Четврток, 08 Април 2021   
ЗОКИ БЛЕФИРА ВО НАБАВКАТА НА ВАКЦИНИ

1 rubin jovanoski

Актуелната извршна власт на Република Македонија на чело со момчето од Муртино со иницијали З.З. се покажа дека во критични моменти како што е актуелнава здравствено пандемиска состојба не е способна и својствено на тоа да ја води политиката на земја членка на НАТО и кандидат за член на Европскиот чадор.

Една цела година Зоки Заев и неговите поданици на чело со ресорниот министер за здравство Венко Филипче не можат самите во спортски жаргон кажано со добра акција од терен од една стана и совети од врвни епидемиолози од друга страна д го стопираат фербелитетот на подлата епидемиолошка болест (корона вирусот КОВИД 19), која за жал во последните 10 денови просечно дневно умираат од 30 до 50 пациенти.

Иронијата да биде уште поголема по болниците умираат пациенти а зајчето во викендите со Венко Филипче возат мотори и во буквална смисла на зборот немаат грижа на совест за загубените човечки животи.

До последен момент кога земји околу нас ги пролонгираа пописите и воведуваа рестриктивни мерки - карантини за да се подготват за 3-от бран на Ковид 19 двоецот Зоки Заев и Венко Филипче нагласуваа дека се е под контрола и пописот може да почне на 1април, а за карантини и други мерки сега за сега немало потреба.

Но, на голема радост  на тет-атет средбата на Заев со Мицкоски пописот се пролонгира за септември оваа година.

За пописот во друга прилика а сега збор два за набавката на вакцини.

На самиот почеток Зоки излегуваше секој ден со разни бројки за набавка на вакцини. Па така, домицилното население помисли за миг дека е ова македонска личност не само на годината туку и на векот.

Но, од ден на ден се констатира дека тоа било блефирање со бројките за набавка на вакцини.

Во тие тешки моменти без вакцини на Балканот остана само нашата земја (членка на Нато пактот), но со подадената братска рака на српскиот претседател Александар Вучиќ на два пати добивме вкупно 8.000 вакцини и по долго патешествие при крајот на месец март по ковакс системот добивме 24.000 илјади вакцини од “Астра Зенека“. Пред да стигнат горе наведените вакцини северниот сосед во знак на солидарност направи уште еден потег а тоа беше нашиот медицински персонал, новинари, членови на стопански комори  и обични граѓани да примат бесплатни вакцини во Врање, Ниш и Белград.

Со овој потег се докажа дека нашата земја нема способна и следствено на тоа кадарна извршна власт да води политика од различни свери од општествениот живот.

На крајот не ми е јасно каде одат парите од здравственото осигурување кое го плаќа напатениот македонски народ на секој први во месецот. Дали е тоа полнење на пари во “буре без газер“ и истите се слеваат повторно во буџетот на Република Македонија.

Значи сите 4 пакет економски мерки за помош се завртиле за 360 степени и истите тие средства верувале или не завршиле во заевата прегратка за матни зделки од една и за нивни црни денови од друга страна.

Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

 

На прво место

Историја

News image

Го подготвувале народот за идната Голема Македонија

Оваа Дружина припаѓа кон денешниот преовладувачки словенски елемент, дека името на тој елемент му е ...

Иселеници

News image

ИЛИНДЕН – НАЈСВЕТЛИОТ ДАТУМ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПЕЧАЛБАРСКА ПРЕСПА И ЉУБОЈНО (2)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ 8 АПРИЛ И НИВНИОТ РАЗВОЈ ВО СВЕТОТ

Меѓународниот ден на Ромите 8 Април се слави, речиси, во сите места во Република Македонија, каде&...

Фељтон

News image

ИСТОРИСКИ ДОКАЗИ ЗА ВИСТИНАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (5)

Во Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.