|
|
М-р Мартин Треневски: SOFT POWER - HARD POWER |
М-р Мартин Треневски: SOFT POWER - HARD POWER 1. По победата на политичка опција во САД што е различна од онаа што е на власт, како што ќе биде промената што претстои на 20ти јануари 2025 гоина кога републиканецот Доналд Трамп ќе ја превземе власта од сегашниот претседател демократот Џозеф Џо Бајден, според некои извори дури 75 илјади службеници на сите нивоа во американската администрација ги пакуваат куферите и ги ослободуваат работните места за кадар од победничката (во случајов Републиканската) партија. Токму така, самите си ги пакуваат куферите за да заминат и тука нема ништо спорно! Така е во Америка, и така е во најголемиот број на напредни демократии ширум светот. Да бидеме на јасно: победничката партија, или коалиција, како на пример во нашиот случај, носи различна идеологија и програма што ја нуди во изборната програма на грасачите за која тие гласаат, а по победата на изборите се обврзуваат да ја спроведуваат и тоа е смислата на парламентарната демократија, зарем не!? Кај нас, во Македонија, по мајскит триумф на коалицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ дојде до кадровски измени на највисоките ешалони во власта. Имаме нов состав на Парламентот, имаме нова влада со различни партиципиенти во неа, а дојде и до промени и во голем број на јавни претпријатија и служби. Но не во сите! Во последно време од некои претеници во Собранието се промовира принципот што ќе сме го преминувале како партија на власт таканаречен SOFT POWER (софт пауер) кога станува збор за кадровски промени. Со други зборови, тоа практично значи: да не се менуваат преостанатите, т.е. наследените кадри на одредени позиции до истекот на нивниот мандат, туку замена да се врши по завршувањето на нивниот мандат!? Не знам од каде оваа идеја, но ми мириса дека ќе да произлегува од Калето, а би ја нарекол "политички садомазохизам". Дали некој очекува дека наследените кадри ода ДУИ и СДСМ ќе бидат лојални на новата власт и конструктивно ќе придонесуваат на нејзината програма? Ако некој мисли дека ќе биде така, тврдам дека е во тешка заблува. Не само што нема да придонесуваат, напротив тврдам дека со сите сили и потенцијати ќе настојуваат да ставаат сопки. Особено по неодамнешните инциденти со горењето на државното знаме и знамето на Албанија антагонизмите само ќе се зголемуваат. Следствено, методот на SOFT POWER е промашен концепт и во стартот треба да се напушти доколку сакаме да го исчистиме пустошот што го наследивме од минатата власт и доколку сакаме да градиме држава!? А за да го постигнеме тоа предлагам да го примениме принципот HARD POWER, односно власт во свои рацце на сите нивоа, во спротивно од изборните ветувања и надежите на гласачите нема да остане ништо. Со овие работи нема и не смее да има импровизации и експерименти бидејки сме доведени на дното, па дури и под дното!!! 2. Македонија има големи непријатели во своето непосредно соседство, но не само таму! Ги има и дома, во сопствениот двор, за жал. Мислам на еден слој граѓани кои се нелојални кон сопствената држава и ја подриваат одврнатре политички и економски и на сите можни начини. Тие, нелојалните чиј центри се селата Зајас и Мала Речица како пијавици цицаа од македонската држава над 20 години колку што беа на власт со разни влади, а сега кога веќе не се во владата не можат да се помират со таа реалност и не бираат начин како да се наметнат. Кулминација на нелојалните беа немирите на 28ми ноември во Скопје со скрнавење на македонското државно знаме, но имаше и пропратни манифестации по училишта каде се славеше терористичката УЧК!. Имаше додуша апсења на главно млади и очигледно заведени лица, а што ќе покажат истрагите - ќе видиме. Интересно е што денот на албанското знаме (што, патем, им го подари Австро-Унгарија во 1912 година) не се слави во Албаноија и на Косово, но во Македонија (а овој пат и во Словенија) тоа беше голем настан!? Малку фалеше од протестите под скопското кале да се изроди голем инцидент, но благодарејки на мудрата реакција на полицијата, тоа не се случи. Осуди на инцидентот стигнаа од сите страни, а премиерот Мицкоски рече дека вакви инциденти очекува и во иднина, но полицијата будно ги следи работите и е спремна да спречи поголеми ексцеси. 3. Владеачката ВМРО-ДПМНЕ во својата предизборна програма се завети дека ќе ги поправи состојбите во судството кое - според анкетите, има подршка од само 2% од анкетирантите граѓани. Ниската подршка е јасен показател дека судството и неказнивоста се главни причини за незавидните состојби во македонското општество, за масовното иселување на младите. Но Премиерот Христијан Мицкоски се завети, дека ќе ги расчистува работите бидејки партизираното судство не покрена ниту еден случај за огромните корупциски афери со кои се соочи новата власт. Расчистувањето почна со оставката на претседателкана на Судскиот совет Весна Данева, но уверен сум дека на тоа нема да заврши. Лично повереник сум на методот што го примени Еди Рама во Албанија каде над 200 судии беа изложени на ветинг (проверки), а од нив голем број не ги поминаа тестовите. Ако се знае дека и кај нас огромен број судии се синови, ќерки, снаи и други семејни врски, можам да претпоставам што би покажал евентуалниот македонски ветинг. Но ќе го следиме процесот и ќе видиме што ќе покажат проверките! |