|
|
М-р Мартин Треневски: ПРОПУШТЕНА ПРИЛИКА |
М-р Мартин Треневски, Поранешен министер и амбасадор 1. Минатиов викенд француската престолнина Париз беше центар на светската државничка елита. Додуша, политиката не беше повод за собирот од над 50 светски лидери - државници и претставници на многу влади, туку причина беше отворањето на реставрираната катедрала Нотр Дам која настрада во пожарот што ја зафати пред пет години. "Ѕвезда" на настанот секако беше новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп кој со својата популарност дури го засени и домаќинот на настанот - францускиот претседател Емануел Макрон. Французите како домаќини се одважија дa ја поканaт да присуствува на настанот и претседателката на РМ Гордана Силјаноска Давкова, што според мене не е само добар дипломатски гест, туку и на симболичен начин најава за омекнување на традиционалните не баш коректни политички ставови на Франција кон нашата земја (Кога ЕУ требаше да испорача почеток на преговори на РМ за членство на РМ, франција измисли некакви си кластери и по кој знае кој пат ни се одложи почетокот на преговорите. Колку долго, ќе видиме). И се ќе беше во ред доколку посетата на претседателката се реализираше!? Замислите ситуација: нашата Гордана да се сретнеше, на пример, со претседателот Трамп и во таа прилика пријателски да му кажеше: Претседателе, Македонците во Америка гласаа за тебе. А и ние во Републиката те подржуваме! До ваква и слични ситуации, за жал, не дојде. Ќе прашате зошто? Затоа што Гордана не отпатува во Париз. Причина? Се расипало владиното авионче!? Имено, претседателот на Собранието Африм Гаши на 3ти декемви летал со владиниот авион за Стокхолм (не разбравме по кој повод?), но на враќање е констатиран некој проблем со авиончето и воздухопловот останал во шведската метропола за да биде поправен. Од 3ти декемви до 8ми декемви кога беше церемонијата во Париз се пет дена и сепак не верувам дека станувало збор за толку сериозен проблем на авиончето за да не можело да се поправи!? Впрочем, луѓето од кабинетот на претседателката морале да најдат и алтеративно решение за да може таа сепак да патува во Париз! Се сеќавам пред дваесетина години кога кубуревме со владините авиони, тогашниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле за да може да ги остварува своите активности во странство и з н а ј м у в а ш е владин авион од Белград и леташе со истиот по светов. Па исто така можеше да се постапи и овој пат. Нашите соседни земји имаат повеќе авиони на располагање и мислам дека со задоволство ќе ни дадоа (за пари, се разбира) на услуга еден. Таа услуга би чинела најмалку 50 илјади долари плус дополнителни трошоци за пилотите, но се прашувам: што се 50 илјади долари (па држава сме, или што сме?) за таков настан на којшто присуствуваат педесетина и повеќе светски лидери? Претсаедателката мислам дека треба да го зајакне својот кабинет со искусни и прагматични луѓе кои ќе знаат да реагираат во вакви ситуации бидејќи ваква шанса, како оваа во Париз, многу ретко се случува и не треба за се пропушти (патем, меѓу присутните ја видовме и претседателката на Косово Вјоса Османи!). 2. Неделава што претстои Македонија ја потресуваат протестите на Демкоратската Унија за интеграција (ДУИ) по повод заседанието на Уставниот суд на РМ што треба да расправа - по препорака на Венецијанската комисија, за некои членови во Законот за јазиците. Во ДУИ се занесуваат дека со пртисоци ќе устеат да влијаат на одлуките на Уставниот суд, а забораваат дека тие се конечни и за нив нема расправа. Не сакам да грешам душа, но моите кичевски корени (обајцата родители ми потекнуваа од славна Копачка) ми укажувааат на бројни сличности на однесувањето на раковоството на ДУИ (главно од с. Зајас), со злосторниците Џемо и Мефаил, исто така од Зајас, што хараа во текот на Втората светска војна во христијанските населби во Копачијата (И денес се паменат злосторствата што ги направија тие злосторници во четириесетите години од минатиот век. Само во битката со балистичките банди на Џемо и Мефаил кај с. Кленоец на 6. октомври 1943. загинаа 67 партизани). И ДУИ дојде на власт во војната што ја наметна 2001 година и направи невидени злосторства. ДУИ отворено се заканува дека доколку Уставниот суд донесе измени во Законот за јазиците - за што има 13 иницијативи од партрии и поединци, дека ќе има дестабилизација во земјата (немири видовме на 28 ноември по повод денот на албанското знаме), но се чини дека нивните спонзори од надвор добро ги притегнаа бидејки дестабилизација на Балканот никој нема да дозволи. Како и да е, Македонија е на добар пат економски да се опорави, на што често укажува и премиерот Мицкоски, а заканите на ДУИ и кочниците што ги прави нивниот партнер СДСМ само можат донекаде да го успорат, но не да го спречат тој развој. Оваа галама и закани за дестабилизација што ги прави ДУИ не е ништо друго туку обид очајнички да се спречи отчетноста за криминалите што ги правеа дваесетина години колку што беа на власт. Но одговорност мора да има и од тоа нема бегање. Ставањето на Артан Груби на "Црната листа" на САД е добар знак дека отчетност во борбата со корупцијата и криминалот ќе има. Патем, Македонија денес е и далеку поспремна (за не дај Боже) во однос на 2001. |