Среда, 13 Октомври 2021   
Преговарачот Заев работи против македонските национални интереси

1 rubin jovanoski

Во земјите од некогашната ЈУ федерација и во поново време заедно со Албанија т.н. Западен Балкан за разни политички збиднувања пред меѓународните институции настапуваат претседатели и премиери на тамошните земји, да одиме по ред.

Во Словенија во и надвор од својата земја имаат заеднички настапи и претседателот Борут Пахор и премиерот Јанез Јанша, додека Зоран Милановиќ - претседател на Р. Хрватска е одговорен за лиферување на информации кои значат многу за неговата земја надвор од своите граници. Тежината е одговорна оти Хрватска исто како и Словенија е земја членка на ЕУ.

Во Република Босна и Херцеговина настапи имаат функционерите од 3-те етнички заедници, кои го сочинуваат босанското колективно претседателство.

Овде да напоменеме дека горе споменатите три држави не се членки на т.н. Западен Балакан.

Во Република Србија свои настапи во и надвор од српската држава има претседателот Александар Вучиќ.

Во Република Црна Гора до вчера за започнувањата на својата земја задолжен беше претседателот Мило Џукановиќ но, со поразот на неговата партија на неодамна одржаните парламентарни избори свој настап пред меѓународниот настап има и премиерот Кривокапиќ, во Косово таа улога ја има премиерот Албин Курти.

И последна замја која не е од некогашната ЈУ федерација, а истата е дел од Западен Балкан Република Албанија како гласноговорник се јавува претседателот Еди Рама.

За жал, во нашата земја свој настап има аболицираниот лидер Зоран Заев, алијас Бошко Буха кој всушност ги претставува во свое име  погубните македонски национални интереси на меѓународна сцена.

Потврда за тоа е Преспанскиот договор со јужниот сосед (Република Грција) за промена на уставното име на државата со додавање на придавката “Северна“ и Договорот за добрососедство и соработка со источниот сосед (Р. Бугарија).

Пред извесно време се појави една вербална негативна релација помеѓу претседателот Пендаровски и зајчето каде Пендаровски нагласи дека нема логика затвореник (Зоки Кичеец), кој е пуштен да се лекува и во исто време прави сообраќајка, да му се одреди мерка притвор. Тоа го нема во ниту една земја на земјинава топка.

Последниве неколку денови Зоран Заев во јавноста се јавува со предлог да се избрише зборот “бугарски“ пред фашистички окупатор оти според него не биле само бугарите фашисти, него имало и наши соработници кои биле на спротивната страна од партизанскиот отпор за слободна и независна Република Македонија.

Во оваа прилика како прилепчанец, дали според искажаните зборови на зајчето вредеше да се прославува празникот 11-ти Октомври - денот на македонското револуционерно востание каде во мојот роден град херој Прилеп и Куманово пукнала првата пушка против бугарскиот окупатор.

Иронијата да биде уште поголема Зајчето на денот и празникот беше во градот херој Прилеп со цел да добие политички поени за неделните локални избори.

Во оваа прилика само да се потсетиме дека пред 80 години во Прилеп бил нападнат участакот каде биле стационирани бугарските фашистички сили, животот го имаат положено многу македонски дејци кои под слоганот “Слобода или смрт“, сакале на своите идни поколенија да остават слободна земја на Балканскиот Полуостров.

Овде може да се нагласи и една поговорка дека пред фактите и вистините и боговите молчат.

Во оваа прилика ќе напоменам само 3 масакри извршени во прилепската околија од страна на бугарите и тоа:

Во селото Долгаец брутално се убиени околу 70-тина жители од тоа прилепско село кое сега е под долненската општина.

Во месноста Дабница исто така, има погубено неколку македонски дејци за слободна Македонија и во село Гостиражни - родното село на сега мојот упокоен татко прим Д-р Видое Јованоски се убиени 12 недолжни лица. Во спомен на нив на чешмата пред железничката станица во истоименото село има подигнато споен плоча на убиените селани.

Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

 

На прво место

News image

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

Историја

News image

Автономна Македонија (белградски весник)

АвтономнаМакедониjа (La Macédoine autonome). "Балканотнабалканскитенароди - МакедонијанаМакедонците"...

Иселеници

News image

ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛА НА ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ВО ТОРОНТО

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновц...

Култура и туризам

News image

Легенди и верувања: Од минатото на селото Арвати

Легендите и митолошките верувања се често застапени сред луѓето кои се интересираат и сакат да знаат...

Фељтон

News image

БИТКАТА КАЈ СУСА И ИДНИТЕ ОСВОЈУВАЊА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – ГОСПОДАРОТ НА АЗИЈА (12)

Александар пристигнал во градот Суса на 15 декември 331 година пред Христа и бил п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.