|
|
ЧЕСТИТ БОЖИЌ И СРЕЌНА НОВА 2025 ГОДИНА |
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор 1. На сите што го слават Христовото раѓање - Божиќ според Грегоријанскиот календар и на верниците од православна вера што го слават Божиќ по Јулијанскиот календар на 6 јануари, им го честитам големиот христијански празник Божиќ и им ја честитам НОВАТА 2025 ГОДИНА со најубави желби за добро здравје, мир и бериќет! 2. Годинава што е на заминување ќе ја паметиме по триумфалната победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија над злосторната СДС и нејзината криминална коалициона партија ДУИ кои материјално ја опустошија во буквална смисла земјата и и нанесоа толку многу зло што ќе треба децении да се корегираат работите во интерес на македонските граѓани. Но народот/граѓаните си го кажаа своето на мајските избори кога коалицијата ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН/Вреди/ и останатите помали партии во тој сојуз остварија триумфална победа, а самата ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратенички места (од вкупно 120) во македонското Собрание. Можеме да бидеме презадоволни како граѓани за оваа промена на политичката карта на Македонија со одлучната и непоколеблива политика на Владата на Христијан Мицкоки пред се и над се во интерес на граѓаните на Македонија. Познато правило е дека: ако не се цениш себе си, немој да очекуваш да те ценат други! Премиерот Христијан Мицкоски им покажа на сите - дома, но и ширум светот, дека неговата влада нема да крши кичма како што го правеа тоа Муртинци и Таче, т.е. Заев и Ковачевски, и дека нема да попушти под садистичките притисоци за промена на Уставот за да сме ги вметнеле во преамбулата на Уставот на РМ една рака Бугари. Мицкоски јасно им стави до знаење на "меѓународните" дека инсистираме на гаранции дека Бугарија своите билатерални фрустрации нема и понатаму да ги експонира дури ако ги ставиме бугарите во преамбулата на Уставот. Самото признание на Бојко Борисов дека "меѓународната" расправат за македонските позиции но без присуство на Бугарија, јасно кажува дека постои раздвижување и разбирање за македонските позиции што ги презентира во прв план Премиерот Мицкоски, но и Министерот на МНР Муцунски. Иако Европа, но и светот пошироко се соочуваат со длабока економска криза, мерките што ги превзема владата веќе даваат резултати за првите шест месеци на власт и предвидувањата се дека прогнозите за раст на економијата во 2025 година се многу ветувачки. 3. Опозиционата Демократста Унија за Интеграција /ДУИ/ од кога тресна на земја по ставањето на амриканската "Црна листа" на нејзиниот идеолог и главен оперативец Артан Груби, како да се созеде од шокот и повторно прозвуче со закани да не се усвоиле предлозите за измени во Законот за јазиците на што инсистира и меѓународниот фактор. ДУИ како да забораваат дека веќе не сме 2001 кога вршљаа по Македонија и нанесоа толку многу зло. А ни меѓународниот фактор не ги подржува веќе како пред 24 години и освем тоа заложбите на актуелната влада за владеење на правото и борба против криминалот се нашироко подржани од САД, ЕУ и други, што значи заканите на Али Ахмети дека неговата ДУИ е "ураган" се истрел во празно, но за секој случај надлежните за ред и мир во земјата се подготвени да спречат било какви беззаконија. Впрочем и членството на Македонија во НАТО е своевидна гаранција за мирот во земјата. Така стојат работите зотми Ахмети. |