тоде Спировски, Милан Марковски, Петре Бубановски, Петре Неровски и Петре бакалот од Богомила, Ванче Ѓаков, Тоде и Милан Јаневи и Игно Думбас од Мокрени, Коце Поповски, Тоде Силавевски и Темелко Ризов од Габровник и Борис и Ризо Јаневи од Ораовдол. Тие биле затворени во училиштето во Богомила, а истрагата и сослушувањето ги водел, по зло дела надалеку познатиот Костадин Балкански. Во училиштето сите шеснаесет души биле распрашувани. Притоа, биле тепани со една недогорена суровица и удирани каде што ќе се стигнело. Сите биле тепани еден по еден. Во тоа тепање на агентите им се придружиле и двјаца војници. Меѓутоа, и покрај ѕверските тортури, устите на затворениците останале неми. Пред иследните органи по ослободувањето на Македонија, кога на воените злосторници им се судело во Македонија за злоделата извршени во текот на војната, Костадин Балкански во врска со овој случај го изјавил следното:".. Тоа беше жестоко тепање, немилосрдно. И јас сум тепал, ама такво тепање во животот не сум видел. По тепањето сите шеснаесет души ги врзавме, ги качивме на воз и токму кога дојдовме на половина пат меѓу Теово и Богомила (кај Бистричките лаки з.н.) ги симнавме. Уште кај Богомила војниците зедоа со себе лопати и копачи. Ташев одеше напред да избере погодно место. Тој рече дека имал наредба од полицискиот началник Симеонов, од началникот на "државната" Васил Цанков, а исто така и од полковникот што командуваше со војската, да преземе секакво нужно дејство, што во текот на распрашувањето ќе му се наметне". А она што се случи во "Сеченица", на 17 октомври 1942 година, навистина било страшно.        

Откако Ташев го одбрал местото, во договор со поручникот што го придружувал, побарал десет војници кои „ќе му помогнат да ја изврши "работата", односно, да ги ликвидира уапсените“. Тогаш Ташев, Коце Михајлов, Иван Иванов, војниците и уапсените, отишле кон блиското ритче. Војниците ги наредиле пушкомитралезите на 15-20 метра зад уапсените. Очекувањето на бугарските војници, дека уапсените ќе молат за прошка, не се оствариле. Долго одекнувале истрелите од пушкомитралезите, чии куршуми се забивале во помодрените од ќотек тела на овие македонски патриоти. Биле испукани куршуми како да се водела цела битка. По стрелањето, еден од војниците ги прободувал труповите на убиените со нож, а Иван Иванов и последниот куршум од пиштолот го испукал во главата на закланиот оџа од Согле. Меѓутоа, тое не било се. Еден дел од уапсените биле на уште поѕверски начин ликвидиран. Во заедничката гробница биле закопан и Шефки Муратов, кој претходно бил убиен од страна на Петар Тончев, контрачетник од Велес, кој пред истражните органи по ослободувањето го изнел следното:".. Јас требаше да го убијам оџата. Му забив еден нож во вратот и плисна крв два метри високо..потоа го изрешетав по целото тело со шмајзерот и тој умре. И пратив абер на жена му да не го чека, зашто го заклав и да си бара друг".         

Слична судбина доживеале и Борис и Ризо Јаневи. Тие биле убиени во близина на железничката станица "Васил Антевски", на исто така ѕверски начин. Најпрво биле ставени во една дупка помала од нивниот раст. Потоа еден по друг биле прекршувани, набивани и закопани живи во дупката. На Ристо Поповски, пак, бугарските војници најпрво му ја згмечија главата со камења,  потоа го издупчиле со ножови и на крајот го фрлиле во заедничката гробница, а Тоде Спировски жив бил боден со долгите војнички ножеви по целото тело. И покрај ваквите садистички методи, бугарите не слушнале ниту еден збор од Тодета, ниту офкање ниту слични реакции. И тој бил фрлен во заедничката гробница. 

1990123Гробницата во „Селеница“ 

Вкупно биле стрелани 16 лица, и тоа: Игно Алексов, Ванчо Анастасов, Веле Јанев и Тоде Јанев  од с. Мокрени, Милан Гиновски, Тоде Димитриев, Перо Димов, Петре Мирчев, Ристо Попов и Петре Стефанов од с. Богомила,   Ризо Јанев од с. Ораов Дол, Темелко Георгиев, Тане Георгиев и Коце Николов од с. Габровник и Шефки Муратов од с. Согле. Сите тие претходно биле  ѕверски тепани за да кажат каде се криејат борците на Одредот или нивните соработници. По овој невиден масакр, бугарските војници ги затрупале телата со земја и се вратиле назад во Богомила. Долго време никој од населението не се ни обидувал да отиде во месноста "Сеченица", кое станало синоним за едно крваво и невидено злосторство и кое, како такво, и ден денес живее во сеќавањата на современиците и историјата.

 

 

 

На прво место

News image

Добро чуваната тајна за производство на свила, во Европа ја пренесува Јустинијан I

Денес свиларството е изумрено во Македонија. Сепак, по повеќе децении постојат поединечни обиди да с...

Историја

News image

Одлука за кревање на востанието – прво и второ Софиско советување

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Го...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ПЕЧАЛБАРСТВОТО НА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ (11)

Co стапувањето во брак на Толе со Доста Јановска, семејств...

Култура и туризам

News image

Александар ДОНСКИ : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „КУРБАН“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј (со издавачот Душан Ристевски) излезе од печ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (49)

ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА СКИТИТЕ-ПРАСЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ - НОВО ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ПРАИСТ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.