Среда, 07 Април 2021   
Ден на здравјето: КОРОНИЗАЦИЈА и БЛАГОВЕШТЕНИЕ

1kor2  kor

Коронизација паразитира на цела планета. Медузата, змиски ореол доби, по забрането копулирање во фарма храм-харам. Вештината на ученоста - во вештерка морфира, чудовишно Клонира: човештвото од неа да бега, да се крие, да зоврие...

Коронизацијата порачува:

Сами ќе барате да заболите во име на здравјето.

Сами ќе барате НовРед да ви наѓубри и дезинфицира крв,  

да ве магнетизира, да сте мета на научно прогресивно

зготвени инфекции, да барате: подобро смрт со вакцина

одошто безизлезна кабина без идентитет. Внатре/надвор

од вас - ќе ви нема спас од робување на холограмски рај:

во кристални кафези ќе ве истураме – песок, отпад, отров 

што не знае веќе да се брани, зашто череп ќе ви храниме

од поле електронско - ултразвучни бразди ниско изорани

со 5 горгонски фреквенции, за да не се мачите да мислите

што ви е целта на овој свет освен да се мразите, газите,

самоуништувате ако не се сложувате со нашата нова граѓа

за нов граѓанин без личност, нова цивилизација без нација.

Ќе полните кампови вирусани во сите ќелии на вашето тело 

во нашиот свет да ве чистиме со ново огнено крштевање.

Светот нема да е веќе ваш туку на оние што го создаваме:

Наднации Обединети, Надлуѓе во подзмјата на СуперЗло.

Тие што верувавте дека сте последните анѓели, први ќе сте

во подземјето креирано за експериментално труење, горење

на вашите концепти за Љубов/Добрина: дискриминираат тие.

А тоа што го нарекувате Сатана и Луцифер, наша светлина

е тоа, ќе ја ослободиме целосно и сестрано, да ве докрајчи

безболно, доброволно индуцирано, перфектно контролирано.

 

Блага вест: Но ќе дојде нов Персеј, Короната Медуза ќе ја фати

во не-виртуелно огледало, глава/коса ќе и’ скрати покосена.

Тогаш, Русокосиот со златна сабја и брат му, крилестиот коњ,

ќе прелијат со течни метали ДНК на Химерите, глобално

мутирани во анти-човек, лав, коза, змија, глувци летечки.

Тогаш ќе е Ренесансата со GOD, а не со човекoликиот DOG.

 

Благовец - благ пелин против паразити на Короната

Бог сам се отелотвори во човечки доказ, за здрави закони

на Љубовта, во најчиста природа на мајката, во жртвување

да доучиме што е суштинска врска меѓу родител и рожба

и зошто треба да чуваме, да имаме родна земја, родна нива:

Непогрешен, неменлив пат кон усовршување на умствени

убавини и прегратки од светлина и топлина величествена,

исцелителна сончева корона, процутена овошна крошна,

радосна вест од Божјето космично срце, медовина, здравје

за деца и мајки, татковци и наследници на светото раѓање

на овој свет, без телесно-душевни болести бодени од зли

сили на смртта. Смртта Исус ја победи. Но, Демон ја буди

и Демон ординира, Демонски на човекот му суди, сега  

и пород да нема, децата на светот ковид-чума да ги зема.

Празниците на љубовта да бидат забранети, да не се слави

ништо освен земјено-метални идоли што коронизираат се’.  

 

Но, Единствениот, Господарот на световите, претскажа и

преку Исаја: Во Марија ќе се вплоди: „Бог со вас – Емануел“.

Ангелот блага вест донесе: во лоза на мудрите земни предци,

во пречиста, здрава мајка, Бог-човек ќе се зачне, нова благост

во светоста бесконечна, семирска - рожба на земно-небесни

чуда. Доста лажни маѓепсувања на масите што не знаат за себе.

 

Најблага благодарност подари и’ на мајка ти, бакни ја, штити ја.

Посади плод, здрав да биде; голтни заштитно залче, слатко а

силно да браниш чесен труд и чудесен талент, а со рибата

нахрани ги гладните за вистина и правда, и желните за мајка и

за дом, и тие што болуваат и сонуваат за семејна среќа, теши ги

тогаш, и секогаш, да не ги боли немањето среќа. Ластовиците -

најдоа добродетелна стреа - и да вее снег и дожд да руши брег.

Но, Божјата убавина победува над подлата змиска темнина на Ева,

од градината на гревот, рај непочитуван, несочуван на овој свет,

но од Марија просветлен од небо до земја, од Бог до Него, Синот,

Спасител на човекот од измами заблуден. Од Исус возвишен.

1kor3  Марија Емилија КУКУБАЈСКА

 

На прво место

Историја

News image

Го подготвувале народот за идната Голема Македонија

Оваа Дружина припаѓа кон денешниот преовладувачки словенски елемент, дека името на тој елемент му е ...

Иселеници

News image

ИЛИНДЕН – НАЈСВЕТЛИОТ ДАТУМ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПЕЧАЛБАРСКА ПРЕСПА И ЉУБОЈНО (2)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ 8 АПРИЛ И НИВНИОТ РАЗВОЈ ВО СВЕТОТ

Меѓународниот ден на Ромите 8 Април се слави, речиси, во сите места во Република Македонија, каде&...

Фељтон

News image

ИСТОРИСКИ ДОКАЗИ ЗА ВИСТИНАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (5)

Во Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.