|
|
| Доста беше мајтапење со Македонија! |
|
Александар Македонски Џеповски Европската унија бара внесување на Бугарите во македонскиот Устав како еден од условите за продолжување на процесот на пристапни преговори а кои се поврзани со отворањето на поглавјата во пристапниот процес кон ЕУ. Ако некој треба да биде запишан во Уставот на Македонија, тоа се младинците од Ваташа, Евреите, наши сограѓани кои беа однесени со возови во Треблинка и 7.144 од нив убиени во гасни комори, Никола Вапцаров, Стив Наумов, Коле Неделковски, Трена и илјадниците невини Македонци стрелани од бугарските фашисти. Тие се нашата совест, тие се оние што ја испишаа македонската слобода со својата крв, тие треба да влезат во Македонскиот Устав. А што прави Европа, таа истата Европа која некаде помеѓу ароганцијата и амнезијата го изгубила чувството за правда, таа што денес нè уценува, како награда за „послушност“, да ги внесеме во нашиот устав токму оние што не’ поробуваа, убиваа и бришеа?. Како да не беа доволни убиствата, грабежите и пустошот што ги оставија зад себе. Како да не беа доволни столетијата на крадење на нашата Архиепископска круна, нашите артефакти, икони и библиотеки и нашата многу вековна историја?. Денес, наместо покајание, тие бараат место бугарите да влезат во Уставот, во самиот темел на државата која ја негираат! Доста беше понижување, Македонија нема обврска да се поклонува пред лажните моралисти на Европа ниту пред своите џелати од минатото, имаме обврска кон нашите мртви, кон тие што паднаа за да можеме ние денес да стоиме исправени. Време е да се стави крај на европско-бугарските шовинистички барања, кои како отровна змиска трага се обидуваат да го задушат достоинството на Македонскиот народ.
СЕКОЈА ПРОЛЕАНА КАПКА КРВ ЗА МАКЕДОНИЈА Е МОСТ КОН БЕСМРТНОСТА И ВРСКА СО БОГА, А НА СИТЕ ТИЕ ШТО ГИ УБИВАА НАШИТЕ ДЕЦА, НЕКА ИМ ПРЕСУДИ НАШИОТ БОГ. АМИН !!! |














