Среда, 27 Јануари 2021   
Рубинчо Видое Јованоски : Здравствени мерки со два аршина

1 rubin jovanoski

Коронавирусот (КОВИД 19) во нашата земја приближно опстојува една година каде катадневно здравствените резултати од министерството за здравство и Центарот за јавно здравје се крајно загрижувачки со голем број на заразени лица и за жал преку 2500 починати пациенти.

Министерството за здравје се најде во “цајтнот“ во поглед на обезбедувањето на вакцини за побрзо совладување на КОВИД 19.

Од земјите од т.н. Западен Балкан, за жал  само во Македонија нема пристигнато вакцини. Надлежните се надеваат на т.н. “солидарни“ вакцини од првиот сосед, а воедно и негаторски пристап за приемот на нашата земја во ЕУ, Република Бугарија, од јужниот сосед Грција каде заради неа го променивме и нашето уставно име за да влеземе во светстака воена асамблеја НАТО пактот.

Но, ова е едната страна од проблемите со опстојувањето и следствено на тоа катадневно голем број на заразени и починати од КОВИД 19.

Комисијата за заразни болести за да го намали бројот на новозаразени предложи протоколарни здравствени рестриктивни мерки по повод новогодишните и православни празнувања во нашата земја.

Но на голема жалост извршната власт има два аршини во поглед на спроведувањето на здравствените протоколи.

Имено, Зоки Заев, алијас Бошко Буха на ЈП за стопанисување на станбен и деловен простор плати баснословни суми на финасиски средства за да го вгнезди министерството за политички систем на чело со Артан Груби кој во јавноста се декпларира како заменик премиер.

Иронијата да биде уште поголема на првиот работен ден без превентивните заштитни срества (носење на заштитни маски и држење на дистанца) на социјалните медиуми го прикажаа славењето на роденденот на нивнбиот месија Али Ахмети.

Казната за тоа непочитување е казна од по 20 евра за неносење на маска за секој функционер од ДУИ.

Извршната власт спроведе налудничаца заштитна мерка за време на василичарскиот карневал во Вевчани. Имено, специјалци од МВР со насилни мерки го спречи собирањето на василичарскиот карневал.

Исто така, во западниот дел на нашата држава се прекршуваат рестриктивните мерки каде по 18 часот катадневно има појава на масовни собирања.

На крајот, министерот Филипче и Бошко Буха треба да обезбедат вакцини, а следствено на тоа е да нема здравствени мерки со два аршини.

Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Заев е мафијаш

  Христијан Мицкоски: Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓ...

Историја

News image

Родољуб Славин „намерност или грешка“: Македонската емиграција може да придонесе за афирмирањето на републиката во сит

„...Дека пророштвото на Солунски има далековидство никако не можеш да му откажеш на овој славен стар...

Иселеници

News image

СВЕТОЗАР (СВЕТЛЕ) – СТИВ СТАМЕВСКИ - МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (8)

СЛОГА ВО СЕМЕЈСТВОТО – КАРАКТЕРИСТИКА ЗА СТАМЕВЦИ  ...

Култура и туризам

News image

Куќа на Робевци во Охрид

Куќата на Робевци во Охрид се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (62)

ЗАКЛУЧОК КОН ЗАЕДНИЧКАТА ИСТОРИЈА И ИДНИНА 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.