Петок, 08 Октомври 2021   
Ламбе Арнаудов: 17ти ОКТОМВРИ! Крај за гркоманско-бугарската власт

1 LambeЛамбе Арнаудов

Жална Македонија, година 2017, Грција постави, Бугарија состави влада на Република Македонија.

На 17ти октомври оваа власт сигурно ќе падне. Еве како и еве зашто.

Берлин, 1936 година, домаќин на Олимписките игри, шок, бес и траор за фирерот и неговата доминантна ариевска раса. Афроамериканецот Џеси Овенс освојува 4 златни олимписки медали: на 100 и 200 м, скок во далечина и штафета 4х100м и ги доведува до лудило Хитлер и неговата дружина злосторници, но и ја шокира целата “одбрана“ германска нација.

Нацистичка Германија, сила дотогаш незабележана во светот, под која стенкаше цела Европа, а преку оската Рим, Берлин и Токио трепереше цел свет, неговото величество ПОЕДИНЕЦ Џеси Овенс, сам ӣ го нанесе првиот пораз, болен и тежок пораз на дотогаш непобедената нацистичка Германија со што го растера стравот и ги охрабри демократско либерално слободоумните и хумани сили да веруваат дека доброто ќе го победи најголемото зло што дотогаш се појавило во историјата на човештвото.

Почитуван мој сограѓанин од Македонија!

Ти не мораш да освоиш 4 златни олимписки медали, а сепак можеш да бидеш современиот македонски Џеси Овенс. Доволно ќе биде сето твое количество на енергија, наталожена во тебе изразена преку љубов кон македонскиот народ и татковината Македонија, на 17ти октомври го ослободиш од оковите во тебе, да излезеш и гласаш против ова зло што нé снајде од Зоран Заев и дружината, гласно да го манифестираш својот патриотизам и да ги испратиш во карантин за никогаш повеќе да не се инфицираш и да бидеш болен граѓанин кој ништо не одлучува, ни за себе, ниту пак за семејството, а камо ли за општината во која што живее и воопшто за општеството.

А, еве и зошто ќе падне власта!

Германија денес е демократска, слободна држава и одамна го нема Хитлер.

Македонија за жал го има Зоран Заев и тешките простаци околу него, докажани АВТОФАШИСТИ кои вршат духовен геноцид врз сопствениот народ, го носат до степен на исчезнување.

Во Германија денес не се горат книги на прогресивни и слободоумни писатели по плоштадите, ама во Македонија горат живи луѓе во болниците каде треба да се лечат.

Германија скоро 100 години има раскрстено со експанзионистичката политика кон соседите и останатиот свет.

Македонија денес ширум ги отвори вратите за непречено дејствување на жестоките експанзионистички политики на соседите кон нашата татковина.

Германија денес силно ги афирмира учебниците во кои се зацврстува идентитетот, историјата и посебноста, а во Македонија се повлекуваат учебниците со таа тематика за Зоран Заев да ни ги сосече корените на нашето постоење и да воведе збрка во чувствата и разумот на најмладата генерација.

Во Германија денес нема политички затвореници и бегалци заради репресивна политика кон нив, но затоа пак затворите во Македонија се полни со политички затвореници и раселени огромен број на индивидуалци, слободарски млади луѓе кои не можат да го трпат теророт врз нивниот дух и понижување на професионалноста која доаѓа од дибеци неписмени.

Во Германија многу одамна нема концентрациони логори.

Македонија денес целата е концентрационен логор каде се задушуваат слободите на сите граѓани кои не се согласуваат со предавничките политики на злосторничкото здружение предводено од поматениот Зоран Заев.

Германија жестоко се бори со педофилијата и штетните последици по малолетниците.

Македонија ги финансира и ги задоволува ниските изопачени страсти на своите пријатели и белосветски мецени, не води сметка за длабоките рани и лузни што цел живот ќе ги носат злоупотребените млади деца и девојчиња. Идиотизам за гадење.

Германија, прво беше распарана на 4 зони и градот Берлин и потоа на Источна и Западна Германија, за конечно да се обедини и стана една од водечките  сили во светот.

