Среда, 27 Јануари 2021   
Свекрва: Власта мора да го има на прво место здравјето на населението!

1ab Свекрва

Во време на прогласена кризна состојба заради пандемијата со Ковид 19, кога во соседството се појавува новиот вид на корона вирусот, кој се појави во Велика Британија и многу брзо се пренесува, кога нема вакцини и не е спроведена вакцинација, наместо зголемена будност и зајакнати мерки, актуелната власт, ги олабавува мерките. Кон крајот на јануари дозволи угостителски објекти да работат до 21 ч., а планира од 1 февруари јавната администрација да работи во полн состав, како и да ја обремени со уште над 1300 административци кои досега долги години седеле дома и земаа плата. Згора на тоа сака во април да спроведе попис.

Во средината на декември, поради состојбата со корона вирусот, Собранието во рамки на 25 седница ја изгласа одлуката за прогласување на кризна состојба во државата до 30 јуни 2021 година. И покрај прогласената кризна состојба и сеуште постоечкиот ризик од ширење на вирусот со тешки последици по здравјето на населението, со оправдување дека бројот на заболени со Ковид 19 е намален, а по препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на крајот на јануари 2021 година го продолжи времето за работење на рестораните и другите угостителски објекти.

Покрај тоа, сега планира, доколку Комисијата за заразни болести дозволи од 1 февруари да се врати принципот на работа и работниот процес на државната и јавна администрација во полн состав со полно работно време на работните места.

Од друга страна, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби го достави планот за распределба на над 1300 административни службеници во над 250 институции.

Враќањето на јавната админстрација на работното место со полно работно време, како и распоредувањето на нови административни службеници кои со години седеле дома и земале плата, ќе предизвикаат проблеми за спроведување на Протоколот за превентивни мерки за спречување на ширење на вирусот, кој сеуште е присутен во земјава, иако бројките моментално се намалени. Едноставно, во многу институции не ќе може да се одржи потребната дистанца меѓу вработените и тие лесно ќе можат да станат нови кластери на корона вирусот,

Ако администрацијата треба целосно да се врати на работа, бидејќи нема опасност, тогаш дозволете им и на рестораните и другите угостителски објакти да работат по старо до 24 часот. Тогаш работниците во фабриките не мора да ги почитуваат мерките и народот не мора да носи маски.

И додека во Европа земјите повторно се затвараат, се воведуваат полициски часови таму каде што не биле воведени од Втората светска војна, ние се отвараме и ги олабавуваме мерките иако не сме способни ни вакцини да набавиме.

Од социјалните мрежи и медиумите речиси секојдневно можеме да видиме фотографии на преставници од власта како се сликаат без маска, без физичка дистанца, како нив вирусот ништо да не им може. Тоа би значело дека или нема опасност или пак се имуни на вирусот за разлика од обичниот народ и медицинскиот персонал.

Сепак секојдневно се бројат новозаразени и оние кои ја изгубиле битката со вирусот. И кога медиумите секојдневно говорат за новозаболени и смрттни случаеви (без разлика дали бројките се намалени или не), во недостаток на масовна заштита на населението (вакцинација), овие бројки предизвикуваат страв кај народот, кој лесно подлегнива на разни шпекулации.

Овој страв дополнително се зголемува со најавата дека во април треба да се спроведе попис. На секого му е познато дека пописот е потребен, но исто така знае дека неговото спроведување за време на пандемија преставува голем ризик. Поради тоа, секој нормален граѓанин, кој се придржува до мерките за заштита од вирусот, се прашува и покрај најавените казни, дали во април ќе ги прими попишувачите дома. Иако пописот уште не е ниту започнат, членови на владејачкото мнозинство лицитираат со проценти, како лотарија да е тоа а не значајна статистичка операција.

Поради целокупната ситуација многумина или нема да им отворат или ќе ги држат попишувачите на врата одалечени на прописно растојание. Едноставно никој не посакува некој од надвор, кој оди од стан во стан, дома да му влезе и како подарок да остави Ковид 19.

Со оглед дека Собранието на Македонија во рамките на 25 седница ја изгласа одлуката за прогласување на кризна состојба во државата до 30 јуни 2021 година, сите овие активности треба да се одложат за подобри времиња - по завршувањето на кризната состојба. Односно да се спроведат тогаш кога ќе се смета дека третиот бран поминал и дека опасноста од ширење на Ковид 19 се намали на минимум или пак  населението веќе стекнал колективен имонитет.

Власта мора да го има на прво место здравјето на населението! Доколку тоа не го прави како што треба, што се гледа од досегашното работење на власта, тогаш стравот од иднината и шпекулациите стануваат се поинтензивни кај народот и можат да доведат до дестабилизација на земјата.

Затоа најдобро е владата предводена од СДС што побргу да си замине од власта, или да се формира експертска влада која ќе има капацитет да се справи со наталожените проблеми и да ги намали штетните последиците од досегашното владеење на социјалдемократите.

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Заев е мафијаш

  Христијан Мицкоски: Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓ...

Историја

News image

Родољуб Славин „намерност или грешка“: Македонската емиграција може да придонесе за афирмирањето на републиката во сит

„...Дека пророштвото на Солунски има далековидство никако не можеш да му откажеш на овој славен стар...

Иселеници

News image

СВЕТОЗАР (СВЕТЛЕ) – СТИВ СТАМЕВСКИ - МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (8)

СЛОГА ВО СЕМЕЈСТВОТО – КАРАКТЕРИСТИКА ЗА СТАМЕВЦИ  ...

Култура и туризам

News image

Куќа на Робевци во Охрид

Куќата на Робевци во Охрид се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (62)

ЗАКЛУЧОК КОН ЗАЕДНИЧКАТА ИСТОРИЈА И ИДНИНА 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.