Среда, 18 Ноември 2020   
Македонците не се Срби, ниту Бугари, ниту Грци

1MNМакедонска нација

Соседите никако да разберат дека Македонците не се Срби, ниту Бугари, ниту Грци 

Македонецот сепак има разбирање и љубов кон сите свои соседи, иако тие постојано го оспоруваат неговото име, идентитет, јазик, култура, неговата црква. На таквите навреди кои се резултат на пропагандите од минатото, одговара аргументирано со докази.

Соседите никако да разберат дека Македонците не се Срби, ниту Бугари, ниту Грци. Постојаните провокации не му носат на никого добро, а најмалку на македонскиот народ. Затоа оставете го македонскиот народ нормално да живее, да се развива, зошто неговиот просперитет и благосостојба може да биде само добродојдена за сите негови соседи.

После се што има доживеано во последните стотина години, оставете го македонскиот народ да живее во мир и во согласност со неговите интереси. Оставете го да ги чествува сите оние за кој смета дека заслужуваат. Иако на Балканот сите сме некакви браќа, братучеди, по мајка, по татко, баба. дедо, по некакви далечни корени, сепак денес секој си има свој дом кој го уредува според своето убедување. Никој нема право да му се меша во неговата историја или пак да доаѓа дома и да му кажува кој е и што е!? Тоа е израз на крајна невоспитаност.

Македонецот сепак има разбирање и љубов кон сите свои соседи, иако тие постојано го оспоруваат неговото име, идентитет, јазик, култура, неговата црква. На таквите навреди кои се резултат на пропагандите од минатото, одговара аргументирано со докази.

На почетокот на XX век, по Младотурската револуција во 1908 година, туѓите пропаганди се прилагодуваат на новонастанатата сотуација и наместо со вооружени чети, во Македонија повторно настапуваа преку политички асоцијации и црковно-училишните општини со цел завладување на Македонија. Преку нив биле опфатени нивните приврзаници и извесен дел крупни трговци. Иако организациите набрзо биле укинати, биле создадени сили кои го раскинувале македонското национално ткиво. Меѓутоа. тоа набрзо создава голем отпор кај македонското население кое е предводено од македонските дејци.

Митрополитот Скопски Теодосиј Гологанов (1846 - 1926) кој е поборник за обновување на Охридската архиепископија извршил силно влијание врз младата македонска интелигенција и предизвикал разгорување на македонското национално чуство кај македонското граѓанство. Тој многу порано ги согледал штетните влијанија на странските пропаганди во Македонија и опасноста за македонскиот национален индивидуалитет.  Уште во последната деценија на XIX век, тој во своето писмо од 22.06.1891 година до проигуменот Дионисиј пишува:

„Ние Македонците немаме толку мака од Турците да ни е жив падишахот, колку од Грците, Бугарите и Србите, кои како орли на мрша се впуштија на оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат... Нашата Егзархија со својата црковна и просветна дејност тука во Македонија ја врши всушност најмизерната задача, му го одзема името на еден народ и го заменува со друго, му го одзема мајчиниот јазик и го заменува со туѓ, му ги одзема сите национални белези и ги заменува со туѓи... Турците земаат имоти и животи на рајата, но не посегнуваат по неговиот дух. Тие го уништуваат телото, но духот го почитуваат. А, нашата света Егзархија го убива ова другото, постојаното... Ние духовниците, по потекло Македонци, треба да се здружиме и да го покренеме нашиот народ да се разбуди, да ги отфрли туѓинските управи, да ги отфрли Патријашијата и Егзархијата, и да се обедини духовно во лоното на Охридската Црква, нивната вистинска мајка црква, Не е ли крајно време да се запре националното делење на ист народ само поради тоа што едниот ја признава Патријашијата, другиот Егзархијата, а третиот му се клања на Мухамед

Неговата дејност била забележана од Патар Поп Арсов со чија помош во 1910 година се кандидирал за митрополит за скопската епархија. По овој повод архимандритот Неофит, заменик на егзархискиот митрополит во Скопје, во писмото од 25 јуни 1910 година (Бугарска митрополија  Изл. бр. 465, 25 јуни 1910 г. Скопје) испратено до Неговото Блаженство Егзархот на Бугарската црква, Г. Г. Јосиф I во Цариград пишува: 