Македонија под Заев, од тоа што остана од неа, прави сé и тоа да го нема и да исчезне за секогаш како лесен плен за соседите аспиранти.

Во Германија 16 години владата како канцелар ја предводеше госпоѓата Ангела Меркел и за сето тоа време не присвои ниту едно евро и не вработи ама баш никој свој близок, роднина или пријател.

Македонија 5 години владее Зоран Заев – ја опљачка Македонија заедно со своите, негови новороденчиња од НЕПОТИЗАМ и создаде истовремено прекумерно богати болјари но истовремено обесправена и крајно сиромашна раја чија егзистенција зависи од нивната милост, ако воопшто ја имаат.

Благодарение на совесниот германски гласач Германија се разви во современа демократска држава каде што граѓаните жалат, ги осудуваат и се извинуваат за срамните настани од Кристалната ноќ кога почна прогонот на Евреите што пак беше вовед на Холокаустот.

Во Македонија за жал денес владата на Зоран Заев шири срамен антисемитизам кон малубројната еврејска заедница многу значајна и вредна за Република Македонија.

Ете, ваквата Германија е плод на совесноста на германскиот гласач.

Власта ќе падне и затоа што јавна тајна е дека Грција преку своето длабоко инсталирано понизно лоби управува со целокупниот општествено-политички односи, финансиско-економски движења создавајќи конструирана свест да не се сака сопствената татковина и да се негира постоењето на македонскиот народ.

Ќе падне и затоа што Заев и неговите красти соработници “признаваат“ дека постојат Македонци, ама кога? Тогаш кога кажуваат дека за време на бугарско-фашистичката окупација имало Македонци кои биле соработници на Софија или пак монструозните тврдења дека Македонци облечени во бугарски фашистички униформи ги стрелале децата во Ваташа и исто така со исти униформи ги депортирале македонските Евреи во Треблинка.

Грозно, срамотно, идиотско понижување на своите сограѓани, своите комшии, пријатели, душмани, блиски од семејството и сам себе, што во дадениов момент неспорно го потврдува.

Почитуван ИЗБИРАЧ! Пак до тебе.

Пред 30 и повеќе години во разговор со еден светски државник, поранешен револуционер ми рече:

„Никогаш да не се плашиш од непријателот. Тој е пред тебе, со него ќе се тепаш гради в гради, според него ќе поставуваш и менуваш тактики и стратегии и со твојата упорност ќе го победиш.

Будно внимавај на внатрешните непријатели и предавници, тие се вешти и не бираат средства за да ги остварат целите што им ги задал ЗАКУПУВАЧОТ.

Најмногу да посветиш внимание на заспаните, сидрашите, чекачите и калкулантите. Не се надевај залудно дека тој што успеал да ги заспие ќе ги разбуди. Тие се најмногубројни и мораш сам да ги разбудиш и аргументирано да ги привлечеш кон себе.“

Господине гласач, разбуди се! Разбуди се сега кога и си најпотребен на твојот народ и Македонија. Донеси слобода, просперитет, демократија, опстанок сигурен и создади иднина и за себе и за твоето идно поколение. Така ќе ти биде простено дремењето и спиењето кога сите твои и околу тебе биле во опасност, а ти не си мрднал со прст.

Гласачу од Македонија израмни се со својот германски колега, симни го Зоран Заев од власт за и Македонија среќно и непречено да оди по патот по кој изоде Германија

 

На прво место

News image

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

Историја

News image

Автономна Македонија (белградски весник)

АвтономнаМакедониjа (La Macédoine autonome). "Балканотнабалканскитенароди - МакедонијанаМакедонците"...

Иселеници

News image

ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛА НА ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ВО ТОРОНТО

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновц...

Култура и туризам

News image

Легенди и верувања: Од минатото на селото Арвати

Легендите и митолошките верувања се често застапени сред луѓето кои се интересираат и сакат да знаат...

Фељтон

News image

БИТКАТА КАЈ СУСА И ИДНИТЕ ОСВОЈУВАЊА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – ГОСПОДАРОТ НА АЗИЈА (12)

Александар пристигнал во градот Суса на 15 декември 331 година пред Христа и бил п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.