Среда, 11 Декември 2024   
Црквата во која е погребан словенскиот апостол во Рим

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Делото на Кирил и Методиј има огромно значење за сите словенски народи. Наспроти сесловенскиот  и европски карактер на дејноста на Кирил и Методиј, одамна постојат тенденции тие да се присвојат. И покрај изворните сведоштва, пред четири ходини официјална Софија го присвои 24 мај, кирилицата стана бугарска, а Кирил и Методиј станаа Бугари.

Во дебатите за македонското прашање, кои продолжуваат и денес, македонските браќа Кирил и Методиј од Солун, незаобиколно биле инволвирани. Меѓутоа, заради нивната дејност и историките извори, во светот сепак биле познати како Апостоли на Словените. Едноставно ,могумина немале храброст за конструкции како нашите источни соседи.

За време на Кралството Југославија, и белградската штампа ги именува како словенски апостоли. Во текстот „Една словенска светиња во Рим – Црква во која е погребан словенскиот апостол во Рим“ (Политика, 24 мај 1938 година), авторот на статијата Д. Павловиќ  ќе напише:

„Од некои три стотини и шеесет цркви во Рим, колку ги наброја Љуба Ненадовиќ во своите писма од Италија, има една која има посебно значење за сите Словени, а посебно за нас Југословените. Тоа е ниска и на прв поглед неугледна црква Св, Климент, која се наоѓа на улицата Св. Иван Латерански, недалеку од прочуениот Колосеум. Тоа е можеби една од многубројните базилики на стариот Рим која целосно го сочувала својот примитевен облик, и која по начинот на која е изградена, симболично преставува во мало развој на целото христијанство. Бидејќи под сегашната црква, која самата лежи значително пониско под нивото на улицата,  се наоѓаат уште две постари цркви, кои, секоја за себе, обележува по една епоха од развојот на религијата. Така најпрво, длабоко под темелите  на сегашната црква, покрај стариот римски ѕид, се наоѓа скоро реставриран храм на богот на сонцето Митра, изграден  веројатно уште во првиот век после Христа, кога култот на ова иранско-персиско божество е пренесено преку Грчка во Италија. Во него – покрај другото е зачуван и типичен митрички олтар кој го преставува богот Митра во момент кога со замавнатиот нож го убива бикот. Над овој пагански храм, но сеуште под земја, уште во првите векови на христијанството била изградена црква посветена на Св. Климент, ученик на апостол Петар и еден од првите римски папи (владеел од 90 до 101 година).  Од таа црква денес се сочувани само сводовите и ѕидовите, со фрески кои преставуваат разни моменти од животот на св. Климент. Таа црква служела се до крајот на XI век, кога била речиси целосно уништена. Во XII  век над урнатините на старата црква била изградена денешната црква на св. Климент, која подоцна во повеќе наврати била реставрирана.

За оваа така интересна црква, а посебно за нејзиниот патрон, тесно е поврзана и судбината на нашиот словенски апостол св. Кирил, кој како што е познато, го завршил својот живот во 869 година во Рим, каде дошол со својот брат Методија за да добие одобрение за словенска служба. Браќата тогаш, како што исто така е познато,  наишле на многу топол прием кај папата и добиле она што воглавно го сакаа. Меѓутоа цела таа мисија тешко дека би се завршила со таков успех  доколку младиот Кирил не се послужил во таа прилика со една врста на „побожна измама“ (pia fraus) која била во врска баш со св. Климент. По една легенда, имено која нема многу основа во историските факти, св. Климент поради ширење на христијанството бил прогонет во Херсон (некогашен град на обалата на Црно Море, близу до денешниот Севастопол), каде што умрел како маченик. Нашиот Кирил, меѓутоа, кој во 861 година отишол на Крим во т.н. „хазардска мисија“, престојувал извесно време во Херсон и во таа прилика ги ископал наводно моштите на св. Климент. Спремајќи се покасно со братот Методија да одат во Рим, тој имал среќна идеја да еден дел од тие наводни мошти на св. Климент да ги понесе со себе и да ги дарува на тогашниот папа Хадриан II. Тој поклон влијаел повеќе отколку било што друго на пријателското држање на папата и неговата околина према словенските апостоли. Бидејќи наскоро потоа  Хадриан II ја одобри работата на Кирил и Методиј и нивниот словенски превод на свештените книги, а двајца папини бискупи ги посветија словенските ученици кои беа дојдени со светите браќа. Така се случи да – како што кажал еден полски научник – „лажните Климентови мошти направија вистинско чудо“.

Во 1860 година Кирил тешко се разболел и откако пред смрт се замонашил умрел на 14 февруари истата година. После неговата смрт се појави прашањето за местото каде требало да биде погребано неговото тело. Папата, заедно со римските бискупи, сакал – така барем кажува легендата за Кириловиот живот – да телото на словенскиот апостол биде погребано во црквата на Св. Петар.  Меѓутоа, Методија сакал братовото тело да го понесе со себе и – према заветот на неговата мајка- да го закопа во својот манастир. Најпосле целиот спор бил решен на тој начин што папата и Методиј се сложиле да телото на Кирил треба да почива во црквата св. Климент, со обзир на Кириловата заслуга за пренос на моштите на овој римски светец. На лажните Климентови мошти треба, значи и овај пат, да им се заблагодари што телото на Кирил е погребано во оваа така стара и интересна римска црква.

И кога во 1861 година, по заслуга на еден доменикански приор била пронајдена, под денешната црква, старата црква на св. Климент, во таа прилика бил откриен и гробот на Кирил, кој се наоѓа десно од самиот олтар. Една стара фреска која го претставува Кирил како аскета, со книга во раката, додека Климент го приведува до   Христ, и денес речито говори за големата улога која нашиот словенски апостол одиграл во Рим пред цели единаесет века. Тој голем значај на црквата св Климент за нас Југословените го увидел првиот бискуп Штросмајер, кој уште во 1866 година  дал на негов рачун цела една капела во денешната горна црква на св. Климент да се украси со живописни фрески, кои преставуваат поедини моменти од животот на словенските апостоли. Фактот дека римскиот Collegium Illyricum дал да после војната над гробот на Кирил да се вклеса мермерна плоча со натпис, уште еднаш потврдува во колкава мера црквата св. Климент, заедно со гробот кој го чува во себе, преставува и денес една општа словенска светиња. “

 

На прво место

News image

ДУИ стана бренд на криминалот

Ковачки: ДУИ стана бренд на криминалот, криминална структура која не му мисли добро на сопствени...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.