„Од некое време наваму, како што веќе Ве известив неколку пати, работите во епархијата, а особено тука (во Скопје - б.р.) не одат како што треба. Епархискиот совет, кој, како што Ви е познато, се состои од првенците граѓани, реши да Ви испрати писмо во кое остро ја осудува кандидатурата на поранешниот скопски митрополит Теодосиј, и меѓу другото во протестот, по моја сугестија, пишува: „Револтирани читаме по весниците дека една група безочници сака по секоја цена да го натера населението - гласачите во Скопската епархија да го вратат типичниот инаетчија Теодосиј за митрополит на Скопската епархија. Тоа е истиот оној Теодосиј кој пред 17-18 години сакаше да ја оддели Скопската епархија од Егзархијата и да се прогласи за независен митрополит. За таа цел тогаш тој направи посебен печат во кој ги избриша светите за нас зборови „Бугарска егзархија" и напечати свои крштелни свидетелства, вули и други документи; не ги исполнуваше окружните писма и распоредбите на Егзархијата и друго. Меѓутоа, бидејќи во тоа време немаше такво антибугарско движење меѓу овдешниве Бугари, тоа и помогна на Егзархијата да го оддалечи навреме овој опасен расколник и на тој начин да биде зачувано единството на Бугарската црква во Турција. Сега истиот тој расколник, противно на егзархиските интереси, сака да си ја врати епархијата и да ја продолжи својата нечесна работа, да го разедини нашиот бугарски народ. Ние најостро протестираме против поставувањето на неговата кандидатура за скопски митрополит, бидејќи го навредува бугарското чувство на населението."

За жал, Ваше Блаженство, ако Епархискиот совет има такви луѓе со здрав разум, не е тоа случај со некои еснафски средини, кои се под влијание на учителот г. Петар Поп Арсов, кој си внушил во главата дека е водач на народот. Тој постојано зборува против Егзархијата и нејзиното началство, вклучувајќи ме и мене, и ги поттикнува еснафите да ја поддржат кандидатурата на митрополитот Теодосиј, зашто тој своевремено пострадал бранејќи ги интересите на Македонците.

Не е излишно да Ве известам уште за нешто за кое претпоставувам дека ќе претставува извесен комплот во сета оваа изборна пропаганда. Од некои членови на Советот разбрав дека Крсте Петков, оној што своевремено тргна со „мисирковштината", од некој свој роднина што живее тука, во Скопје, побарал да го поврзе со учителот Петар Поп Арсов во врска со собирање на песни за „Крале Марко" во скопската околија, а господинот Поп Арсов бил љубезен веднаш да се согласи. Ова Ви го пишувам, Ваше Блаженство, како едно оправдано сомневање дека тука оживуваат расколничките сили. Тој господин Крсте Мисирков на својот роднина му искажал во писмото желба да се врати во Македонија, поточно да дојде во Скопје штом ќе се ослободи Македонија. Сакал човекот да биде професор на скопскиот универзитет(?!). Ако е тоа вистина, а нема зошто да ме лажат, тогаш самиот заклучете каква опасност и претстои на бугарштината во овие историски времиња. Замислете си да се здружат заедно „мисирковштината" на господинот Крсте, „сепаратизмот" на Неговото Високопреосвештенство Теодосиј и „автономштината" на госполинот Петар Поп Арсов!

На мислење сум, Ваше Блаженство, врз основа на протестот од Епархискиот совет /кој, впрочем, да се објави во печатот/ да се отфрли кандидатурата на Неговото Високопреосвештенство г. Теодосиј, со што би се избегнала една опасност од несетени размери за бугарското дело во Македонија.“ („Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, том први, Скопје, 1981, стр.468 – 469)

Отфрлањето на кандидатурата на Теодосиј и непочитувањето на вољата на македонскиот народ кој со свои средства ги гради црквите и ги помага црковно-училишните општини предизвикува револт. Македонците масовно протестираат против Бугарската егзархија и тоа не само во Скопската епархија туку и во другите црковно-училишни општини: Велес, Штип, Струмица, Прилеп, Витола, Охрид, Сер, Солун Неврокоп и други. Протестите добиваат македонски национален белег бидејќи се потенцира дека Теодосиј Гологанов е Македонец кој се залага за обновување на Охридската архиепископија. 

Затоа денес никој нема право да каже дека оваа или онаа црква му припаѓа на било кој сосед. Тие се изградени со средства на Македонците и од нивни раце, а му припаѓаат на МПЦ – ОА.

Така драги наши соседи Македонците не се вештачка нација, не се од вчера, не се ни од 1944 година, ниту пак од  XIX век, туку многу порано. Неговите корени допираат длабоко во минатото и тешко дека некој ќе може нив да ги исече.

 

На прво место

News image

Добро чуваната тајна за производство на свила, во Европа ја пренесува Јустинијан I

Денес свиларството е изумрено во Македонија. Сепак, по повеќе децении постојат поединечни обиди да с...

Историја

News image

Одлука за кревање на востанието – прво и второ Софиско советување

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Го...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ПЕЧАЛБАРСТВОТО НА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ (11)

Co стапувањето во брак на Толе со Доста Јановска, семејств...

Култура и туризам

News image

Александар ДОНСКИ : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „КУРБАН“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј (со издавачот Душан Ристевски) излезе од печ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (49)

ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА СКИТИТЕ-ПРАСЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ - НОВО ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ПРАИСТ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.