Среда, 25 Ноември 2020   
Проф. д – р Ѓорѓи Малковски : Суровата реалност е само вистина

1Malkovski Djordji 2Проф. д – р Ѓорѓи Малковски

78 години од масовната ликвидација во с. Д. Јаболчиште, Велешко 

Во офанзивата што бугарскиот окупатор во октомври 1942 година ја извел во поширокото подрачје на Велешко, не биле постигнати очекуваните резултати на бугарските воени главешини за разбивање и уништување на нараснатото Националноослободително движење, кое поради успешните акции на партизанскиот одред "Димитар Влахов", уште повеќе се зголемувало и омасовувало со нови луѓе.

Бугарскиот окупатор беснеел. Сметајќи дека сепак народот требало да знае каде се наоѓаат партизаните, односно во кои реони се движат, бугарските "ослободители" својата воена машинерија ја свртеле кон голоракото и незаштитено население и извршиле уште еден крвав масакр на 25 октомври 1942 година во с. Долно Јаболчиште.

1bugarБугарската војска тргнува во акција

Тоа утро, жителите на селото, кои му припаѓале на албанското малцинство, како да не претчуствувале што ги чека. Многупати пред тоа, окупаторот доаѓал во ова и во соседните села и барал луѓе што ќе ги предадат партизаните.

Окупаторот знаел дека населението од ова село ги помага партизаните со храна, дека ги крие и одржува курирски врски. Меѓутоа, тој никако не можел да дознае на кој начин биле извршувани овие задачи. Затоа, тоа утро, сето село било блокирано. Селаните, кои рано сабајлината тргнале да ги извршуваат своите секојдневни земјоделски обврски, биле вратени од бугарските војници и полицајци. Обрачот околу селото се повеќе се стегал. Со пушки на готовс, на кои светкале набиените бајонети, бугарските војници навлегле по сите куќи. Се било собрано на сред село.

Пред насобраните селани излегол командирот кој раководел со оваа акција, поручникот Панајотов. Тој, на селаните им се обратил со зборовите:"..Кажете ни каде се партизаните, кои се нивните соработници од селото, па ќе ве пуштиме да си одите. Само тоа го бараме од вас и ништо повеќе". Настанал неочекуван мир и тишина. Поручникот бил се понервозен.

Откако никој од селаните не се јавил за да ги каже соработниците од селото, Панајотов ги повикал двајцата војници Стојан Рангелов и Бојан  Стаменов и во договор со нив, им наредил да го извадат стариот Изет Феизов, татко на организаторот на Воениот комитет, Асим Изетов. Со него бил извлечен и неговиот син. Двајцата војници, на кои во меѓувреме им се придружиле уште тројца војници, започнале со кундаците да го удираат по целото тело. Но ништо не се слушало од устата на Изет. Тогаш Бугарите запалиле една племна.

Во меѓувреме, над несреќниот старец, кој беше легнат на земја, во присуство на неговиот син, оддалечен од него само еден метар, со војнички нож се приближи војникот Стојан Рангелов. Сметајќи дека Изет ќе попушти пред болната глетка на својот татко, Рангелов ножот му го заби во подколеница и започнал да сече. Целото село останало скаменето и шокирано. Со вешти движења, крвавиот џелат одсекол половина од ногата на стариот Изет и ја фрли во разгорената племна. Потоа, истото го сторил и со другата нога. На крајот бил убиен и фрлен во плевната.

4bugar4Борци на оредот "Димитар Влахов" во летото на 1942 година

Бугарските војници, по ова убиство, од останатите селани ја одвоиле младата мајка, Битула Мустафова. Бидејќи не можеле од нејзините раце да го отргнат нејзиното едногодишното дете, тие со него ја изнеле на селскиот мегдан.

Повторно се слушнал разбеснетиот глас  на поручникот Панајотов: "Ќе кажете ли сега каде се партизаните". Но, повторно молк. Потоа, како бесни куќиња, бугарските војници се нафрлиле врз жената. Во нејзиното тело се забиле бајонетите од пушките. Сакајќи да го заштити своето дете, Битула уште поцврсто го стегнала детето во своите прегратки, паѓајќи на коленици од здобиените удари од бајонетите.

Повторно селаните онемеле. Детето, кое со сиот глас плачело и несреќно се обидувало да се задржи во прегратките на мајка си, како да претчуствувало дека неговата мајка со крајни сили се обидува да го задржи. Целото било облиено со топлата крв од својата мајка, која веќе мртва лежела врз него. Сепак, не дозволила бугарските џелати да и го одземат детето.

Слична судбина доживеле и Беџет Мустафов и Шукри Мемедов. На нив, држани од четворица бугарски војници, им биле одсечени нозете и рацете и така оставени на сред село да умрат. Јусуф Мамудов и Абаз Мамудов, пак, Бугарите, со забиени бајонети во грбот ги дотерале до племната и живи ги фрлиле во неа.

Истата судбина го снашло и другиот нивни соселанец, Девер Џемаилов. И нему му биле одсечени рацете и нозете, кои, потоа, биле избуткани до распалената племна, од каде се ширел несносен мирис на изгорено човечко месо.

Останатите селани биле тепани со кундаци, со стапови и друго. Многумина останале осакатени и онеспособени за цел живот. Меѓутоа, главната цел на бугарските злосторници не била постигната - ниту еден од селаните не кажал каде се наоѓаат партизаните. 

Во с. Д. Јаболчиште биле убиени вкупно 11 лица. Тоа биле: Изет Љатифов, Расим Јусуфов - Абазовски, Миона Абазова, Шукри Фазлиов Елмазов, Анифа Кадриова Ибраимова, Деар Џемаилов Исаков, Јусуф Абазов Мамудов, Аџима Абазова Муратова, Абаз Мамутов Муратов, Бејтула Мусова Шабанова, Беџет Џаферов Мустафов и Изет Љатифов Фејзов.

 

На прво место

News image

Виктор Грозданов: Царот е гол!

Фудбалската репрезентација на Северна Кореја успеа да се пласира на светското првенс...

Историја

News image

Словенското писмо го изучив од татко ми Димитрија Македонски, зашто сме Македонци (1846 година)

„Да се знае кога  селаните од моето родно с. Радибуш, Криворечка Паланка, ме главија за учител ...

Иселеници

News image

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

Култура и туризам

News image

Одење по невестата во Зубовце

Во неделата наутро, младиот девер, со зојачката карта и со тапаните оди да ги покани кумот и старосв...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (56)

ЗНАЧЕЊЕ НА ПОИМИТЕ „ХЕЛЕНИЗАМ“ И „МАКЕДОНИЗАМ“

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.