Среда, 18 Ноември 2020   
Свекрва: Идентитетот и јазикот на Македонците не смее да биде предмет на трговија

1svekrvaСвекрва

Зоран Заев вели дека следува блокада од Софија, односно дека официјална Бугарија вели „не за преговорите, но не и за членство на земјата во ЕУ“. Сепак тој е оптимист и верува дека до декември ќе се изнајде решение. Тоа во превод би значело дека пак нема да опстои на зборот и уште еднаш ќе потклекне под притисок, прифаќајќи нешто што ниту еден разумен македонски политичар не би прифатил–членство во ЕУ под уцена и губење на националниот идентитет. Всушнист, доколку оваа власт ги прифати уцените на Софија, македонскиот народ е на пат да исчезене, а македонската територија да се распарчи.

Исчезнувањето на македонскиот народ може да се случи на два начина.

Прво доколку Скопје го прифати барањето на Бугарија дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, потоа ако се откаже од историјата и ги прифати бугарските корени.

Второ, доколку оваа неспособна власт, донесена да ја растури Македонија, продолжи со оваа стратегија за справување со корона вирусот. Тогаш нема да останат никој од постарите за да раскажува за бугарската фашистичка окупација и нивните злосторства извршени во земјата за време на Втората светска војна, меѓу кои се Холокаустот на Евреите и стрелањето на децата во Ваташа.

И наместо Софија да се извини и да му подаде рака, на како што вели братскиот („ист“) народ,  со ваквите закани за вето, наместо земјата да се интегрира во ЕУ, таа ја турка Македонија кон Србија и внатрешни поделби. Односно федерализација и поделба на земјата по линија од Втората светска војна, кога со Источна Македонија администрираше Бугарија, а со Западна Македонија Италија, односно кралството Албанија.

Во денешно време, со својата стратегија Бугарија, која како држава беше формирана од Русија  по Руско–Турската војна (1877 - 1878) во местото Сан Стефано, а потоа санкционирано истата година во Берлин, тежнее кон делумно остварување на својот Санстефански сон. Но, со својата постапка, иако е членка на ЕУ и НАТО, таа во овој момент првенствено и помага на Москва во создавањето на нестабилност во јужното крило на НАТО на Балканот.

Меѓутоа, дезинтеграцијата на земјата изгледа нема да ја попречи ни НАТО, ни ЕУ. Едноставно тие ќе се задоволат дека на тој начин уште повеќе ќе ја притиснат Србија која е се’ поблиску до Москва.

Меѓутоа, за вистински да се стабилизира овој дел на Балканот, евентуално новата администрација на САД и НАТО ќе мора да ја поддржат Македонија. Тоа мора да го направат ако сакаат мир на овој дел, бидејќи што би се случило доколку развојот на настаните оди во овој правец никој не знае каква ќе биде реакцијата на Србија и Грција. А ваквиот развој секако ќе го зоврие Балканското буре барут.

Се што во изминатите две децении социјалдемократите направија, особено по конфликтот во 2001 година и Рамковниот договор оди во прилог на овој можен развој на настаните. Терторијалната поделба во 2004 година и најновото прифаќање на двојазичноста на цела територија. Тоа се надоврзува и со присуството на политичарите на ДУИ во преговорите за името, идентитетот и јазикот со Грција и Бугарија.

Софија вели дека во Македонија се потикнува и шири омраза кон Бугарија. Напротив, ако некој ја потикнува тоа го прави  источниот сосед со негирањето на македонскиот народ и неговите небулозни тврдења за бугарските корени на Македонците и македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот.

Ако некој те негира, зар ќе го гледаш истиот со симпатии!!?     

Сепак и покрај сите напори што ги прави Софија и домашните петоколонаши, за да ја растурат Македонија, таа опстојува и тоа благодарение на почитувањето меѓу македонскиот народ и заедниците. Како што заедно се спротивставија на фашизмот во Втората светска војна, така и денес усшешно се спротивставуваат на барањата на модерните фашисти. Едноставно, мнозинството Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Власи, Бошњаци и др. се против промена на името, идентитетот, историјата, јазикот за кои преговара оваа власт.

Доколку власта предводена од Заев уште еднаш излаже и се сложи со барањата на Софија. тогаш како што вели лидерот на најголемата опозициска партија Кристијан Мицковски ќе се случи народ. Едноставно, македонскиот народ, сплотен како никогаш досега ќе излезе и ќе ја побара правдата на улица. Во тоа нема да ги спречи ни полициски час, ни корона вирусот.

Што чувствуваат Македонците во нивните срца, без разлика на етничка припадност и вера, најдобро говори победата на фудбалската репрезентација на Македонија над Грузија.

Македонската репрезентација, во која покрај Македонци играат играчи и од сите други заедници, изгореа за својот македонски дрес. Тие лавовски се бореа до победата која ја однесе земјата на ЕП идната година. Оваа победа ја прославија со песната излези момче право на тераса...., што многу кажува. Тоа истото го направи и македонскиот народ кој масовно излезе на улица во сите градови на Македонија за да ја прослави победата.

Тоа нека биде поука, дека истиот тој народ, сплотен може масовно да излезе на улица ако некој се обиде да тргува со идентитетот и јазикот на македонскиот народ.

Во народот нема дилема–Идентитетот, историјата, историските личности (Гоце и др.) и јазикот на Македонците не смее да биде предмет на трговија.    

 

На прво место

News image

Добро чуваната тајна за производство на свила, во Европа ја пренесува Јустинијан I

Денес свиларството е изумрено во Македонија. Сепак, по повеќе децении постојат поединечни обиди да с...

Историја

News image

Одлука за кревање на востанието – прво и второ Софиско советување

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Го...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ПЕЧАЛБАРСТВОТО НА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ (11)

Co стапувањето во брак на Толе со Доста Јановска, семејств...

Култура и туризам

News image

Александар ДОНСКИ : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „КУРБАН“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј (со издавачот Душан Ристевски) излезе од печ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (49)

ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА СКИТИТЕ-ПРАСЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ - НОВО ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ПРАИСТ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.