Среда, 13 Јануари 2021   
Марија Емилија Кукубајска: СВ. ВАСИЛИЕ, 4 век, ГРЕГОРИЈАНСКА НОВА ГОДИНА, 16 век, ВАСИЛИЦА 21 век

1 Vasilij

Фреска на Св. Василиј, катедрала Св. Софија (1035-1056), Охрид

Св. Василиј Велики напишал во 4ти век: „Многу време изгубив на глупости и скоро цела младост потрошив на безначајности, посветен на лажни учења кои се глупости за Бог. Кога се пробудив од тој длабок сон, ја препознав прекрасната светлина на вистината од Божјето духовно слово и ја признав ништожноста на учењата на владетелите на овој свет“.

Св. Василиј е роден во Кападокија, денешен Кајзери-Турција, во богато и побожно христијанско семејство во кое сите пет браќа постанале светци. Дедото на Васил од страната на мајка му Емилија, починал за својата христијанска вера измачуван од тогашниот Римски поредок. Баба му по татко, Макрина, ги воспитувала и образувала него и неговите четири браќа спрема Библијата и христијанската литература. Васил своето образование по правни закони и реторика го усовршувал и го предавал во Александрија-Сирија, Константинопол и Атина, но подоцна се откаажал од таа нехристијанска филозофија и законодавство, уверен дека законите и моралот на Бог се единствено праведни и вечни. 

Мини есеи за Стара Нова година

Грегоријанска година, или јулијанска ... Постојан роденден на Бескрајот е. Славиме Вера трпелива, Надеж жизнерадоста, Љубов семоќна. Се чуваме од терор-окупации заколнати нас да не’ забрзуваат во себе-уништување, да дрогираат и да сушат здрав род од историски берби. Ние, во вените питоми, благи, благословени – со зрачна чистина пробиваме патишта; по нив живот да се слави во земно-космички, не во насилни промени на календарите и во темни, оргиски колежи на коледарите наши. Вените ни’ - текови на мир, лекови се за војни внатрешни и за зависност од центрите на светски беснила. Ние - камени крстилници со свети води, планински очи со поглед кон душата. Нашето славење не е давење во луди слободи. Природата не` учи, сите: Познавај си го семето за да знаеш (на)родот да си го браниш од бремето. Од трговец со слободата напредок нема - души зема, отров сади тој, city-човекојадецот. И мисли и медиуми менаџира со дезинформации, теледирижирано копа души детски, богатства светски цица контролирано неконтролирано.

Дете мое, ти душа што имаш, учи, разликувај, помни...

Целина на светот, животен круг од ѕвездени сезони, од природни небесни сокови излеан, гори посилно од мразот, и од урнати ѕидови ги спасува праведните на четири страни рас(п)нати. Заедно тргаме, сами против Голи-Јат(а) Метални, сами, само со вистини одржливи, отворени, иако под р’ѓава закана од гробари со златни лопати платени. Плеќите - непоткопани брегови, нас нѐ крепат под тие проСтранства подивени поплави, под тие правила на Неправедноста насекаде надојдени од радиКалишта, тие со златно теле стелни, копиле на злото. А ние, верни на органски градини во нас и во светот: Божји дух нѐ води нас, да чистиме полиња пореметени од нивните новодобски палео-вируси. Со вас сме, мили деца и родители, небо наше благословено, земјо родна, за напредок и наследство на мирот и правдата, бесправно вознемирувана од илузии и илузионисти, лажни носители на светлината, непоправни, непокајни господари на темнината.

Современи а трајни мисли и дела славиме, против хаос на зли заблуди и подли поредоци. Чисти, нови и пак исти сме, кодови верни на човечноста од почеток на времињата во просторот. Доме, верен доме наш, во милениумска татковина дизајниран, во прегратка на вис(т)ината. Не угинуваш закопан во минато и во рудници на вселенски лорандит. Те љубиме, доме наш, плането прекрасна, чудесно планирана за човечност, а не за чудовишни пост-човечни планови за прогрес на регресот. Менливи се неверните, од љубов не разбираат. Ние знаеме за мината мака, затоа иднина браниме со срце, со ум, со душа, со рака - за вас, мајко, татко, деца наши, фамилија света, не за заЕдница од уништувачите проколната. Благодариме Боже, за богатства од сонце навезени во идентитетот наш, за кристален ред во светата вода и за неутрино меморија, за врвови во нашата историја. Природно огреани и од будно сонце и од сонлива месечина - благодариме народе, за трајни патеки на доброто, за фактот дека човек не го открива актот на правда, но само го докажува, создаден од Бог. 

Да владееме со себе, верни кон трајна традиција во современа едиција, без анти-материја, таа  не е Божја честичка, не е ни портал за човекот, туку премин во луциферна фурна на Лажниот Принц на светлината. Нова година славиме, и браниме од контролиран хаос на ехо-комори контра-хумани.

Господе, благодариме што не сме нивни. Ти си ни цветна порта, мост кон слободата, крст на четири чесни страни. На планетава - градител, хранител, бранител, светител – ние и работиме и славиме Нова небесна година! Чествуваме Божја пропорција, со човечна порција на трпези совест полни, сложни со природата и науката. За јасно, човечно разбирање, без апсурдни театри со  мајмуни и маѓесници Римски. Без лукави фермиони енергетски, анти-природни, тие цепат вистини и сВест бомбардираат, и низ уни-верзитети и низ полит-верзии прогонуваат, ликвидираат. Нашата Мудрост доаѓа од мирот и редот во писмото на Бог, Содржина за проСлавата на Славата Божја. Срца ни’ грее лорандит македонски од вселената принос, испратен со Божји неутринос.

1Marija Emilija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Нека е честит големиот празник Свети Сава!

Мицкоски со честитка: Св. Сава треба да не обединува во напорите за подобар живот и крај на поли...

Историја

News image

Историски белешки за Мијаците – Св. Јован Претеча (Бигорски)

Во V поглавје од својата „Книга за Мијаците“ (Македонска библиотека No. 12, Софија, 1941), Георги Тр...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОДРАМАТА „ЧЕНТО“ ОД ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ОД СИДНЕЈ

Во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и „Австралиско - македонскиот теат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (57)

УЛОГАТА НА ТОГАШНИТЕ НАУЧНИЦИ 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.